Ричи Порт

австралиски велосипедист

Ричард Џулијан „Ричи“ Порт (англиски: Richard Julian "Richie" Porte; р. 30 јануари 1985) — австралиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[3][4]

Ричи Порт
Лични податоци
Цело имеРичард Џулијан Порт[1]
ПрекарТасмански ѓавол
Риба
Роден30 јануари 1985 (1985-01-30) (37 г.)
Лонсестон, Тасманија, Австралија Австралија
Висина1,72 м[2]
Маса62 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачуниверзален возач
Аматерски клубови
2007
2008
2009
Самаринезе-Групо Лупи
Мастромарко Сенси Граси
Бедоњи Граси Наталини
Професионални клубови
2008–2009
2010–2011
2012–2015
2016-2018
2019-2020
2021-2022
Пратис
Тим Саксо Банк
Тим Скај
БМЦ Рејсинг Тим
Трек-Сегафредо
Инеос Гренадиерс
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
1 TTT етапа (2018)
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2010)

Етапни трки

Париз-Ница (2013, 2015)
Волта а Каталуња (2015)
Тур де Романди (2017)
Тур де Свис (2018)
Критериум ди Дофине (2021)
Тур Даун Андер (2017, 2020)
Џиро дел Трентино (2015)
Волта ао Алгарве (2012)

Еднодневни трки и класици

MaillotAustralia.PNG Национален хронометарски првак (2015)
Последна промена
31 октомври 2022

Негови успеси се победите на осум етапни трки во Светската турнеја: Париз-Ница во 2013 и во 2015, Волта а Каталуња во 2015, Тур де Романди во 2017, Тур Даун Андер во 2017 и во 2020, Тур де Свис во 2018 и Критериум ди Дофине во 2021.[5] На големите трки, го освоил пласманот на млад возач на Џиро д’Италија 2010, негова прва година на ПроТур ниво, и завршил на подиумот на Тур де Франс 2020, но често бил погоден од болести и повреди.[6]

Личен животУреди

Порт е роден во Лонсестон, Тасманија, во 1985 година. Учел на колеџот „Св. Патрик“ во Лонсестон. Спортска награда на нивниот кампус бил именуван во негова чест и се доделува секоја година на најдобриот спортист во деветтата година. Кога вози, не е необично да се види Порт да носи ѓердан на Тасманија.

КариераУреди

Рани годиниУреди

Порт започнал со велосипедизам во 2006 година на 21 година. Претходно настапувал на триатлон, со активни трки од 2003 година. Претходно се натпреварувал во пливање.[7] Порт возел за екипата Тим УниСА-Австралија на Тур Даун Андер 2008 и завршил деветти во генералниот пласман. Возел со тасманската континентална екипа, Пратис, во 2008 и 2009 година, освојувајќи го петтото место на Хералд Сан Тур 2008 и победувајќи на Трките околу Перт и Тасманија. Порт се издигнал во аматерската италијанска трка во 2009 година, завршувајќи десетти на Тур де Лангкави 2009. Неговиот резултат на Џиробио 2009, каде го освоил поединечниот хронометар, му го донело вниманието на професионалните екипи.

2010Уреди

 
Порт во белата маичка на Џиро д’Италија 2010

На крајот на сезоната 2009 потпишал двегодишен договор со Тим Саксо Банк. Неговиот тренер во Тим Саксо Банк бил сонародникот Бредли Мекги.[8] Мекги е поранешен професионален велосипедист и светски велодромски првак, кој го освоил олимпискиот златен медал во 2004 година и 3 етапи на големите трки.[9]

Во април, Порт го освоил хронометарот на четвртата етапа на Тур де Романди, завршувајќи десетти на крајот.[10] Првпат настапил на некоја голема трка на Џиро д’Италија 2010 каде завршил седми во генералниот пласман и го освоил пласманот за млад возач, со разлика од 7 минути и 29 секунди пред Роберт Кишерловски, обезбедувајќи го своето место како возач на иднината. Исто така бил предводник на трката на етапите 11-13 и ја носел розовата маичка. Во јули, Порт завршил десетти на Класика де Сан Себастијан и имал низа други силни резултати; втор на хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт,[11] четврти на Енеко Тур[12] и четврти на Трката околу Британија.[13] За малку го пропуштил бронзениот медал на хронометарот на Светското друмско првенство UCI 2010, одржано во Австралија; завршил на четвртото место, шест и пол секунди зад третопласираниот, Германецот Тони Мартин.

2011Уреди

Иако сезоната 2011 му донела помал поединечен успех на Порт, иако бил главен помошник на Алберто Контадор во победата на Џиро д’Италија, Порт продолжил со неговите силни хронометарски резултати; завршувајќи трет на Париз-Ница[14] и осми на Трката околу Баскија.[15] Потоа, Порт ја освоил четвртата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон[16] по дисквалификацијата на Контадор. Потоа, Порт се нашол трет на хронометарот на Џиро д’Италија[17] и четврти на хронометарот на Тур де Франс.[18] Потоа, Порт го освоил хронометарот на петтата етапа на Пост Данмарк Рунт, со разлика од десет секунди пред колегата, Густав Ларсон.[19] Потоа, Порт ја завршил неговата сезона на шестото место на Светското хронометарско првенство.

2012Уреди

Порт се приклучил во Тим Скај за сезоната 2012.[20] Во јануари 2012, Порт настапил на националните првенства, каде завршил како трети на друмската трка,[21] и петти на поединечниот хронометар неколку дена подоцна.[22] Во февруари 2012, Порт го презел водството на Волта ао Алгарве по освојувањето на кралската етапа на трката.[23] Го одржал водството до крајот на трката, на крајот завршувајќи 37 секунди пред бранителот на трката, Тони Мартин.[24] Потоа, Порт работел за Бредли Вигинс на Париз-Ница, помагајќи му да ја освои трката. Порт бил клучниот член на екипата Скај, која му помогнала на Вигинс за победата на Тур де Романди, Критериум ду Дофине и Тур де Франс. Потоа, Порт возел на Вуелта а Еспања како поддршка на Крис Фрум и го зазел второто место на етапата 20.

2013Уреди

 
Порт во водечката жолта маичка на седмата етапа на Париз-Ница 2013

Во отсуство на Вигинс и Фрум, Порт бил избран за водач на Тим Скај на Париз-Ница 2013. Ја освоил петтата етапа на трката, кралската етапа на трката, со напад на Монтањ де Лур и го преземал водството на трката од возачот на Гармин-Шарп Ендру Талански. Исто така, Порт го освоил завршниот хронометар на Кол д’Ез со предност од 23 секунди пред Талански и ја запечатил крајната победа со разлика од 55 секунди. Времето на Порт било само за четири секунди помало од рекордот на патеката, поставено од Вигинс претходната година.[25]

Добрата форма на Порт продолжила на Критериум Интернасионал 2013, каде го освоил хронометарот на втората етапа.[26] Второто место на последната планинска етапа не било доволно да го спречи етапниот победник и негов колега Крис Фрум во освојување на генералниот пласман, но му го обезбедил на Порт бодовниот пласман и второто место во генералниот пласман.[27]

Порт бил повторно предводник на Тим Скај на Трката околу Баскија 2013. Порт забрзал и се одвоил во последниот километар на етапата 5 од мала група на возачи, вклучувајќи го водачот на трката и негов колега Серхио Енао, и ја освоил етапата. На шестата и последна етапа, поединечен хронометар, Порт не можел да се избори со Наиро Кинтана на нерамниот терен, но успеал да дојде до второто место во генералниот пласман, пред Енао. Порт се вратил како помошник за Крис Фрум на Тур де Романди. Му помогнал на Фрум да победи на трката и завршил осми во генералниот пласман. Порт и Фрум потоа настапиле на Критериум ду Дофине на почетокот на јуни. Порт бил петти во генералниот пласман по хронометарот на етапата 4, а на следната етапа му помогнал на Фрум да го преземе водството на трката преку поставување силно темпо со цел да отпадне Роан Денис, пред Фрум да нападне за победа на етапата. Порт се искачил на второто место во генералниот пласман, 52 секунди зад неговиот предводник. Фрум му дозволил на Порт да нападне на седмата етапа, иако тој успеал само една секунда да земе во однос на другите возачи. На завршната осма етапа, Фрум и Порт јасно се одвоиле од останатите на последното искачување и само Ендру Талански можел да ги следи, со што ја обезбедиле 1-2 победата во генералниот пласман.

Порт настапил на Тур де Франс како суперпомошник за Фрум. На осмата етапа — првата планинска етапа — Питер Кенох и потоа Порт успеале да ги откачат повеќето кандидати за генерален пласман и го достигнале раниот напад на Наиро Кинтана на последното искачување пред Фрум да нападна и да ја освои етапата и водството во трката. Порт успеал да заврши втор на етапата, 51 секунда зад Фрум, искачувајќи се на второто место во генералниот пласман.[28][29] Меѓутоа, на наредната етапа Порт достигнал бројни рани напади на возачи од Мовистар Тим, Гармин-Шарп и Тим Саксо-Тинкоф, оставајќи го Фрум целосно сам во поголемиот дел од етапата. Порт изгубил над десет минути и излегол од генералниот пласман, иако Фрум успеал да не изгуби многу време стигнувајќи ги Алехандро Валверде и Кинтана.[30] На петнаесеттата етапа, Порт повторно му помогнал на Фрум, кој победил на Мон Венту.[31] На осумнаесеттата етапа — која завршувала на Алп д’Ез — помошта на Порт се покажала клучна за Фрум, откако Фрум западнал во проблеми при крајот на етапата; Порт се вратил до автомобилот на екипата и покрај забраната да му донесе енергетски гелови на неговиот предводник, а потоа му давал темпо за да ја намалат разликата во однос на Кинтана и Хоаким Родригес. И двајцата, Порт и Фрум, добиле 20 секунди казна, како и 200 швајцарски франци за нарушување на правилата.[32] Фрум на крајот победил со разлика од четири минути и 20 секунди пред Кинтана, додека Порт завршил на 19. место во генералниот пласман.

2014Уреди

Откако завршил трет зад Сајмон Геранс и Кедел Еванс на националното друмско првенство, Порт ја започнал неговата сезона 2014 на домашната трка, Тур Даун Андер. Ја освоил претпоследната петта етапа,[33] и завршил четврти во генералниот пласман на последната етапа.[34] Потоа, Порт завршил втор на трката Вуелта а Андалусија. Сезоната на Порт тргнала во надолна линија завршувајќи на 22. место на Критериум ди Дофине.[35] Потоа, Порт не учествувал на Тирено-Адријатико[36] и не успеал да заврши на: Тур де Романди,[37] Лиеж-Бастон-Лиеж,[38] Волта а Каталуња,[39][40] а потоа го преземал водството на Инеос Гренадиерс поради отсуството на Крис Фрум и завршил на 23. место на Тур де Франс.[41] Потоа, Порт не успеал да заврши на Ватенфал Класик[42] како и на ГП Западна Франција[43] што довело да ја заврши сезоната порано откако му бил пронајдено пневмонија.[44]

Пред Тур де Франс 2014, Порт открил го подобрил времето на колегата Крис Фрум на познатото искачување Кол де ла Мадон близу Монте Карло. Порт го завршил искачувањето за 29 минути и 40 секунди, подобрувајќи го времето на Фрум за 29 секунди.[45]

2015Уреди

 
Порт во неговиот дрес како австралиски првак

Порт ја започнал сезоната 2015 со успех, освојувајќи победа на националното хронометарско првенство.[46][47] Како и претходната сезона, Порт остварил победа на кралската етапа на Тур Даун Андер што му го донело второто место во генералниот пласман.[48][49] Потоа, Порт се вратил во Европа на Волта ао Алгарве, каде повторно ја освоил кралската етапа и оваа етапна победа му го донела четвртото место во генералниот пласман зад колегата Герајнт Томас, како и освојувањето на планинскиот пласман.[50] Следна победа на Порт била на Париз-Ница каде тој и колегата Томас однеле победа еден-два на врвот Кроа де Шобуре.[51] И покрај тоа што ги изгубил шансите за освојување на водството во трката по падот на претпоследната етапа на трката, победата на завршниот хронометар (повторно на Кол д’Ез), со разлика од 13 секунди од најблискиот соперник, му донела втора победа на трката во изминатите три сезони.[52][53][54] Следна победа на Порт стигнала кон крајот на март кога ја обезбедил победата на Волта а Каталуња. И покрај не освојувањето на етапата, Порт ја освоил трката со разлика од четири секунди од Алехандро Валверде, по освојувањето на два пласмани во првите пет на одлучувачките етапи.[55] Кон крајот на април, Порт ја забележал третата победа во сезоната, освојувајќи ја четиридневната етапна трката Џиро дел Трентино, како подготовка за Џиро д’Италија.[56] Порт ја освоил одлучувачката етапна победа на кралската етапа до Брентонико[57] со разлика од 24 секунди пред најблискиот соперник, Микел Ланда. Порт го задржал водството до завршницата во Клес.[58] Така, станал првиот возач кој победил на Париз-Ница, Волта а Каталуња и Џиро дел Трентино во една сезона.

На Џиро д’Италија, Порт покренал внимание откако имал караван во кој спиел како предводник на екипата додека другите колеги спиеле во хотели.[59] Се држел добро во првата недела на трката и се наоѓал на третото место по деветтата етапа. Меѓутоа, на десеттата етапа му се дупнала гума на пет километри од целта и прифатил тркала од Сајмон Кларк од друга екипа, (Орика-ГринЕЏ). Порт првично изгубил 47 секунди од главната група, но потоа бил казнет со две минути и 200 швајцарски франци за прифаќањето на тркалото од Кларк бидејќи оваа постака е нелегално по правилата на UCI, поради што паднал на 12. место во генералниот пласман.[60] На тринаесеттата етапа, Порт бил вклучен во пад на 3,3 километри од завршницата на етапата и загубил дополнителни две минути.[61] Порт имал лош поединечен хронометар на четиринаесеттата етапа и уште полоша петнаесетта етапа, каде загубил 27 минути од тогашниот предводник Алберто Контадор. По дебаклот го предал водството на екипата на Леополд Кениг.[62] По гореспоменатата етапа објавил дека ја напушта трката поради повреда на ногата.[63]

По Џиро, Порт бил вклучен во екипата на Скај за Тур де Франс 2015 како главен помошник на Крис Фрум. Одиграл клучна улога во крајната победа на Фрум на трката, особено во текот на првата планинска етапа, десетта етапа, каде Порт не само што го извел крајниот напад кој му овозможил на Фрум да ја започне одлучувачкиот напад, туку се опоравил и го претекнал Наиро Кинтана на крајот и пристигнал втор зад Фрум, зголемувајќи го водството пред Кинтана поради бонус секундите. Во текот на завршната планинска етапа, дваесетта етапа, каде Фрум имал сериозни потешкотии на долгото искачување, а Наиро Кинтана агресивно напаѓал напред, Порт бил последниот возач на Скај кој влечел напред и го одржувал Фрум на искачувањето, дозволувајќи му да ги ограничи неговите загуби и да го обезбеди водството и жолтата маичка, стигнувајќи до втората победа на Тур.[64][65] Во текот на Тур, Порт потврдил дека ќе ја напушти екипата на крајот на годината, целејќи да стане екипен предводник на друго место.[66] Подоцна, во август било потврдено од Интермарше-Ванти-Жобер Материо.[67]

2016-2018Уреди

 
Порт на Тур де Франс 2016, напаѓајќи го поранешниот колега Крис Фрум

Пред сезоната 2016 ги навел Тур де Франс и олимписката друмска трка и хронометарот како негови цели за годината.[68] Ја започнал сезоната силно во Австралија, завршувајќи втор зад новиот колега Роан Денис на националното хронометарско првенство[69] пред да отиде на Тур Даун Андер, каде ја освоил првата победа во боите на БМЦ со освојување на петтата етапа до Вилунга Хил трета година по ред[70] и завршил втор во генералниот пласман.[71] Подоцна, имал проблеми на Трката околу Оман во февруари, губејќи над три минути во однос на предводниците на секоја од првите две етапи,[72] пред да се врати назад во Европа, освојувајќи го третото место во генералниот пласман на Париз-Ница по нападот на последното искачување на завршната етапа заедно со Алберто Контадор[73] по што следело четвртото место на Волта а Каталуња.[74] По третото место на Париз-Ница, Порт поминал една недела како светски број 1, во рамките на новосоздадениот систем.[75][76] Порт целел на Тур де Франс, но изгубил време уште рано во трката поради механички проблем на втората етапа. Се покажал добро на планините и на хронометрите, завршувајќи на крајот петти, негов најдобар резултатите на големите трки досега.[77]

Во сезоната 2017, Порт завршил на 12. место во поединечниот пласман на Светската турнеја, освојувајќи ги трките Тур Даун Андер и Тур де Романди. Паднал при спуст на Тур де Франс на деветтата етапа.

Во сезоната 2018, Порт победил на Тур де Свис, завршил втор на Тур Даун Андер и трет на Тур де Романди. Повторно паднал на деветтата етапа на Тур де Франс, овој пат кршејќи ја клучната коска. Уште еднаш бил на добар пласман пред планините пред крајниот победник Герајнт Томас и тогашниот предводник Грег ван Авермат.

2019–2020Уреди

За сезоната 2019, Порт се префрлил во екипата Трек-Сегафредо.[78] Шеста година по ред ја освоил кралската етапа на Тур Даун Андер. На Тур де Франс 2019 бил на десеттото место, кога трката била скратена поради лизгање на земјиштето и опасно време. На крајот завршил на 11. место околу пет минути зад десетопласираниот Варан Баргиј.

Сезоната 2020 ја започнал со преземање на водството на половина од трката Тур Даун Андер, но потоа Дарил Импи имал предност од 2 секунди пред завршната етапа. Не ја освоил последната етапа седма година по ред, откако завршил втор зад Метју Холмс, меѓутоа стекнал доволно време пред Диего Улиси, Роан Денис и другите фаворити за да ја освои трката вторпат во неговата кариера, по неговата победа во 2017 година.[79] Во текот на Тур де Франс, Порт се нашол меѓу првите десет рано во трката и до крајот на втората седмица бил на деветтото место во генералниот пласман. Се искачил до шестото место во генералниот пласман, откако завршил трет на петнаесеттата етапа, зад Тадеј Погачар и Примож Роглич.[80] Порт се искачил на четвртото место по етапата 17, завршница на врвот Кол де ла Лоз и бил 1' 39" зад место на подиум на претпоследната етапа, поединечен хронометар во должина од 36,2 километри кој завршувал на Ла Планш де Бел Фил.[81] Порт го забележал третото најбрзо време на етапата – единствено поразен од Погачар и Том Димулен – претекнувајќи го Мигел Анхел Лопес за скоро пет минути, со што успеал да се помести на третото место во генералниот пласман.[82] На крајот ја завршил трката на тоа место, забележувајќи го својот прв подиум на некоја голема трка и прв од австралиски возач на трката од победата на Кедел Еванс на Тур де Франс 2011.[83]

Порт го добил медалот „Сер Хјуберт Оперман“ за австралиски велосипедист на годината за 2020 година.[84]

2021-2022Уреди

Во септември 2020 година било објавено дека Порт ќе го напушти Трек-Сегафредо и ќе потпише двегодишен договор со Инеос Гренадиерс од 2021 година натаму.[4][85]

На неговата прва трка во сезоната 2021, Порт се повлекол од Париз-Ница на воведната етапа, по пад предизвикан од фрлен бидон.[86] Се вратил на трките со втори места во генералниот пласман на Волта а Каталуња и на Тур де Романди.[87][88] Потоа го освоил Критериум ди Дофине пред колегата Герајнт Томас и Алексеј Луценко.[89] Бил во добра форма пред Тур де Франс, меѓутоа изгубил над две минути на воведната етапа, каде имал неколку падови.[90] Паднал на деветтата етапа,[91] губејќи дополнително време и на крајот завршил на 38. место, но му помогнал на Ричард Карапас низ планините за да дојде до третото место во генералниот пласман.[92] По трката изјавил дека тоа бил негов последен настап на Тур де Франс.[93]

ДостигнувањаУреди

2007
1.   Краен пласман Трка Брајт
1. Етапа 1
1. Етапа 2
2008
1.   Краен пласман Тур де Перт
1. Етапа 2
1. Етапа 3
1.   Краен пласман Трка околу Тасманија
1. Етапа 7
1. Етапа 9
1. Етапа 2 Трка околу Велингтон
5. Краен пласман Хералд Сан Тур
9. Краен пласман Тур Даун Андер
2009
1. ГП Чита ди Фелино
1. Етапа 2 Џиро дел Фурланија-Јулиска Краина
1. Етапа 4 (ITT) Џиробио
3. Национално хронометарско првенство
3. Копа дела Паче
4. Џиро Вали Аретине
10. Краен пласман Тур де Лангкави
2010
4. Светско хронометарско првенство
4. Краен пласман Трка околу Британија
4. Краен пласман Енеко Тур
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1.   Пласман за млад возач
10. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3 (ITT)
10. Класика де Сан Себастијан
2011
1. Етапа 4 (ITT) Вуелта а Кастиља и Леон[N 1]
1. Етапа 5 (ITT) Трка околу Данска
6. Светско хронометарско првенство
2012
1.   Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Тур де Романди
4. Краен пласман Трка околу Баварија
9. Краен пласман Критериум ду Дофине
2013
1.   Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 5
1. Етапа 7 (ITT)
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2 (ITT)
2. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 5
2. Краен пласман Критериум ду Дофине
3.   Светско друмско првенство - Екипен хронометар
8. Краен пласман Тур де Романди
10. Светска турнеја UCI
2014
2. Краен пласман Вуелта а Андалусија
3. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
2015
1.   Национално хронометарско првенство
1.   Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 4
1. Етапа 7 (ITT)
1.   Краен пласман Волта а Каталуња
1.   Краен пласман Џиро дел Трентино
1. Етапа 2
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
1.   Планински пласман
1. Етапа 4
2016
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
3. Краен пласман Париз-Ница
4. Краен пласман Волта а Каталуња
4. Краен пласман Критериум ди Дофине
5. Краен пласман Тур де Франс
7. Светска турнеја UCI
2017
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 2
1. Етапа 5
1.   Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 7 Париз-Ница
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 4 (ITT)
2018
1.   Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 1 (TTT)
1. Етапа 3 (ТТТ) Тур де Франс
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
3. Национално хронометарско првенство
3. Краен пласман Тур де Романди
2019
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 6
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Краен пласман Хералд Сан Тур
2020
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
2. Мон Венту Денивеле Челинџ
3. Краен пласман Тур де Франс
3. Краен пласман Тур де Алп-Маритим ет ди Вар
6. Краен пласман Рут д’Окситани
8. Флеш Валон
2021
1.   Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 3 (ТТТ) Трка околу Британија
2. Краен пласман Волта а Каталуња
2. Краен пласман Тур де Романди
2022
4. Краен пласман Тирено-Адријатико
7. Краен пласман Трка на Алпите

Распоред на резултатитеУреди

Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Џиро 7 81 СО СО
  Тур 72 89 19 23 48 5 СО СО 11 3 38
  Вуелта 68 84
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
  Париз-Ница СО 22 68 1 1 3 11 41 СО
  Тирено-Адријатико СО 4
  Волта а Каталуња СО СО 1 4 38 НСО 2 СО
  Трка околу Баскија 127 2 СО
  Тур де Романди 10 121 4 8 СО СО 1 3 2
  Критериум ди Дофине 9 2 22 4 2 11 15 1
  Тур де Свис 1 НСО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Наводи и забелешкиУреди

Забелешки
  1. Ретроактивно награден откако резултатите на Алберто Контадор биле повлечени по двегодишната забрана во февруари 2012.[94][95]
Наводи
  1. „Порт победи на ГП Фелино“. Cycling News. Future Publishing Limited. 11 август 2009. Посетено на 9 март 2012.
  2. 2,0 2,1 „Richie Porte profile“. Архивирано од изворникот на 5 март 2016. Посетено на 26 декември 2013.
  3. „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  4. 4,0 4,1 Benson, Daniel (25 September 2020). „Richie Porte signs with Ineos Grenadiers“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 25 September 2020.
  5. „Richie Porte: My goal is to try at least win a bike race this year, somewhere“. VeloNews. 2022-02-04.
  6. „Richie Porte: another Tour, another mishap for cycling's unluckiest man“. The Guardian. 2018.
  7. Гинис, Руперт (17 март 2015). „Пливањето за враќањето на формата на Порт“. Cyclingnews.com. Посетено на 17 март 2015.
  8. Jean-François Quénet. „Porte secures white jersey and likely top-eight finish“. Cyclingnews.com.
  9. Порт ја обезбеди белата маичка и веројатно ќе заврши меѓу првите осум
  10. ProCyclingStats. „Тур де Романди 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com.
  11. ProCyclingStats. „Пост Данмарк Рунт 2010 - Етапа 5 (ITT)“. procyclingstats.com.
  12. ProCyclingStats. „Енеко Тур 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com.
  13. ProCyclingStats. „Трка околу Британија 2010 - Генерален пласман“. procyclingstats.com.
  14. ProCyclingStats. „Париз-Ница 2011 - Етапа 6 (ITT)“. procyclingstats.com.
  15. ProCyclingStats. „Трка околу Баскија 2011 - Етапа 6 (ITT)“. procyclingstats.com.
  16. ProCyclingStats. „Вуелта а Кастиља и Леон 2011 - Етапа 4“. procyclingstats.com.
  17. ProCyclingStats. „Џиро д'Италија 2011 - Етапа 20 (ITT)“. procyclingstats.com.
  18. ProCyclingStats. „Тур де Франс 2011 - Етапа 20 (ITT)“. procyclingstats.com.
  19. ProCyclingStats. „Пост Данмарк Рунт 2011 - Етапа 5 (ITT)“. procyclingstats.com.
  20. Галагер, Брендан (7 септември 2011). „Тим Скај потпиша со Ричи Порт од Саксо Банк-Сангард“. The Daily Telegraph. Telegraph Media Group. Посетено на 5 јануари 2012.
  21. „Richie Porte accepts that last year was part of the learning curve“. The Australian. News Limited. Australian Associated Press. 10 јануари 2012. Посетено на 10 јануари 2012.
  22. Обри, Џејн; Хиндс, Алекс (10 јануари 2012). „Under 23 world champion Durbridge ousts Meyer in Learmonth“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 10 јануари 2012.
  23. Hymas, Peter (17 февруари 2012). „Porte prevails on Alto do Malhão mountain finish“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 18 февруари 2012.
  24. Бенсон, Даниел (19 февруари 2012). „Wiggins rounds off Sky's dominance in Algarve“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 19 февруари 2012.
  25. Прајд, Кени (10 март 2013). „Ричи Порт победи на Париз-Ница по победата на завршниот хронометар“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 10 март 2013.
  26. Витни, Џон (22 март 2013). „Porte powers to time trial win in Criterium International“. Cycling News. Future Publisjing Limited. Посетено на 23 март 2013.
  27. Вин, Најџел (24 март 2013). „Крис Фрум ја освои последната етапа и победил на Критериум Интернасионал“. Cycling Weekly. IPC Media Limited. Посетено на 24 март 2013.
  28. Вестбај, Мет (6 јули 2013). „Крис Фрум ја освои осмата етапа и ја презема жолтата маичка во Пиринеите“. Sky Sports. Лондон: BSkyB. Посетено на 16 јули 2013.
  29. „Крис Фрум во жолто по етапната победа“. Лондон: BBC Sport. 6 јули 2013. Посетено на 16 јули 2013.
  30. Браун, грегор (7 јули 2013). „Даниел Мартин победи на деветтата етапа на Тур де Франс додека Крис Фрум се бореше да го задржи водството“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 16 јули 2013.
  31. „Крис Фрум ја одбрани жолтата маичка на Мон Венту“. VeloNews. Сан Диего, Калифорнија: Competitor Group, Inc. 14 јули 2013. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 16 јули 2013.
  32. „Крис Фрум го заголеми водството и покрај казната“. BBC Sport. BBC. 18 јули 2013. Посетено на 27 јануари 2014.
  33. Вудпауер, Зеб (25 јануари 2014). „Ричи Порт сам до победа на Тур Даун Андер“. Cyclingnews.com. Future plc. Архивирано од изворникот на 2012-01-25. Посетено на 27 јануари 2014.
  34. Вудпауер, Зеб (26 јануари 2014). „Победа на последниот ден за Андре Грајпел на Тур Даун Андер“. Cyclingnews.com. Future plc]]. Архивирано од изворникот на 2012-01-23. Посетено на 27 јануари 2014.
  35. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  36. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  37. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  38. „Тим Скај — Лиеж-Бастон-Лиеж“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  39. Cycling News. „Ричи Порт ја напушта Каталуња“. Cyclingnews.com.
  40. „Тим Скај — Волта а Каталуња“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  41. „Тим Скај — Тур де Франс“. teamsky.com.
  42. „Тим Скај — Ватенфал Класик“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  43. „Тим Скај — ГП Западна Франција“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-25. Посетено на 2016-01-05.
  44. Даниел Бенсон. „Richie Porte's self-assessment of his 2014 season“. Cyclingnews.com.
  45. „Faster than Lance: Richie Porte smashes Madone record again“. Cycling Weekly. 19 март 2015.
  46. „Тим Скај - Порт ја освои австралиската хронометарска титула“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.
  47. Зеб Вудпауер. „2015 започна со победа за Ричи Порт“. Cyclingnews.com.
  48. „Тим Скај - Порт сè уште крал на Вилунга“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.
  49. „Тим Скај - Порт втор на Тур Даун Андер“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2015-03-16.
  50. „Тим Скај - Одличен ден во Алгарве“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2015-03-27. Посетено на 2015-03-16.
  51. „Тим Скај - Победа 1-2 на Париз-Ница“. teamsky.com. Архивирано од изворникот на 2015-03-15. Посетено на 2015-03-16.
  52. „Ричи Порт победи на Париз-Ница“. Cyclingnews.com. 15 март 2015. Посетено на 15 март 2015.
  53. „Австралиецот Ричи Порт победи на Париз-Ница по вторпат“. ABC News (Australia). 15 март 2015.
  54. „Ричи Порт и Тим Скај на врвот на Светската турнеја по Париз-Ница“. Cycling Weekly. 16 март 2015.
  55. Стивен Падикомб (29 март 2015). „Ричи Порт издржа пред Валверде да ја запечати победата во Каталуња“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. Посетено на 29 март 2015.
  56. Кирстен Фратини. „Џиро дел Трентино 2015: Етапа 4 Резултати“. Cyclingnews.com.
  57. Стивен Фаранд. „Porte takes charge at the Giro del Trentino“. Cyclingnews.com.
  58. Стивен Фаранд. „Порт подготвен за Џиро д'Италија со победата на Трентино“. Cyclingnews.com.
  59. „Inside Richie Porte's Giro d'Italia motorhome“. Cycling Weekly. IPC Media Sports & Leisure network. 18 мај 2015. Посетено на 24 мај 2015.
  60. Грегор Браун (19 мај 2015). „Порт казнет две минути и 200 франци за помошта на Орика“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2015-12-22. Посетено на 24 мај 2015.
  61. http://www.bbc.co.uk/sport/0/cycling/32851585
  62. Стивен Фаранд (24 мај 2015). „Џиро д'Италија: Кениг го презема водството на Скај откако Порт изгуби 27 минути“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 мај 2015.
  63. „Ричи Порт го напушта Џиро д'Италија“. Cyclingnews.com. Future plc. 25 мај 2015. Посетено на 25 мај 2015.
  64. „Tour de France 2015: Chris Froome makes huge statement with stage win“. The Guardian. 14 јули 2015.
  65. „Тур де Франс 2015: Chris Froome poised to win Tour with one stage left“. Sydney Morning Herald. 26 јули 2015.
  66. „Ричи Порт потврди дека ќе го напушти Тим Скај на крајот на сезоната“. theguardian.com. 13 јули 2015. Посетено на 13 јули 2015.
  67. „Porte confirmed with BMC for 2016“. August 2015.
  68. Бенсон, Даниел (8 октомври 2015). „Porte: I didn't leave Team Sky for BMC just to target the Giro d'Italia“. cyclingnews.com. Посетено на 29 март 2016.
  69. Вудпауер, Зеб (7 јануари 2016). „Dennis crushes field to claim maiden Australian time trial title“. cyclingnews.com. Посетено на 29 март 2016.
  70. Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Tour Down Under: Porte wins on Willunga Hill“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-23. Посетено на 29 март 2016.
  71. Вудпауер, Зеб (24 јануари 2016). „Simon Gerrans wins the 2016 Tour Down Under“. cyclingnews.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-27. Посетено на 29 март 2016.
  72. Рајан, Бери (17 февруари 2016). „Porte concedes more ground at the Tour of Oman“. cyclingnews.com. Посетено на 29 март 2016.
  73. „Porte rides onto podium at Paris-Nice with final-day attacks“. cyclingnews.com. 13 март 2016. Посетено на 29 март 2016.
  74. Фотерингем, Аласдер (27 март 2016). „Quintana wins Volta a Catalunya“. cyclingnews.com. Посетено на 28 март 2016.
  75. „Porte moves to top of WorldTour rankings“. Cycling News. Посетено на 2 август 2016.
  76. „Van Avermaet surges to World Rankings lead“. Cycling News. Посетено на 2 август 2016.
  77. Смит, Софи. „Richie Porte gains confidence from fifth-place finish in the Tour de France“. Cycling Weekly. Посетено на 2 август 2016.
  78. „Trek-Segafredo announce official 2019 rosters for men and women“. Trek Bicycle Corporation. Intrepid Corporation. 27 декември 2018. Посетено на 5 јануари 2019.
  79. Malach, Pat (26 January 2020). „Porte takes Tour Down Under crown from Impey on Willunga Hill“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 November 2020.
  80. Pender, Kieran (14 September 2020). „Richie Porte within reach of podium finish as Tour de France finale looms“. The Guardian. Архивирано од изворникот 27 November 2020. Посетено на 27 November 2020.
  81. Smale, Simon (19 September 2020). „Richie Porte could time trial himself onto the Tour de France podium“. ABC News. Australian Broadcasting Corporation. Посетено на 27 November 2020.
  82. Dreier, Fred (19 September 2020). „Analysis: How the Tour de France GC stars fared in the La Planche des Belles Filles time trial“. VeloNews. Pocket Outdoor Media Inc. Посетено на 27 November 2020.
  83. Pretot, Julien (21 September 2020). „Porte seals podium place as Pogacar rides to Tour de France victory“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Посетено на 27 November 2020.
  84. „Porte wins Australian Cyclist of the Year award“. Cycling News. 17 February 2021. Посетено на 18 February 2021.
  85. „Tom Pidcock and Richie Porte sign for Ineos Grenadiers for 2021“. BBC Sport. 25 September 2020. Посетено на 25 September 2020.
  86. Fretz, Caley (8 March 2021). „Richie Porte escapes broken bones but is 'beat up and sore' after Paris-Nice crash“. CyclingTips. CyclingTips Media Pty Ltd. Посетено на 11 September 2021.
  87. „Adam Yates powers to victory in Volta a Catalunya“. The Guardian. PA Media. 28 March 2021. Посетено на 11 September 2021.
  88. Fletcher, Patrick (2 May 2021). „Geraint Thomas wins Tour de Romandie“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 September 2021.
  89. Cossins, Peter; Ostanek, Daniel (6 June 2021). „Richie Porte wins the Critérium du Dauphiné“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 11 September 2021.
  90. Ballinger, Alex (26 June 2021). „Tour de France 2021: Geraint Thomas 'gutted' as Richie Porte and Tao Geoghegan Hart lose time“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 11 September 2021.
  91. „Tour taking its toll, but Aussies thriving and surviving“. Cycling Central. Special Broadcasting Service. 7 July 2021.
  92. Windsor, Richard (22 July 2021). 'It's been a nice run, but it's time': Richie Porte says 2021 edition was his final Tour de France“. Cycling Weekly. Future plc. Посетено на 11 September 2021.
  93. Homfray, Reece (22 July 2021). „Tokyo 2021: Aussie veteran cyclist Richie Porte eyes Olympic double after riding final Tour de France“. Herald Sun. The Herald and Weekly Times. Посетено на 11 September 2021.
  94. „New winners emerge from Contador's suspension“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 февруари 2012. Посетено на 19 февруари 2012.
  95. „Вуелта а Кастиља и Леон (ШПА), 16 април 2011 - Етапа 4 (ITT): Замора - Замора“. Меѓународен велосипедистички сојуз. Infostrada Sports. Архивирано од изворникот на 2013-08-29. Посетено на 19 февруари 2012.

Надворешни врскиУреди