Јан Палах (чешки: Jan Palach; 11 август 194819 јануари 1969) — чешки студент по историја и политичка економија на Карловиот универзитет во Прага.Извршил самоубиство со самозапалување во знак на политички протест против инвазијата на Чехословачка од страна на СССР.[1]

Јан Палах

Во август 1969 година трупите на Советскиот Сојуз навлегле во Чехословачка за да ги уништат либерализирачките реформи на владата на Александар Дубчек, наречени Прашка пролет. Јан Палах бил прв од група студенти кои решиле да се жртвуваат во знак на протест против инвазијата. Палах се самозапалил на 16 јануари 1969 г. на прашкиот Вацлавскиот Плоштад. Неговиот чин често се смета за симболичен гест кој го означил почетокот на крајот на Железната завеса.[2][3]

Палах пред смртта упатил широко распространет повик до другите студенти да не го следат неговиот пример. Неговиот погреб се претворил во масовен протест против окупацијата.[4] Еден месец подоцна, на 25 февруари 1969 година, уште еден студен, Јан Зајиц, се самозапалил на истото место. Во април истата година нивниот пример го следел Евжен Плоцек во Јихлава.

Наводи

уреди
  1. „Чешка одбележува 44 години од смртта на Јан Палах“. Плус Инфо. 19 јануари 2013 14:51. Посетено на 2013 април 16. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  2. „Во Прага одбележана 41-годишнина од самозапалувањето на Јан Палах“. ИдиВиди. 18 јануари 2010 08:04:10. Посетено на 2013 април 16. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  3. „Чешка си припомнува на Јан Палах“. Дојче Веле. 16 јануари 2004. Посетено на 2013 април 16. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Човечки факел“. ИдиВиди. 16 јануари 2012 15:41:09. Посетено на 2013 април 16. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски

уреди