Хуманизам
(Пренасочено од Хуманист)
Хуманизам е ренесансно културно и филозофско-научно движење кое тежнеело кон воздигнување на личноста според античките примери. Хуманизам се појавил во Европа кон крајот на 14 и почеток на 15 век.
Хуманизмот во најширока смисла на зборот е пројава на љубов кон човекот, која опфаќа широк спектар на филозофски правци кои го афирмираат достоинството и вредноста на човекот.
Хуманистичката ориентација нужно не е поврзана со религиозноста или нерелигиозноста, односно постои секуларен хуманизам исто како што постои и религиозен хуманизам. Од друга страна, како што нечија религиозност може да го насочи кон нехуманистичка ориентација, така и нечија нерелигиозност не е никаква гаранција дека одреден човек би бил и хуманистички настроен.
![]() |
Оваа статија за од областа на филозофијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
![]() |
Оваа статија за од областа на книжевноста е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |