Константин Миладинов

македонски поет
Поврзано Браќа Миладиновци.

Константин Миладинов (Струга, 1830Цариград, денешен Истанбул, 18 јануари 1862) — македонски собирач на народни умотворби и поет.[1][2] Со неговата песна „Т'га за југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на поезијата.

Константин Миладинов
Роден/а1830
Струга, Македонија, Отоманско Царство
Починат/а23 јануари 1862
Цариград, Отоманско Царство
Занимањеславист, поет и преродбеник
ОбразованиеОсновно училиште во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, Грција, словенска филологија на Филозофскиот факултет при императорскиот универзитет во Москва
Период19 век
ЖанрПреродба
Предметпреродбеник и собирач на народни умотворби
Книжевно движењеРомантизам
Значајни делаТ'га за југ

Животопис

уреди

Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.

По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847 година станал учител во селото Трново, Битолско.

По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857 година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник „Братски труд“, како и во весникот „Дунавски лебед“.

 
Константин Миладинов (долу десно) во Москва со бугарскиот писател Љубен Каравелов

Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.

Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија.

Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба.

Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмајер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмајер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

 
Картичка со оригиналниот текст на поемата "Т’га за југ", од Константин Миладинов

На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни, собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).

Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година, под досега неразјаснети околности.

На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на браќата Димитрија и Константин Миладинови.

Генеалогија

уреди
 
 
 
 
 
 
Ристе Миладинов
 
Султана Миладинова
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Димитрија Миладинов
 
Тане Миладинов
 
Наум Миладинов
 
Мате Миладинов
 
Апостол Миладинов
 
Константин Миладинов
 
Ана Миладинова
 
Крста Миладинова

Поетски текстови

уреди
 
Песната Т'га за југ објавена во весникот Дунавски лебед, 7 февруари 1861

Константин Миладинов како тема во уметноста

уреди

Галерија

уреди

Библиографија

уреди
  • Константин Миладинов. (1984). Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје: Мисла.
  • Поленаковиќ, Харалампие. (1984). „Поетот Константин Миладинов“. Во: Константин Миладинов. Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски, Скопје: Мисла.

Наводи

уреди
  1. Македониум, антологија на македонската национално-политичка мисла, стр. 9 и 10, Скопје, 2003.
  2. Писмо на Константин Миладинов до Георги С. Раковски, 8 јануари 1859, „Браќа Миладиновци – препис“, коментирал и уредил Никола Трајков, Бугарска академија на науките, Институт за историја, Издание на БАН, Софија 1964, стр. 131-133.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 15.
  4. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 19.
  5. „Б'лгарски книжици“, година I, 1858, кн. 24.
  6. 6,0 6,1 „Б'лгарски книжици“, година II, 1859, кн. 22.
  7. 7,0 7,1 „Братски труд“, 1860, кн. 1.
  8. „Братски труд“, 1860, кн. 3.
  9. 9,0 9,1 „Дунавски лебед“, г. I, 1860, бр. 20.
  10. Славко Јаневски, Евангелие по Итар Пејо. Скопје: Кочо Рацин, 1966, стр. 47-48.

Надворешни врски

уреди