Петре Бакевски
Петре Бакевски (Кавадарци, 5 јануари 1947 - Скопје, 25 август 2011) — македонски поет, раскажувач, публицист и театарски критичар.
Животопис
уредиПетре Бакевски е роден во Кавадарци на 5 јануари 1947 година. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер“. Бил директор и главен уредник на Книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1974 година.[1] Негова ќерка била новинарката Неда Бакевска Виллалба. По долго боледување починал во Скопје на 25 август 2011 на 64-годишна возраст.[2]
Книжевно творештво
уредиИма напишано 64 книги – објавени помеѓу 1972 и, формално, 2011 односно 2021 – жанровски го „покриваат“ речиси целиот книжевен спектар. Најбројните се, очекувано, „конвенционалните“ поетските збирки – ги има 27; потоа епските поетски форми, поеми (7) и ораторијски либрета (3). „Останатите“ 27 авторски наслови се драмски – 2 книги драми, вкупно 9 драмски текстови – и прозни: 9 романи, 9 збирки новели/раскази, 5 книги есеистички дневнички записи, 2 книги театарски критики пишувани и објавувани (во весникот „Вечер“) во текот на 15 полни години, помеѓу 1973 и 1988). Автор е на книгите:
- Пат до летото (поезија, 1972)
- Земјољубец (поезија, 1975)
- Крикот на паунот (поезија, 1982)
- Премиери (театарски критики, 1983)
- Раскината карта (поезија, 1984)
- Лицето на времето (поезија, 1985)
- Лица и маски (театарски критики, 1988
- Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990
- Сенката на сонот (поезија, 1990)
- Те а Ма са (поезија, 1991)
- Живи ѕвезди (поезија, 1992)
- Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994)
- Во сенката на мечот (поезија, 1994)
- Покосница (поезија, 1995)
- Сто сонети (1997)
- Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997)
- Елегии (1998)
- Балади (1999)
- Гламни (новели, 2000)
- Црвен ветар (2001)
- Тешки облаци (2002)
- Зајазлен камен (2002)
- Скрб (записи, 2003)
- Мојата Итака (поезија, 2003)
- Еден гавран (раскази, 2002)
- Два гаврана (раскази 2002)
- Јато (повести, 2003)
- Црно јагне, див Балкан (роман, 2004).
Автор е на неколку драми. Ги има објавено следниве драми:
- „ Мирисот на пластичната ружа“
- „Кралот Пердика“
- „Леандар и Косара“
- „Кралот е повторно жив“
- „Еврипид се враќа во Атина“
- „Дом за птици“
- „Белите коњи“
- Танц на ноќните пеперутки во „Ориент-Експресот“ (драма) (2004)
- Драми[3]
Последната книга на која што работел пред својата смрт во 2011 година е Нова Атлантида (поема).Исто така, приредувач е на бројни антологии и хрестоматии.
Награди
уредиДобитник е на наградите: „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Григор Прличев“.
Наводи
уреди- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 35.
- ↑ „Почина поетот Петре Бакевски“. Дневник. 25 август 2011, 14:40. Посетено на 2011-08-25. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)[мртва врска] - ↑ Драми,Кн.1,Кн.2 Петре Бакевски, Скопје:Тера Магика, 2007
Надворешни врски
уреди- Замина гласот на поемата, Петре Бакевски[мртва врска] - Утрински Весник (петок, 26 август 2011)
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |