Вилхелм Карл Вернер Ото Фриц Франц Вин (германски: Wilhelm Carl Werner Otto Fritz Franz Wien 13 јануари 186430 август 1928) — германски физичар кој во 1893, користел теории за топлина и електромагнетизам за да го изведе виновиот закон за поместување, кој го пресметува електромагнетното зрачење на црно-тело на било која температура од емисијата на било која референтна температура.

Вилхелм Вин
Роден(а)13 јануари 1864(1864-01-13)
Гафкен близу Фишкаусен, Прусија
Починал(а)30 август 1928(1928-08-30) (возр. 64)
Минхен, Германија
НационалностГерманија Германец
ПолињаФизика
УстановиГисенски универзитет
Вирцбуршки универзитет
Минхенски универзитет
Колумбиски универзитет
ОбразованиеГетингенски универзитет
Берлински универзитет
Докторски менторХерман фон Хелмолц
ДокторандиКарл Хартман
Габриел Холтсмарк
Едуард Рукарт
Познат поЦрно-телно зрачење
Винов закон за поместување
Поважни наградиНобелова награда за физика (1911)
СопружникЛуиз Мелер (1898)

Тој исто така формулирал израз за црно-телното зрачење кое е точно во фотон-гасната граница. Неговите аргументи се засновале на поимот за адијабатската непроменливост, и биле инструментални за формулирањето на квантната механика. Во 1911 ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа околу топлотното зрачење.

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Вин се родил во Гафкен близу Фишкаусен, Прусија, како син на земјопоседникот Карл Вин. Во 1866, неговото семејство се преселило во селото Смоково, Полска.

Bo 1879, Вин се школувал во Растенбург и од 1880-1882 го посетувал градското училичте во Хајделберг. Во 1882 се образувал во Гетингенскиот универзитет и во Берлинскиот универзитет. Од 1883-85, работел во лабораторијата на Херман фон Хелмолц и во 1886 се здобил со признанието Доктор по филозофија со тезата за дифракција на светлината на метал и за влијанието на бројни материјали на бојата од одбиена светлина. Од 1896 до 1899, Вин предавал на Акенскиот универзитет. Во 1900 отишол во Вирцбуршкиот универзитет и станал наследник на Вилхелм Конрад Рентген.

Кариера

уреди

Во 1896, Вин, емпириски утврдил дистрибутивен закон за црно-телното зрачење,[1] подоцна именуван по негово име: Винов закон. Макс Планк, кој бил колега на Вин, не верувал во емпириски закони, така што користејќи го електромагнетизмот и термодинамиката, предложил теоретска основа за Виновиот закон, кој станал Вин-планков закон. Сеедно, Виновиот закон важел само при висока честота. Планк ја исправил теоријата и предложил, сега познат, Планков закон, кој довел до развивање на квантната теорија. Сеедно, другата емпириска формулација на Вин  , наречена Винов закон за поместување е сѐ уште многу корисна, се однесува на најголемата бранова должина емитувана од телото (λmax), до температурата на телото (T). Во 1900 (продолжувајќи ја работата на Џорџ Фридрих Карл Сеарле) претпоставил дека суштината се крие во електромагнетната природа и ја предложил формулата   за релацијата помеѓу електромагнетната маса и електромагнетната енергија.

Додека го испитувал струењето на јонизиран гас, Вин, во 1898, идентификувал позитивна честичка еднаква по маса со масата на водородниот атом. Вин, со оваа работа, ги поставил темелите на масената спектрометрија. Џозеф Џон Томсон го рафинирал виновиот апарат и извел понатамошни експерименти во 1913, по работата на Ернест Радерфорд во 1919, виновата честица била прифатена и именувана „Протон“. За време на месец април 1913, Вин бил предавач во Колумбискиот универзитет.[2]

Во 1911, Вин бил награден со Нобелова награда за физика „за неговите откритија во врска со законите кои управуваат со зрачењето на топлина“.[3]

Поврзано

уреди

Публикации

уреди

Наводи

уреди
  1. Kragh, H. (2002). Quantum Generations: A History of Physics in the Twentieth Century. Princeton University Press. стр. 58. ISBN 978-0-691-09552-3.
  2. Wien, W. (1913). Neuere Probleme der theoretischen Physik (германски). B. G. Teubner. LCCN 14005571. OL 6565621M.
  3. „The Nobel Prize in Physics 1911“. The Nobel Foundation. Посетено на 2014-08-09.

Надворешни врски

уреди