Петар Јуруков
Петар Христов Јуруков (Карлово, 19 декември 1882 — Прилеп, 18 јануари 1906) — македонски револуционер,[1] учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.[2][3]
Петар Јуруков | ||
Роден | 19 декември 1882 Карлово, Источна Румелија | |
---|---|---|
Починал | 18 јануари 1906 Прилеп, Македонија |
Животопис
уредиРоден е 1882 година во Карлово, тогаш во Источна Румелија. До 4-ти клас учел во Карлово, а 5-тиот клас го завршил во Пловдив во 1898 година. Својот револуционерен пат го започнал во Самоков , како член на младинскиот револуционерен кружок Трајко Китанчев.
Петар Јуруков со неполни 19 години заминал со една чета предводена од Михаил Апостолов- Попето и Аргир Манасиев и се упстиле во Тиквешијата, со цел да киднапираат еден рударски инженер, Англичанец. Потоа се префрлиле во Кукуш, заменувајќи го Христо Чернопеев.
Во пролетта 1902 година на предлог на Гоце Делчев Петар Јуруков заминува пак во Тиквешијата со цел да раководи со тиквешката околиска чета.
Непосредно пред востанието Петар Јуруков располагал со околу 300 пушки. При крајот на јули неговата четата имала 80 души од кои биле формирани три одделенија и биле изведени повеќе диверзантски акции. Поради тие дејства се зголемила раздвиженоста и репресивноста кај турската војска, па војводата Јуруков ги распуштил мобилизираните селани, а оставил 40 востаници.
Од овие се формирале две чети. Четите биле принудени да се префрлат во Прилепско. Во средината на август војводата Јуруков се вратил во Тиквешијата.
На 16 август востаниците биле ненадејно нападнати и започнала жестока битка кај с. Шешково. Во таа борба загинале 15 четници и 17 турски војници.
Во 1905 година, по заповед на Македонската револуционерна организација, го презел раководењето со разбиениот Крушевски реон. Умрел од тешка рана во Крушево, во 1905 година.
Во негова чест во Прилеп е поставен споменик, кој што е урнат после 1944 година.
Извори
уреди- ↑ Hristo Andonov-Poljanski, Misla (1980). Odbrani dela: Makedonskoto nacionalno-osloboditelno dviženje. стр. 140.
- ↑ Спомени на Петар Јуруков.
- ↑ Въстаническият щаб на "Кожух" - вестник Българска армия
Галерија
уреди-
Четите на Јордан Спасов (во бело) и Петар Јуруков (во црно) од 20.06.1905 г.
-
Јуруков како четник.
-
Потврда за Јуруков од Задграничното претставнштво, потпишано од Христо Татарчев.
-
Четата на Јуруков во 1903 г.