Марко Павлов (Сечиште, тетовско, 1785 - Тетово, 17 јануари 1864) бил првиот дипломиран македонски лекар[1].

Животопис уреди

Павлов е роден во тетовско 1785 година. Рано останал без родители и бил присвоен од италијански трговец. Во 1807/08 година завршил медицина во Монпелје, како еден од најстарите дипломирани лекари од Македонија. Бил лекар на Наполеоновата војска (1808/09), воен лекар во Тунис и Мароко и доброволец во грчкото востание (1821). Кариерата ја продолжил во Бугарија, а во 40-тите години на XIX век се вратил во Тетово.

Наводи уреди

  1. Македонска енциклопедија. II (прво. изд.). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).