Теологија

(Пренасочено од Теолог)

Теологија (од грчки θεος, theos, „Бог“, + λογος, logos, „збор“ или „разум“) или богословие — дискурс што ја поврзува религијата, спиритуалност и Бога. Теолозите се стремат кон употреба на рационални анализи и аргументи, а сè со цел дискусија, интерпретација и учење на религиозните теми.

Терминологија од областа на теологијата (стиснете на сликата за да отворите и читате во целост)

Во своето дело „Пофалба на глупоста“, Еразмо Ротердамски ги критикува и исмејува теолозите, затоа што зборуваат со измислени изрази и зборови кои никој не ги разбира. Притоа, според него, теолозите се занимаваат со мистериозни прашања, како што се: по кои канали гревот стигнал до потомците на Адам; на кој начин и за колку време Христос созреал во утробата на Марија; на кој начин во сакраментот акциденцијата постои без материјата; дали е потребно време за божественото создавање; дали во Христос има повеќе од едно синство итн. Оттука, Еразмо ги обвинува теолозите дека го знаат одговорот дури и на оние прашања на кои не можеле да одговорат ниту самите апостоли.[1] Понатаму, тој им се потсмева на теолозите за нивната практика „Светото писмо да го растегнуваат како кожа“, т.е. да ископааат неколку зборови овде-онде и да им ја изменат смислата онака како што им одговара, дури кога тие имаат и спротивно значење.[2]

Теологијата како тема во уметноста и во популарната култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 68-73.
  2. Erazmo Roterdamski, Pohvala ludosti. Beograd: Rad, 2016, стр. 93.
  3. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 50-54.
  4. Хорхе Луис Борхес, Алеф. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 27-33.
  5. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 19.