Ромен Ролан
Ромен Ролан (француски: Romain Rolland) (Клаиси, 29 јануари 1866 – Везле, 30 декември 1944) — француски раскажувач, романописец, драматург, музиколог и борец за мир и демократија.
Ромен Ролан | |
---|---|
Роден/а | 29 јануари 1866 Клаиси, Нијевер |
Починат/а | 30 декември 1944 Везле | (возр. 78)
Занимање | драматург, романописец, историчар, нобелист |
Националност | Французин |
Период | 1902–1944 |
Познати се неговите дела „Жан Кристоф“, „Кола Брењон“, „Маѓепсана душа“, „Дантон“, потоа делата за животот на Бетовен, на Микеланџело и на Толстој.
Во 1915 година ја доби Нобеловата награда за литература.
Со заострувањето на политичките прилики во Европа сè повеќе се приближува кон левицата и се декларира како припадник на комунизмот. Оставил огромна коресподенција со Толстој, Ганди, Рилке и други истакнати негови современици.
Оваа биографска статија за личност од Франција е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |