Барбара Стенвик

американска глумица

Барбара Стенвик (англ. Barbara Stanwyck; родена како Руби Кетрин Стивенс; 16 јули 1907 - 20 јануари 1990) ― американска актерка, модел и танчерка.

Ран животУреди

Барбара Стенвик е родена како Руби Кетрин Стивенс на 16 јули 1907 година во Бруклин, Њујорк.[1] [2] Таа била петто и најмладо дете на родители од работничка класа.

На четиригодишна возраст останала сираче,[3][4] и прво за неа се грижела нејзината постара сестра Лаура, а потоа била сместена во низа згрижувачки семејства.[5] Била слаб ученек и често се тепала со врсниците.[6]

На 14-годишна возраст, го напуштила училиштето и почнала да работи во стоковна куќа во Бруклин.[7] Руби не посетувала средно училиште.[8]

Набргу, се вработила во телефонска канцеларија во Бруклин за 14 долари неделно, што и овозможило да стане финансиски независна.[9] Работата не и се допаднала, а нејзина цел била да влезе во шоу-бизнисот. Се вработила како кројач за фустани во магазинот „Вог“, но клиентите се пожалиле на нејзината работа и добила отказ.[10] Следно работела како дактилограф во музичката компанија Џером Х. Ремик и иако уживала во работата, одлучила да ја следи својата амбиција во шоу-бизнисот.[11]

Почетоци на кариератаУреди

 
Стенвик како Зигфелд девојка (фотографија од 1924 година од Алфред Чејни Џонстон)

Во 1923 година, неколку месеци пред нејзиниот 16-ти роденден, Руби била на аудиција за место во хорот во Странд Роф, ноќен клуб над театарот Странд на Тајмс Сквер.[12] Неколку месеци подоцна, се вработила како танчерка во Зигфелд театарските претстави за сезоните од 1922 и 1923 година. „Само сакав да преживеам, да јадам и да имам убаво палто“, рекла Стенвик.[13][14] Следните неколку години, пеела во хор во ноќни клубови во сопственост на Тексас Гуинан. Исто така, повремено била инструктор по танц во бар за хомосексуалци во сопственост на Гуинан.[15]

Били Лахиф, сопственик на паб кој го посетувале луѓе од шоу бизнисот, во 1926 ја запознал Руби со мецената Вилард Мек.[16] Мек, ја избрал Руби за улога во неговата претстава „Јамка“.[17] Првично претставата не била успешна.[18] За да ја подобри, Мек одлучил да го прошири делот на Руби.[19] Јамка имала повторна премиера на 20 октомври 1926 година и станала една од најуспешните Бродвејски драми таа сезона.[14] На предлог на Дејвид Беласко, Руби го променила името во Барбара Стенвик со комбинирање на името на насловниот лик во драмата Барбара Фричи со презимето на актерката во претставата - Џејн Стенвик.[18][20]

Стенвик станала Бродвејска ѕвезда веднаш откако ѝ била доделена нејзината прва главна улога во Бурлеска (1927). Добила одлични критики за улогата во хит претставата.[21]

Стенвик била на аудиција за немиот филм „Бродвејски ноќи“ од 1927 година. Не ја добила главната улога, но добила помала улога како танчерка. Ова било нејзино прво филмско појавување.[22]

Додека играла во Бурлеска, Стенвик се запознала со нејзиниот иден сопруг, актерот Френк Феј.[23] Стенвик и Феј се венчале на 26 август 1928 г., и се преселиле во Холивуд.[5]

Филмска кариераУреди

 
Photoplay magazine cover

Првиот звучен филм на Стенвик бил Заклучена врата (1929), а истата година глумела и во Мексикали Роуз. Овие два филма не биле успешни, но сепак Френк Капра ја избрал Стенвик да глуми во неговиот филм Дами за задоволство (1930). Со соработката во оваа продукција, таа се спријателила со режисерот по што ѝ биле нудени улоги во неговите идни филмови.[14] Следеле други забележителни улоги, како онаа во која глуми медицинска сестра која спасува две мали девојчиња од злобниот возач (Кларк Гејбл) во Ноќна медицинска сестра (1931). Во Толку голема! (1932) играла улога на учителка од мал град. во Бебешко лице (1933) имала улога на амбициозна жена која „спие“ со мажи за да стигне до врвот.[24] Во Горкиот чај на генералот Јен (1933), уште еден контроверзен филм на режисерот Капра, Стенвик е американска мисионерка киднапирана од воениот лидер Нилс Астер за време на кинеската граѓанска војна.[25]

 
Стенвик во улогата на <i id="mwARM">Стела Далас</i> за која добила номинација за Оскар во 1937 г.

Во Стела Далас (1937) Барбара Стенвик игра саможртвувана мајка која на крајот ѝ дозволува на својата ќерка тинејџерка да живее подобар живот на некое друго место. За оваа улога ја добила својата прва номинација за Оскар за најдобра женска улога. Потоа, ја играла Моли Монахан во Union Pacific (1939), и ја освоила првата Златна палма доделена на Канскиот филмски фестивал. Наводно, Стенвик била една од многуте актерки кои биле земени во предвид за улогата на Скарлет О'Хара во Однесено со виорот (1939), но не била повикана на тест.[14] Во Запознајте го Џон Доу (1941), глуми амбициозна новинарка.

Во романтичната комедија Лејди Ева (1941), глуми лута и софистицирана измамничка,[26] која се вљубува во богат херпетолог, кој го игра Хенри Фонда.[27] Лејди Ева е меѓу најдобрите 100 филмови на сите времиња на листите на Time and Entertainment Weekly.[28][28]

Потоа, глуми исклучително успешна и независна докторка Хелен Хант во „Мене ми припаѓаш“ (1941), исто така со Фонда. Стенвик потоа ја играла улогата на Шугарпус О'Ши во Огнена топка (1941). во режија на Хауард Хокс. За улогата добила номинација за Оскар за најдобра женска улога.[29][30]

Во Двојно обештетување (1944), филм ноар во режија на Били Вајлдер, глуми провокативна русокоса домаќинка [31][32] која го убедува во неа заљубениот продавач на осигурување (Фред МекМареј) да го убие нејзиниот сопруг.[31] Се смета дека за нејзината изведба на „дрска, самоопседната сопруга“ требало да добие Оскар за најдобра актерка,[31] но добила само номинација.[32] Двојно обештетување обично се смета за еден од најдобрите 100 филмови на сите времиња, иако не освоил ниту една од седумте номинации за Оскар.[33][34]

 
Фред МекМареј и Стенвик во ноар филмот Двојно обештетување

Во комедијата Божиќ во Конектикат (1945) глуми новинарка која додека се обидува да започне романса се фали дека е „најдобриот готвач во земјата“ а потоа е фатена во лагата.[35] Во 1946 година ја глумела Марта, манипулативен убиец, во Чудната љубов на Марта Ајверс. [36][37] Стенвик била ранлива сопруга инвалид која потчула како ѝ подготвуваат убиство во Извини, погрешен број (1948)[38] и проколната пијанистка во Другата љубов (1947).

 
Meet John Doe (1941)
Запознај го Џон Доу (1941)

Филмската кариера на Барбара почнала да опаѓа кон почетокот на 1950-тите; и покрај тоа што таа деценија имала многу главни и споредни улоги.

Телевизиска кариераУреди

Во текот на 1950-тите Барбара од филмското платно се преселила на телевизија. Во 1958 година, гостувала во „Патека кон никаде“, епизода од антологиска вестерн серија „Зејн Греј театар“ од Дик Пауел, каде глумела жена која убива маж за да го одмазди својот сопруг.[39][40] Во 1961 година, била домаќин на драмската серија насловена како „Шоуто на Барбара Стенвик“ која ѝ донела награда Еми.[14] Во овој период, гостувала и во други телевизиски серии како: Недопирливи и четири епизоди од Wagon Train.

Таа се вратила во филмот да глуми во Roustabout филм од Елвис Присли од 1964 година, во кој глуми сопственик на карневал.

Вестерн телевизиската серија Големата долина, која се емитувала на ABC од 1965 до 1969 година, ја издигнала Стенвик како една од најпопуларните телевизиски актерки, и освоила уште едно Еми.[14]

Во 1983 година, Стенвик освоила Еми за минисеријата Птиците умираат пеејќи, нејзино трето Еми.[14] Во 1985 година, трипати гостувала во сапунската опера Династија. Потоа глумела во серијата Колбиеви,заедно со Чарлтон Хестон, Стефани Бичам и Кетрин Рос. Стенвик глумела само во првата сезона, а нејзината улога како Констанс Колби Патерсон ќе ѝ биде последна.[14]

Во 1982 година добила почесен Оскар. Во 1986 ја добила Сесил Б. ДеМил Златен глобус наградата и уште неколку други почести за животно дело. Американскиот филмски институт ја рангирал на 11-то место за најголема женска ѕвезда во класичната американска кинематографија.

Последни години и смртУреди

Пензионерските денови на Стенвик биле доста активни, со добротворна работа вон центарот на вниманието.

Стенвик починала на 20 јануари 1990 година, на 82-годишна возраст од конгестивна срцева слабост и хронична опструктивна белодробна болест во Санта Моника, Калифорнија. Нејзините посмртни останки биле кремирани, а пепелта била расфрлена од хеликоптер над Лон Пајн, Калифорнија, каде што снимила некои од нејзините вестерн филмови.[41][42]

Награди и номинацииУреди

Година Здружение Категорија Дело Резултат Нав.
1938 Филмска академија на САД (Оскар) Најдобра главна женска улога Стела Далас Номинирана [43]
1942 Огнена топка Номинирана
1945 Двојно обештетување Номинирана
1949 Извинете, погрешен број Номинирана
1982 Почесна награда Победничка [44]
1961 Еми награда Извонредна изведба на актерка во серија Шоуто на Барбара Стенвик Победничка [45]
1966 Извонредна континуирана изведба на актерка во главна улога Големата долина Победничка [45]
1967 Номинирана
1968 Номинирана
1983 Извонредна главна актерка во ограничена серија Птиците умираат пеејќи Победничка [44]
1966 Награди Златен глобус Најдобра ТВ ѕвезда – Жена Големата долина Номинирана [46]
1967 Номинирана
1968 Номинирана
1984 Најдобра изведба на актерка во споредна улога Птиците умираат пеејќи Победничка
1986 Награда Сесил Б. Демил Победничка
1960 Холивуд Булеварот на славните Motion Pictures, 1751 Vine Street Победничка [47]
1967 Здружението на актерите на екранот Животно достигнување Победничка [48]
1973 Каубојска куќа на славните Оклахома Сити Награда за животно дело Победничка [49]
1981 Филмското друштво од Линколн Центар Победничка [43]
1981 Здружение на филмски критичари - Лос Анџелес Постигнување во кариерата Победничка [44]
1987 Американски филмски институт Животно достигнување Победничка [50]

НаводиУреди

  1. Wilson 2015.
  2. Wayne 1985.
  3. Callahan 2012, p. 6.
  4. Madsen 1994, p. 9.
  5. 5,0 5,1 Nassour and Snowberger 2000.[се бара страница] Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „Nas“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  6. Madsen 1994, p. 10.
  7. Prono 2008, p. 240.
  8. Madsen 1994, p. 11.
  9. Madsen 1994, pp. 11–12.
  10. Madsen 1994, p. 12.
  11. Madsen 1994, pp. 12–13.
  12. Madsen 1994, p. 13.
  13. Callahan 2012, p. 9.
  14. 14,0 14,1 14,2 14,3 14,4 14,5 14,6 14,7 Prono 2008, p. 241.
  15. Madsen 1994, pp. 17–18.
  16. Madsen 1994, p. 21.
  17. Madsen 1994, p. 22.
  18. 18,0 18,1 Madsen 1994, p. 26.
  19. Madsen 1994, p. 25.
  20. Wilson, Victoria (November 24, 2015). A Life of Barbara Stanwyck: Steel-True 1907–1940 (англиски). Simon and Schuster. ISBN 9781439194065.
  21. Smith 1985, p. 8.
  22. "Barbara Stanwyck". Архивирано на 17 октомври 2007 г. Arabella-and-co.com. Retrieved: June 19, 2012.
  23. Wayne 2009, p. 20.
  24. Pomerance, Murray (2006). Cinema and Modernity (англиски). Rutgers University Press. ISBN 978-0-8135-3816-7.
  25. Rafferty, Terrence (April 22, 2007). „Barbara Stanwyck – Movies“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на November 18, 2019.
  26. Michael Gebert, The Encyclopedia of Movie Awards, St. Martin's Paperbacks, New York, 1996, pg. 102.
  27. Schneider, Steven Jay, Ed. (London, 2003). "1000 Movies You Must See Before You Die", Quintessence Editions Limited, pg. 141
  28. 28,0 28,1 Празен навод (help)
  29. Armstrong, Richard (September 1, 2015). Billy Wilder, American Film Realist (англиски). McFarland. ISBN 978-1-4766-0653-8.
  30. Phillips, Gene D. (July 1, 2010). Some Like It Wilder: The Life and Controversial Films of Billy Wilder (англиски). University Press of Kentucky. ISBN 978-0-8131-3951-7.
  31. 31,0 31,1 31,2 Shipman, David (1982). The Great Movie Stars. Angus & Robertson. стр. 514. ISBN 978-0207147951.
  32. 32,0 32,1 Michael Gebert, The Encyclopedia of Movie Awards, St. Martin's Paperbacks, New York, 1996, pg. 114.
  33. „AFI's 100 Years...100 Thrillers“ (PDF). American Film Institute. Посетено на August 6, 2016.
  34. „AFI's 100 Years...100 Passions“ (PDF). American Film Institute. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-03-13. Посетено на August 6, 2016.
  35. "Articles & Reviews: 'Christmas in Connecticut' (1945)" Turner Classic movies
  36. Lane, Anthony (April 23, 2007). „Lady Be Good“. The New Yorker (англиски). ISSN 0028-792X. Посетено на November 16, 2019.
  37. Callahan, Dan (February 3, 2012). Barbara Stanwyck: The Miracle Woman (англиски). Univ. Press of Mississippi. стр. 151. ISBN 9781617031847.
  38. „Sorry, Wrong Number“. Variety (англиски). January 1, 1948. Посетено на February 22, 2020.
  39. "Trail to Nowhere", full episode of Dick Powell's Zane Grey Theatre guest-starring Barbara Stanwyck, S03E01, originally broadcast October 2, 1958. Episode uploaded or "published" September 21, 2018, by RocSoc Classic TV on YouTube. Retrieved December 14, 2018.
  40. "Trail to Nowhere", Zane Grey Theatre, episode guide (S03E01). TV Guide, CBS Interactive, Inc., New York, N.Y. Retrieved December 14, 2018.
  41. Callahan (2012), p. 220.
  42. Wilson, Scott. Resting Places: The Burial Sites of More Than 14,000 Famous Persons, 3d ed.: 2 (Kindle Location 44716). McFarland & Company, Inc., Publishers.
  43. 43,0 43,1 "Barbara Stanwyck Awards". The New York Times. Retrieved: August 15, 2014.
  44. 44,0 44,1 44,2 "Barbara Stanwyck Awards". AllMovie. Retrieved: August 15, 2014.
  45. 45,0 45,1 "Barbara Stanwyck Awards". Classic Movie People. Retrieved: August 15, 2014.
  46. "Barbara Stanwyck". Golden Globes. Retrieved: August 15, 2014.
  47. "Barbara Stanwyck". Hollywood Walk of Fame. Retrieved: August 15, 2014.
  48. "4th Life Achievement Recipient, 1966" Архивирано на 27 јануари 2018 г.. Screen Actors Guild Awards. Retrieved: August 15, 2014.
  49. "Great Western Performers". National Cowboy Museum. Retrieved: August 15, 2014.
  50. "15th AFI Life Achievement Award". American Film Institute. Retrieved: August 15, 2014.

БиблиографијаУреди

 

Надворешни врскиУреди