Лав I (цар)

византиски цар

Лав I (латински: Flavius Valerius Leo Augustus; роден во 401 г. – починал на 18 јануари, 474 г.) бил византиски цар од 457 до 474. Потекнува од Дакија Аврелијана близу историската Тракија,[1] познат како Лав Тракиски (грчки: Λέων Α' ὁ Θρᾷξ).

Лав Тракиски
Λέων Α' ὁ Θρᾷξ
Византиски цар
Кралски портрет на Лав I
во музејот Лувр
На престол457–474
Крунисување7 февруари 457
ПретходникМаркијан
НаследникЛав II
Роден(а)401
Тракија
Починал(а)18 јануари 474 (воз. 73 г.)
Цариград
Жена
ДецаАријадна
Леонтија
неименуван син
Полно име
„Лав Маркел“ (од раѓање до пристапување)
„Флавијан Валериј Лав“ (како цар)

Владеејќи со Источното царство речиси 20 години, Лав докажал дека е способен владетел. Тој предвидел многу амбициозни политички и воени планови, главно насочен кон помагање на проблемите на Западното Римско Царство и враќање на поранешните територии. Тој е познат по тоа што бил првиот цар на Истокот кој донесувал закони на грчки, а не латински.[2]

Тој се празнува како светец во Православната црква, со празник на 20 јануари.[3][4]

Царување

уреди
 
Римското Царство во 460 година, за време на владеењето на Лав I.

Се родил како Лав Маркел во Тракија или во провинцијата Дакија Аврелијана во 401 година на дако-римјанско семејство.[5] Неговото дакиско потекло[6] е спомнато од Кандид Изаур,[7][8] додека Јован Малала верува дека тој бил од бесиско потекло.[7][9] Тој служел во римската војска, достигнувајќи до нивото „комес“. Лав бил последниот од низата цареви кои биле на престолот од Аспар, аланин кој служел како водач на војската сметал дека Лав ќе биде лесна марионета за управување. Наместо тоа, Лав станал многу понезависен од Аспар, создавајќи тензија која ќе кулминира со убивање на другиот.

Крунисувањето на Лав како цар на 7 февруари 457,[10][1] било прво кое го вклучувало и вселенскиот патријарх.[11] Лав I склучил сојуз со Исавриците и успеал да го елиминира Аспар. Цената на овој сојуз била бракот на Лавовата ќерка со Тарасикодиса, водач на Исавриците, кој како Зенон станал цар во 474. Во 469, Аспар се обидел да го убие Зенон[12] и речиси успеал. Конечно, во 471, Аспаровиот син Ардабур бил вмешан во заговор против Лав и двајцата биле убиени покрај палатата од евнуси кои ги исполниле Лавовите наредби.[13]

Лав ги преценил неговите способности и направил некои грешки кои биле закана за внатрешниот поредок на империјата. Балканот бил опустошен од Остроготите, по несложувањето меѓу царот и младиот водач Теодорих Велики, кој бил израснат во судот на Лав во Цариград, каде што се запознал со римската влада и воени тактики. Исто така таму имало и рации од Хуните. Сеедно, овие напаѓачи не биле способни да го заземат Цариград благодарение на ѕидините, кои биле повторно изградени и зајакнати за време на владеењето на Теодосиј II и против истите, напаѓачите не поседувале соодветни справи за опсада.

 
Златен Солид од Лав I, искован 462–473 н.е. во Цариград.

Владеењето на Лав е важно по неговото влијание во Западното Римско Царство, обележано со неговата средба со Антемиј како цар на Западното Римско Царство во 467. Тој се обидел да го воздигне ова политичко достигнување со експедиција против вандалите во 468, која била поразена поради ароганцијата на Лавовиот зет Василиск. Оваа катастрофа ја исцрпила империјата од луѓе и пари. Експедицијата, која чинела 130,000 фунти злато и 700 фунти сребро, се состоела од 1,113 бродови со 100,000 луѓе, но на крајот загубиле 600 бродови. По поразот, вандалите го пустошеле грчкото крајбрежје до моментот кога било склучено примирје меѓу Лав и Гејсерих.

Лав станал многу непопуларен во текот на последните денови како цар поради укинување на сите не-верски прослави или настани во неделите.

Лав умрел од дизентерија на 73 годишна возраст на 18 јануари, 474 година.

Брак и деца

уреди

Лав и Верина имале три деца. Нивната најстара ќерка Аријадна е родена пред смртта на Маркијан (владеел 450 – 457).[14] Аријадна имала помлада сестра, Леонтија. Леонтија прво била вереница на Патрициј, син на Аспар, но нивната свршувачка веројатно била одложена кога Аспар и еден од неговите синови, Ардабур, биле убиени во 471. Подоцна Леонтија се омажила со Маркијан, син на царот Антемиј и Марција Евфемија. Заедно предводеле неуспешен револт против Зенон во 478–479. Тие биле прогонети во Исаврија по поразот.[15]

Непознат син се родил во 463. Тој умрел пет месеци по пораѓањето. Единствените извори за него се хороскоп од Реториј и хагиографија од Даниел Столпник.[15]

„Грузиската хроника“, збирка цртежи од поранешни извори која датира од тринаесеттиот век, прикажува брак меѓу Вахтанг I и принцезата Елена од Византија, идентификувајќи ја како ќерка на претходник на Зенон.[16] Овој претходник веројатно бил Лав I, така приказната алудира на третата ќерка на Лав. Кирил Туманов препознал две деца од овој брак. Митридат од Иберија и Лав од Иберија. Овој постар Лав бил татко на Гуарам I од Иберија. Точноста на овој извор е неопределена.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 Bury 1958.
  2. The Inheritance of Rome, Chris Wickham, Penguin Books Ltd. 2009, ISBN 978-0-670-02098-0 (page 90)
  3. Great Synaxaristes (грчки): Ὁ Ἅγιος Λέων Μακέλλης ὁ Μέγας. 20 Ιανουαρίου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
  4. Mother of God of the "Life-Giving Spring". Self-Ruled Antiochian Orthodox Christian Archdiocese of North America. Retrieved: 27 October 2012.
  5. Friell 1998, стр. 170, 261.
  6. Friell 1998, стр. 170.
  7. 7,0 7,1 Bury 1958, стр. 315.
  8. Candidus,[се бара појаснување] F.H.G. IV, p.135
  9. John Malalas, XIV, p.369
  10. Edward A. Thompson, "Leo I", Encyclopaedia Britannica, Vol. 13 (Encyclopaedia Britannica, Inc., 1973), p. 959. Bibl. J. B. Bury, History of the Later Roman Empire, vol. i, ch. 10 (1923).
  11. Edward Gibbon, The Decline and Fall of the Roman Empire, Volume I, Chap. XXXVI (Chicago: Encyclopaedia Britannica, Inc., 1952), p. 582. Bibl. Theophanes, p. 95 [ed. Par.; tom. i p. 170, ed. Bonn].
  12. Norwich, John Julius, 'Byzantium: The Early Centuries', pg 167
  13. Wace, Henry. Dictionary of Christian Biography and Literature to the End of the Sixth Century A.D., with an Account of the Principal Sects and Heresie
  14. Hugh Elton, "Leo I (457–474 A.D.)"
  15. 15,0 15,1 Prosopography of the Later Roman Empire, vol. 2
  16. "Georgian Chronicle", Chapters 13–14. Translation by Robert Bedrosian (1991)

Наводи

уреди
  • Бури, Џон Багнел (1958). Историја на Подоцнежното Римско Царство: од смртта на Теодосиј I до смртта на Јустинијан. Dover books. 1. Dover Publications. ISBN 978-0486203980.
  • Фрил, Џерард (1998). Рим кој не паднал: Преживувањето на Истокот во петтиот век. Ancient history. London: Taylor & Francis. ISBN 978-0415154031.
  • Томас Маден (Presenter). (2006). Златна империја: Историја на Византиското Царство; Лекција 2: Јустинијан и повторното освојуцање на Западот, 457–565. [Аудио книга]. Prince Frederick: Recorded Books. ISBN 978-1-4281-3267-2. 
  • Профил на Лав во просопографијата на Подоцнежното Римско Царство
  • Стивен Вилијамс, Џерард Фрил, Рим кој не паднал: Преживувањето на Истокот во петтиот век, Routledge Press, 1999, ISBN 0-415-15403-0

Надворешни врски

уреди
Лав I (цар)
Роден(а): 401 Починал(а): 18 јануари 474
Владејачки титули
Претходник
Маркијан
Византиски цар
457–474
Наследник
Лав II
Политички функции
Претходник
Флавиј Константин,
Флавиј Руф
Конзул на Римската држава
458
со Јулиј Валериј Мајоријан
Наследник
Флавиј Рицимер,
Флавиј Патрициј
Претходник
Флавиј Северин,
Флавиј Дагалајф
Конзул на Римската држава
462
со Либиј Север
Наследник
Флавиј Цецина Василиј,
Флавиј Виван
Претходник
Флавиј Херменик,
Флавиј Василиск
Конзул на Римската држава
466
со Тицијан (Галија)
Наследник
Илустриј Пусеј,
Јохан
Претходник
Месиј Фебус Север,
Флавиј Јордан
Конзул на Римската држава
471
со Целиј Акониј Пробијан
Наследник
Флавиј Руфиј Постумиј Фест,
Флавиј Маркијан
Претходник
Флавиј Руфиј Постумиј Фест,
Флавиј Маркијан
Конзул на Римската држава
473
(сам)
Наследник
Лав II (сам)
Византиско Царство
Ромејска култура Историја на Римското Царство во средниот век Уредување на Римското Царство во средниот век

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Сириец | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големиот раскол (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексиј I Комнин | Мануил I Комнин
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Римското Царство (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Средновековни римски цареви
Средновековна римска дипломатија