Артур Рубинштајн
Артур Рубинштајн (Лоѓ, Полска, 28 јануари 1887 - Женева, 20 декември 1982) — полско-американски пијанист од еврејско потекло, и еден од најголемите интерпретатори на класичната музика во XX век[1].
Роден е во Лоѓ, Полска. Познат е по тоа што сакал да ја комбинира страста за музиката со страста за животот. Првпат седнал да свири клавир во својата четврта година, а на шест години имал прв јавен настап во Варшава, на еден концерт за добротворни цели. Пред да наполни 20 години станал познат музичар, одржувајќи концерти во САД, во Латинска Америка и во Европа. Особено бил познат како хуманист. Јавно настапувал до 1976 година.
Наводи
уреди- ↑ Jean-Pierre Thiollet, 88 notes pour piano solo, "Solo nec plus ultra", Neva Editions, 2015, 50. ISBN 978 2 3505 5192 0.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |