Фредерик Лејтон
Фредерик Лејтон, Прв Барон Лејтон (англиски: Frederic Leighton, 1st Baron Leighton); (3 декември 1830 – 25 јануари 1896) — англиски сликар и вајар. Во неговите дела се прикажани историски, библиски и класични содржини.
Фредерик Лејтон Frederic Leighton | |
---|---|
![]() Фредерик Лејтон, Прв барон Лејтон, автопортрет 1880 | |
Националност | Англичанец |
Образование | Едвард фон Штајнле |
Познат(а) по | сликарство и вајарство |
Правец | академизам |
Награди | Римска награда, Легија на честа |
ЖивотописУреди
Лејтон е роден во Скарборо во семејство кое се занимавало со увоз-извоз. Се образувал во Универзитетската Колешка школа во Лондон. Потоа го стекнал правното образование во континентална европа, прво кај Едвард фон Штајнле, а потоа кај Џовани Коста. Кога бил во Фиренца, на возраст од 24 години, каде учел во Академијата на убави уметности, ја насликал поворката на Чимабуевата Богородица низ Борџо Алегри. Живеел во Париз од 1855 до 1859, каде ги запознал Енгр, Делакроа, Коро и Миле.
Во 1860 се преселил во Лондон, каде се поврзал со Предрафаелитите. Го проектирал гробот на Елизабет Барет Браунинг за Роберт Браунинг во Англиските гробишта во Фиренца во 1861. Во 1864 станал придружен член на Кралската академија, а во 1878 станал нејзин претседател (1878–96). Неговата склптура „Атлет како се бори со со питон“ (1877) се сметала за зачеток на ренесанса во современото британско вајарство, која се анрекувала Ново вајарство. Неговите слики ја претставувале Британија на Големата изложба во Париз во 1900.
Му било дадено витештво во Виндзор во 1878, а осум години подоцна бил прогласен за баронет. Тој бил првиот сликар кому му е доделено перство, на Новогодишната Почесна листа во 1896.; Лејтон починал следниот ден од ангина пекторис.
Бидејќи бил нежнет, по смртта, неговото баронство згаснало по постоење само еден ден; ова е рекорд на сте времиња. Неговата куќа во Холанд Парк, Лондон е музеј, наречен Лејтонова музеј-куќа. Во него има негови цртежи и слики, како и некои скулптури (меѓу кои и „Атлет како се бори со питон“).
Хронолошки прегледУреди
- 1864 - Придружен член на Кралската академија
- 1868 - Академик на Кралската академија
- 1878 - Претседател на Кралската академија
- 1878 - Чиновник во Легија на честа
- 1886 - Прогласен за Баронет
- 1889 - Ја добива Римската награда за вајарство
- 1889 - Придружен член на Институтот на Франција
- 1896 - Прогласен за британски пер
ГалеријаУреди
„Заробената Андромаха“
„Последната стража на Херона“
„Чимабуевата Богородица во поворка по фиренските улици“
ПоврзаноУреди
- Список на избрани дела од Фредерик Лејтон (англиски)
- „Ромола“ – роман од Џорџ Елиот илустриран од Лејтон
- Академизам
- Англиска сликарска школа
- Список на британски сликари
„Фредерик Лејтон“ на Ризницата ? |
Надворешни врскиУреди
- Скарборо, родното место на Лејтон Архивирано на 17 јуни 2006 г. (англиски)
- Лејтоновата музеј-куќа Архивирано на 27 септември 2007 г. (англиски)
- Брајан Јодерова страница за Лејтон на goodart.org Архивирано на 7 јуни 2007 г. (англиски)
- Лејтонова галерија на MuseumSyndicate Архивирано на 27 септември 2007 г. (англиски)
Почесни титули | ||
---|---|---|
Претходник Сер Францис Грант |
Претседател на Кралската академија 1878–1896 |
Наследник Сер Џон Еверет Миле |
Перство на Обединетото Кралство | ||
Претходник Новосоздадено |
Барон Лејтон 1896 |
Наследник Згаснало |
Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Енциклопедија Британика (11. изд.). Cambridge University Press http://www.1911encyclopedia.org/Frederick_Leighton,_Baron_Leighton. Отсутно или празно |title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)