1412
< 14 век | 15 век | 16 век > | |||||||
01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1412 (MCDXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1412 година од новата ера, 412. од вториот милениум, 12. од XV век и трета од 1410-тите.
Грегоријански календар | 1412 MCDXII |
Ab urbe condita | 2165 |
Ерменски календар | 861 ԹՎ ՊԿԱ |
Асирски календар | 6162 |
Балиски календар | 1333–1334 |
Бенгалски календар | 819 |
Берберски календар | 2362 |
Будистички календар | 1956 |
Бурмански календар | 774 |
Византиски календар | 6920–6921 |
Кинески календар | 辛卯年 (мет. зајак) 4108 или 4048 — до — 壬辰年 (вод. змеј) 4109 или 4049 |
Коптски календар | 1128–1129 |
Етиопски календар | 1404–1405 |
Еврејски календар | 5172–5173 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 1468–1469 |
- Сачка ера | 1333–1334 |
- Кали-југа | 4512–4513 |
Холоценски календар | 11412 |
Игбоански календар | 412–413 |
Ирански календар | 790–791 |
Исламски календар | 814–815 |
Јапонски календар | Оеј 19 (応永19年) |
Јавански календар | 1326–1327 |
Јулијански календар | 1412 MCDXII |
Корејски календар | 3745 |
Мингуо-календар | 500 пред Р. Кина 民前500年 |
Нанакшахи | −56 |
Тајландски сончев календар | 1954–1955 |
Тибетски календар | 阴金兔年 (женско железо-зајак) 1538 или 1157 или 385 — до — 阳水龙年 (машка вода-змеј) 1539 или 1158 или 386 |
Други календари
уредиИстата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6920 и 6921 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6162 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5172 и 5173 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2165.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1412 година се протега во 4048 и 4049, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4108 и 4109 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1955. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 814 и 815 исламска година.
Настани
уредиЈануари-декември
уреди- 16 јануари – Семејството Медичи станале официјални банкари на папата.
- 25 јануари – Ернест (војвода на Австрија) се оженил со Кимбурга од Мазовија.
- 5 октомври – Императорот Го-Комацу абдицирал и императорот Секо го наследил престолот на Јапонија.
- 28 октомври – Ерик Померански станал единствен владетел на Калмарскиот сојуз (Шведска, Данска и Норвешка) по смртта на кралицата Маргарета.
- декември – Битка кај Чалаган - туркмените Кара Којунлу ги поразиле Грузијците под водство на Константин I Грузиски и неговиот сојузник Ибрахим I Ширваншах.
Непознат датум
уреди- Хуан II Кастилски го објавил Валјадолидскиот законик кој ги ограничил општествените права на Евреите. Помеѓу многуте ограничувања биле и принудата Евреите да носат различни алишта од другите и да им се забранат административните места.
- Години по издавањето во XIV век, кинескиот воен офицер Џијао Ју од династијата Минг додал предговор на неговата класична книга за војување.
Родени
уреди- 6 јануари – Јованка Орлеанка — француска воинка и светица; традицијата вели дека е родена на Водици, но нема зачуван документ (п. 1431)
- 26 јануари – Вилијам IV (гроф на Егмонт) (п. 1483)
- 22 април – Рајнхард III (гроф на Ханау) (1451–1452) (п. 1452)
- 5 јуни – Лудовико III Гонѕага — владетел на Мантова (п. 1478)
- 22 август – Фридрих II (изборен кнез на Саксонија) (п. 1464)
- 17 ноември – Ѕаноби Строци — италијански сликар (п. 1468)
- 8 декември – Асторе II Манфреди — италијански благородник (п. 1468)
Починале
уреди- март – Албрект Шведски — крал на Шведска 1364–1389 (р. 1336)
- 2 април – Руј Гонсалес де Клавихо — кастиљски патописец и писател
- 16 мај – Џан Марија Висконти — војвода на Милано
- 28 октомври – Маргарета I Данска — кралица на Данска и Норвешка од 1387 и на Шведска од 1389 (р. 1353)
- непознат датум – Џалал ад-Дин-хан — хан на Златната орда