Луис Суарес (роден на 24 јануари 1987) — уругвајски фудбалер, напаѓач на Барселона и на уругвајската репрезентација.

Луис Суарес
Суарез во дресот на Уругвај во 2018
Лични податоци
Полно име Луиз Алберто Суарес Диас[1]
Роден на 24 јануари 1987(1987-01-24)(37 г.)[1]
Роден во Салто, Уругвај
Држава Уругвај Уругвај
Висина 1.82 м (6 ст 0 ин)[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Барселона Барселона
Број 9
Младинска кариера
2003–2005 Насионал Насионал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2006 Насионал Насионал 27 (10)
2006-2007 Гронинген Гронинген 29 (10)
2007-2011 Ајакс Ајакс 110 (81)
2011-2014 Ливерпул Ливерпул 110 (69)
2014- Барселона Барселона 188 (146)
Репрезентација
2006–2007 Уругвај Уругвај 20 4 (2)
2012 Уругвај Уругвај 23 4 (3)
2007– Уругвај Уругвај 113 (59)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 8 April 2017
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 28 March 2017

Животопис уреди

Професионална кариера уреди

Летото 2013 година, Суарез потпишал нов договор со "Ливерпул" при што тој станал најплатен фудбалер на клубот. Во првиот дел од сезоната 2013-2014 година, Суарез се истакнал со своите одлични игри, постигнувајќи 19 голови за Ливерпул (до крајот на 2013 година), со што го свртел вниманието на светската фудбалска јавност. Сето тоа предизвикало зголемен интерес на повеќе големи клубови за ангажирање на Суарез, поради што неговиот клуб ги објавил двете откупни клаузули од договорот според кои Суарез може да замине во друг клуб само по цена од 130 милиони фунти (ако се работи за клуб од Премиер лигата) или по цена од 100 милиони фунти (ако станува збор за клуб надвор од Британија).[3]

Летото 2014 година, по завршувањето на светското првенство во Бразил, Суарез преминал во ФК Барселона, каде поради изречената казна од ФИФА не можел да игра на официјални натпревари до 23 октомври 2014 година. Истовремено, оваа година, Суарез ја добил наградата „Златна копачка“ (заедно со Кристијано Роналдо), како најдобар стрелец во Европските национални првенства. Како фудбалер на „Ливерпул“, во сезоната 2013-2014, тој постигнал 31 гол на 37 одиграни натпревари.[4] На 15 април 2015 година, во првиот четвртфинален натпревар против „ПСЖ“, Суарез постигнал два гола, од кои, првиот бил 400. гол на „Барселона“ во Лигата на шампионите.[5]
Во сезоната 2015/2016, Суарез играл во одлична форма. Така, веќе во средината на февруари, по одиграни 35 натпревари за „Барселона“, тој постигнал 39 гола и имал уште 12 асистенции. Со тоа, во поглед на постигнатите голови во текот на една сезона, тој ги надминал поранешните играчи на „Барселона“, Ето, Ривалдо и Ханс Кранкл, кои имале постигнато по 35 гола.[6]

Репрезентативна кариера уреди

На светското првенство во фудбал во Бразил, во осминафиналниот натпревар против Италија, во 71. минута, Суарез го каснал противничкиот играч Џорџо Кјелини за рамото. Поради инцидентот, Луис Сузарес бил казнет од страна на ФИФА со забрана за играње на девет натпревари и суспензија од секакви фудбалски активности во траење од четири месеци.[4] Тоа било највисоката казна што ФИФА ја изрекла на некое светско првенство при што биле земени предвид претходните слични инциденти на Суарез. Претходно, во еден натпревар во холандското првенство, тој го каснал играчот на “ПСВ”, Отман Бакал, за што добил казна од седум натпревари, а потоа, во англиската лига, го гризнал играчот на “Челси”, Бранислав Ивановиќ, за што бил казнет со забрана за играње на десет натпревари.[7]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „2014 FIFA World Cup Brazi: List of Players: Uruguay“. FIFA. 14 July 2014. стр. 31. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 22 March 2016.
  2. „Suárez – Luis Alberto Suárez Díaz – FC Barcelona“.
  3. „Ливерпул одреди две откупни цени за Суарез“, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр. 26.
  4. 4,0 4,1 „Сузарез ја доби Златната копачка“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25.
  5. „Енрике: Нема простор ПСЖ да нè изненади“, Дневник, година XIX, број 5743, петок, 17 април 2015, стр. 25.
  6. „Суарез во налет да соборува рекорди“, Дневник, година XX, број 5991 среда, 17 февруари 2016, стр. 22.
  7. ”ФИФА го казни Суарез со 9 натпревари неиграње”, Дневник, година XVIII, број 5501, петок, 27 јуни 2014, стр. 27.

Надворешни врски уреди