Адолфо Консолини (5 јануари 1917 – 20 декември 1969) — италијански атлетичар кој бил специјализиран во дисциплината фрлање диск. Тој се натпреварувал на Летните олимписки игри во 1948, 1952, 1956 и 1956 година и завршувал на прво, второ, шесто и седумнаесетто место редоследно. При освојувањето на златниот медал во 1948 година тој поставил олимписки рекорд од 52.78 метри. Консолини трипати бил европски шампион, во 1946, 1950 и 1954 година, и петнаесет пати државен шампион.[1] Тој ја изговорил Олимписката заклетва на Летните олимписки игри 1960 одржани во Рим. По повлекувањето, тој бил именуван во Куќата на славни на италијанската атлетска федерација.[2]

Адолфо Консолини
Лични податоци
НационалностИталијанец
Роден(а)5 јануари 1917(1917-01-05)
Костермано, Италија
Починал(а)20 декември 1969(1969-12-20) (возр. 52)
Милано, Италија
Висина&100000000000001830000001,83 м
Тежина100 kg (220 lb)
Спорт
Земја Италија
СпортАтлетика
Дисциплинифрлање диск
КлубПирели Милано
Успеси и титули
Лични рекорди56.98 метри (1955)
Консолини со семејството во 1950те.

Консолини израснал во семејство на фармери во кое бил најмлад од пет деца. Негово прво атлетско натпреварување било локално натпреварување во фрлање камен во 1937 година. Неколку месеци подоцна тој започнал да тренира фрлање диск; веќе во 1938 година тој бил петтопласиран на Европско првенство, а во 1939 година ја освоил првата од петнаесетте државни титули. Во 1941 година тој поставил нов светски рекорд од 53.34 метри, кој потоа го подобрувал на 54.23 метри во 1946 година и на 55.33 метри во 1948 година.

Консолини се повлекол од големите натпреварувања по Летните олимписки игри 1960, но продолжил да се натпреварува на државно ниво сè до 52 годишна возраст, кога префрлил 43.94 метри во Милано. Тој се омажил со Хани Хук, австријка, со која имал еден син Серџо.[3] Семејството живеело во Милано каде Консолини работел во компанијата Пирели. Тој починал на 52 годишна возраст од вирусен хепатит.[2]

Наводи

уреди
  1. "CAMPIONATI "ASSOLUTI" ITALIANI SUL PODIO TRICOLORE – 1906 2012“ (PDF). sportolimpico.it. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-12-24. Посетено на 6 December 2012.
  2. 2,0 2,1 Adolfo Consolini Архивирано на 26 септември 2015 г.. sports-reference.com
  3. Best of Sport. gettyimages.co.uk

Надворешни врски

уреди