Саша Ќириќ
Саша Ќириќ (Куманово, 11 јануари 1968) — поранешен македонски фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Саша Ќириќ | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Саша Ќириќ | ||
Роден на | 11 јануари 1968 | ||
Роден во | Куманово, Југославија | ||
Висина | 1.83 | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | напад | ||
Повлекување | 2006 | ||
Младинска кариера | |||
–1987 | ФК Слога Умин Дол | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1987–1989 |
![]() | ||
1989–1991 |
![]() | ||
1991–1993 |
![]() | 33 | (35) |
1993 |
![]() | 14 | (8) |
1994–1995 |
![]() | 33 | (36) |
1995–1997 |
![]() | 73 | (30) |
1998–1999 |
![]() | 45 | (22) |
1999–2000 |
![]() | 32 | (14) |
2000–2002 |
![]() | 25 | (11) |
2002–2004 |
![]() | 47 | (21) |
2004–2006 |
![]() | 32 | (12) |
Репрезентација | |||
2002–2006 |
![]() | 26 | (8) |
|
КариераУреди
Својата фудбалска кариера Ќириќ ја започнува во своето родно место, за локалниот клуб ФК Слога (Умин Дол) во најниската лига на поранешна Југославија. Од таму, во 1986 година заминува директно во најсилна југословенска лига во ФК Вардар од Скопје, каде што добива 2-годишен стипендиски договор, но останува само 6 месеци за да биде потоа одстапен на ФК.Металург (Скопје) . По поминати 1,5 години и отслужување на воениот рок, во лето 1989 година потпишува договор за ФК Пелистер од Битола, каде што под водство на тренерот Ѓоко Хаџиевски прераснува во голгетер и водач на екипата. Во 1991 повторно се враќа во ФК. Вардар каде што настапува во последната сезона од југословенската лига, за да веќе наредната сезона 92/93 со клубот, во новото Македонско првенство,ги постави рекордите кои до денеска сѐ уште ненадминати. Пред сè тука се двете титули за најдобар стрелец во првенството, од кои втората со 36 голови е и денеска рекордна,3 Шампионски титули, 2 Купа на Македонија, а исто така за одбележување се и сите негови 77 првенствени натпревари во Македонското првенство без ниту еден пораз. Во меѓувреме, во сезоната 93/94, имаше краток 8-месечен „излет„ во ЦСКА Софија, имајќи ги своите први интернационални настапи. Во 1995 година заминува во Швајцарскиот клуб Арау, каде што после поминати 2 и пол сезони, на свои 30 години, а на инсистирање на тренерот Феликс Магат,заминува во една од најсилните Европски лиги Германската Бундеслига во ФК Нирнберг. Мошне брзо станува миленик на публиката и голгетер на тимот пласирајќи се веќе во својата прва Бундеслига сезона во врвот на списокот на најдобри стрелци. Во 1999 година заминува во второлигашот Тенис Борусија од Берлин за рекордни, во тоа време, 4,5 милиони обесштетување, но по одземање на лиценцата на клубот веќе после една година заминува повторно кај Феликс Магат во првата Бундеслига, овојпат во Ајнтрахт Франкфурт. Во 2002 се враќа во, како што и самиот кажува, својот најомилен клуб Нирнберг настапувајќи во наредните две сезони. Професионалната кариера ја завршува, во традиционалниот Германски клуб Кикерс Офенбах, со 38 години.