Дејвид Карузо
Дејвид Карузо е американски глумец, кој на публиката ѝ е најпознат по својата улога на поручникот Хорацио Кејн во криминалистичката телевизиска серија ЦСИ: Мајами.
Дејвид Карузо | |
---|---|
Роден(а) | Дејвид Стивен Карузо |
Сопружник | Шери Мегон (3/30/1979-2/21/1984) Рејчел Тикотин (1984-1987) |
Животопис
уредиРоден е на 7 јануари 1956, во Њујорк од татко Италијанец и мајка Иркиња. Детството и образованието му помонале низ предградијата на „Големото јаболко“ и од мали нозе, добро го научил уличниот живот и јазик, што години подоцна, совршено ќе го искористи во сите свои улоги.
Иако неговите родители не сакале синот да се дружи со пијаници, уличари и тепачишта, за Дејвид, ваквото друштво било еден вид на училиште. Слободата што му ја давала улицата, му овозможила и подобро да ја запознае темната страна на метрополата.
Откако цврсто решил да не ја исполни желбата на родителите и да стане академски граѓанин, Дејвид среќата ја побара од златниот град, но увидел дека физичкиот изглед нема да му овозможи улоги какви што посакувал.
Постарата генерација го памети по епизодната улога во филмскиот хит „Офицер и џентлмен“, каде се појавува во улогата на војникот Даниелс, а потоа и во мега хитот од 1982 година, „Рамбо“.
Иако зад себе имал улоги во два филмски хита покрај Ричард Гир и Силвестер Сталоне, во Холивуд ништо не значи епизодна улога во филм. Но телевизијата му овозможила да се пробие, откако го ангажирале во серијата „Хил стрит блуз“.
Благодарение на оваа серија, која во осумдесеттите години, беше прва серија што го обработува животот на полицијата и истрагите што ги водат, Дејвид успеал да добива и неколку улоги истовремено. Воопшто не му пречело дека во сите улоги, играл лик на полицаец, па со тек на времето и започнал да се однесува и како полицаец, што ќе го чини два развода.
Првпат се оженил со Шери Мегон со која бил во брак пет години.
Во 1984, се оженил со Рејчел Тикотин, со која издржал само три години и од тој брак ја има ќерката Грета. Поради честите отсуства заради снимањето на „Хил стрит блуз“ и овој брак му се распадна. Откако увидел дека славата и бракот не одал заедно, си дал збор, повеќе да не ризикува со стапнувањето на луд камен и да се посвети на кариерата.
Во 1993 година ангажиран е во серијата „Њујоршки полицајци“, каде првпат добива главна улога. Никакви подготовки не му требале, бидејќи совршено го познавал криминалниот живот во Њујорк. Тогаш увидел дека уличното искуство му се исплатело, бидејќи воопшто и не глумел, а токму за оваа улога добил и „Златен глобус“.
Во серијата останува сè до 2000 година, кога станува помошник на Гил Грисом во серијата „ЦСИ Лас Вегас“. Дејството на серијата е сместено во Лас Вегас, а набрзо потоа, од истата продукција, започнува снимањето на серијата со ист наслов, но сега, истрагата е насочена во Мајами, каде Карузо во улогата на Хорацио Кејн станува шеф на одделот за истрага.
Во 1996 година, повторно се оженил со Маргарет Бакли и конечно со неа мислел дека ќе успее да се смири но, по девет години, му се случи и скандалозен развод.
Сопругата открила дека честите отсуства на сопругот не се поврзани само со улогата во серијата, туку и со згодната асистентка на снимање, Лиза Маркез, која во јули, минатата година, објавила дека чека дете од Карузо.
Синот Маркез Ентони е роден на 15 септември, а еден месец пред тоа, Карузо со сопругата, минал низ скандалозен бракоразводен процес, кој секојдневно ги полнел страните на таблоидите.
И по овој брачен неуспех, Дејвид Карузо во шоуто на Опра Винфри, свечено даде заклетва дека нема да се жени.
Надворешни врски
уреди- Дејвид Карузо на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- David Caruso at the Notable Names Database
- David Caruso Bio at CBS - CSI: Miami Архивирано на 6 август 2006 г.