Ларс Бак
Ларс Итинг Бак (дански: Lars Ytting Bak; р. 16 јануари 1980 во Силкеборг) — дански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Кубека Асос.[1]
Бак на Џиро д’Италија 2012 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Ларс Итинг Бак | ||
Роден | 16 јануари 1980 Силкеборг, Данска | ||
Висина | 1,90 м | ||
Маса | 76 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Тим Кубека Асос | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
1996–1999 2000–2001 2001 2001 | Силкеборг Хамел Диферданге Тревиџани-Мапеи | ||
Професионални клубови | |||
2002–2003 2004 2005–2009 2010–2011 2012–2018 2019- | Тим Факта БанкЏироЛотери Тим ЦСЦ Тим ХТЦ-Колумбија Лото-Белисол Тим Дименжн Дата | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 27 февруари 2019 |
Кариера
уредиСтанал професионалец во 2002 година за Тим Факта, каде возел со сонародникот Алан Јохансен. Во 2004 обајцата се префрлиле во БанкЏироЛотери, каде Ларс Бак ја остварил својата прва професионална победа, но бидејќи екипата се распаднала по сезоната 2004, обајцата Бак и Јохансен морале да се префрлат во Тим ЦСЦ во 2005 година.
Бак го освоил данското друмско првенство и подоцна во сезоната ја покажал неговата сила и талент како надежен воза, бидејќи Бак освоил етапа и генералниот пласман на трката Тур де л’Авенир. Го освоил генералниот пласман спринтајќи за победа во група од четворица возачи на првата етапа, место кое го бранел следните девет етапи, вклучувајќи и хронометар и бројни ридесто-планински етапи.
Во 2011 година, конечно го остварил своето деби на Тур де Франс, каде работел силно за „возот“ на Марк Кевендиш и завршил со бегство на последната етапа. Бак се придружил на Лото-Белисол за сезоната 2012.[2]
Во 2012 година ја освоил дванаесеттата етапа на Џиро д’Италија.
Достигнувања
уреди- 2004
- 1. Етапа 1 Трка околу Луксембург
- 2005
- 1. Национален друмски првак
- 1. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 1. Етапа 1
- 1. Париз-Бурж
- 2006
- 1. Ајндховен Екипен хронометар
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 4. Краен пласман Трка околу Баварија
- 2007
- 1. Национален хронометарски првак
- 1. Етапа 5 Тур де Валони
- 2008
- 1. Национален хронометарски првак
- 2. Краен пласман Трка околу Полска
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 2009
- 1. Национален хронометарски првак
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 7. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
- 1. Етапа 5
- 2010
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
- 2011
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 3. ГП Хернинг
- 5. Париз-Рубе
- 2012
- 1. Гран При де Фурмие
- 1. Етапа 12 Џиро д’Италија
- 10. Краен пласман Стер ЗЛМ Тур
- 2013
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 2014
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 2015
- 2. Краен пласман Трка околу Данска
- 6. Краен пласман Три дена Де Пане
- 2018
- 10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“
Распоред на резултатите на големите трки
уредиГолеми трки | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | СО | — | — | — | — | — | 16 | — | 126 | 72 | 94 | 56 | 90 | СО | 118 | 106 |
Тур | — | — | — | — | — | — | — | — | 152 | 96 | 108 | 82 | 37 | 173 | 123 | — |
Вуелта | — | — | — | 21 | — | — | — | 154 | — | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
уреди- ↑ „Dimension Data finalise 2019 roster“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. 22 ноември 2018. Посетено на 4 јануари 2019.
- ↑ „Бак се надева дека конечно ќе ги најде негогите шанси со Лото-Ридли“. Cycling News. Future Publishing Limited. 2 октомври 2011. Посетено на 5 јануари 2012.
Надворешни врски
уреди„Ларс Бак“ на Ризницата ? |
- Матична страница (дански)
- „Достигнувања на Ларс Бак“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Ларс Бак“. Cycling Quotient.