Доминик Ливаковиќ

хрватски фудбалер

Доминик Ливаковиќ (роден на 9 јануари 1995 г.) — хрватски професионален фудбалер кој игра на позицијата голман во хрватскиот прволигаш Динамо Загреб и за репрезентацијата на Хрватска.

Доминик Ливаковиќ
Ливаковиќ со Динамо Загреб во 2021 г.
Лични податоци
Роден на 9 јануари 1995(1995-01-09)(29 г.)[1]
Роден во Задар, Хрватска
Висина 1.87 м[2]
Позиција Голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Динамо Загреб Динамо Загреб
Број 40
Младинска кариера
2007–2012 НК Задар НК Задар
2012–2014 НК Загреб НК Загреб
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2015 НК Загреб НК Загреб 72 (0)
2015– Динамо Загреб Динамо Загреб 198 (0)
2015–2016НК Загреб НК Загреб (заем) 32 (0)
Репрезентација
2011 Хрватска Хрватска под 17 г. 6 (0)
2013–2014 Хрватска Хрватска под 19 г. 6 (0)
2014–2016 Хрватска Хрватска под 21 г. 15 (0)
2017– Хрватска Хрватска 43 (0)

Клупска кариера

уреди

Ливаковиќ станал дел од првиот тим на ФК Загреб на почетокот на сезоната 2012–13. Првично втор избор на голманската позиција, тој го одиграл својот прв лигашки натпревар на 31 август 2012 година, на домашен терен против екипата на Цибалија.[3] Тој набрзо станал прв избор на клубот на голманската позиција и одиграл вкупно 104 натпревари во четири сезони, вклучително 90 во првата хрватска лига.

На 30 август 2015 година, тој потпишал договор со Динамо Загреб на почетокот на сезоната 2016–17. Ливаковиќ своето деби за новиот клуб го имал на 2 октомври 2016 година против Хајдук Сплит во натпревар кој завршил без голови. На 18 октомври 2016 година, тој го имал својот прв европски настап во Лигата на шампионите во натпревар против Севиља кој неговиот клуб го загубил со 1–0.

На 30 јули 2019 година, во победата од 3–0 против Сабуртало Тбилиси во квалификациите од Лигата на шампионите, Ливаковиќ го соборил рекордот на Дражен Ладиќ од 1995 година за најмногу минути од почетокот на сезоната на Динамо без примен гол (413).[4] Тој го примил првиот гол во сезоната три дена подоцна, во победата од 3–1 против Горица, поставувајќи нов рекорд од 535 минути.[5][6]

На 26 август 2020 година, во квалификациите од Лигата на шампионите против Клуж, Ливаковиќ одбранил пенал во регуларниот дел од натпреварот, а потоа во пенал серијата неговата одбрана била клучна за Динамо да победи 6–5 на пенали и да се квалификува за третото квалификациско коло.[7] Во сезоната 2020–21, во групната фаза од Лига Европа, Ливаковиќ бил пофален за неговите одлични настапи откако примил само еден гол во пет натпревари и го предводел Динамо до првото место во својата група.[8][9] Тој одбранил пенал на Стивен Бергис во ремито 0–0 против Фејенорд на 22 октомври.[10][11]

Меѓународна кариера

уреди

Ливаковиќ го добил својот прв сениорски повик за репрезентацијата на Хрватска за пријателскиот натпревар против Молдавија во мај 2016 година.[12] Тој го одиграл својот прв натпревар на пријателскиот турнир Кина куп 2017 против Чиле, каде Хрватска загубила на пенали.

Во мај 2018 година, Ливаковиќ бил именуван во хрватскиот состав од 32 играчи за Светското првенство 2018 во Русија, и на крајот бил дел од тимот кој го освоил сребрениот медал на турнирот по поразот во финалето од Франција.[13] Првиот настап во официјален натпревар Ливаковиќ го забележал против Англија во натпревар од Лигата на нации одигран на 12 октомври 2018 година кој завршил без голови.

На 5 декември 2022, во осминафиналето од Светското првенство 2022 против Јапонија, Ливаковиќ бил прогласен за играч на натпреварот откако одбранил три пенали во пенал серијата и помогнал Хрватска да се пласира во четвртфиналето.[14][15] Тој станал третиот голман со три одбрани во пенал сериите на светските првенства, по Рикардо во 2006 и неговиот сонародник Даниел Субашиќ во 2018 година. Во четвртфиналниот натпревар против Бразил, тој одбранил пенал во пенал серијата и ја испратил Хрватска во полуфинале.[16] Во полуфиналето против Аргентина, Ливаковиќ се судрил со Хулијан Алварез во пенал просторот, што резултирало со пенал за Аргентина кој во гол го претворил Лионел Меси. Хрватска била поразена од Аргентина и се пласирала во натпреварот за трето место против Мароко кој завршил со победа од 2-1 за Хрватска. Тој бил прогласен за играч на натпреварот, и добил ретка оцена 10/10 од весникот L'Équipe, станувајќи само 15. играч во историјата со таква оцена.[17][18] Иако важел за еден од фаворитите за освојување на наградата Златна ракавица за најдобар голман,[19] сепак таа му припаднала на аргентинецот Емилијано Мартинес.[20][21]

Успеси

уреди

ФК Загреб

Динамо Загреб

Хрватска

Индивидуални

  • Фудбалски оскар – Тим на годината во Првата хрватска лига: 2015, 2017, 2018, 2019, 2020, 2021, 2022
  • Фудбалски оскар – Најдобар хрватски голман: 2019, 2020, 2021, 2022
  • УЕФА Лига Европа Breakthrough XI: 2018
  • УЕФА Лига Европа тим на сезоната: 2020–21[24]

Одликувања

Наводи

уреди
  1. UEFA.com. „Dominik Livaković - Croatia - UEFA Nations League“. UEFA.com (англиски). Посетено на 8 ноември 2020.
  2. „Dominik Livaković“. GNK Dinamo Zagreb. Посетено на 7 September 2022.
  3. „Zagreb vs Cibalia“. Soccerway. Посетено на 29 September 2014.
  4. „Livaković postao novi klupski rekorder“. GNK Dinamo (хрватски). 30 July 2019. Посетено на 6 September 2020.
  5. Hina (2 August 2019). „Dinamo slomio Goricu: Olmo zabio i asistirao, Lovrić matirao Livakovića“. Gol.hr (хрватски). Посетено на 6 September 2020.
  6. „Dinamo Zagreb 2019-20 - Forum - Sportnet.hr“. sportnet.rtl.hr (хрватски). 2 August 2019. Архивирано од изворникот на 2023-07-07. Посетено на 6 September 2020.
  7. Ničota, Tomo (26 август 2020). „Dinamovci s igračem manje izborili 3. pretkolo! Primili gol u nadoknadi, pa prošli na penale“. Sportske novosti (хрватски). Посетено на 27 август 2020.
  8. „Livaković zaprepastio nogometne fanove: "Najbolji je vratar svijeta. Zapamtite to ime". Gol.hr (хрватски). 11 декември 2020. Посетено на 12 декември 2020.
  9. N. Z. L. (11 декември 2020). „FUDBALSKA EVROPA U NEVERICI ZBOG OVOG POTEZA Golman Dinama od sinoć ima novi nadimak zbog ove ČUDESNE INTERVENCIJE! /VIDEO/“. Blic (српски). Посетено на 12 декември 2020.
  10. Ničota, Tomo (4 декември 2020). „Pet ključnih Dinamovih točaka na putu do europskog proljeća, sve je krenulo s Livakovićevim potezom“. Sportske novosti (хрватски). Посетено на 12 декември 2020.
  11. Tolić, Josip (22 октомври 2020). „Livi, majstore! Pogledajte kako je skinuo četvrti penal u sezoni“. 24sata (хрватски). Посетено на 12 декември 2020.
  12. „Croatia v Moldova“. skysports.com. 27 мај 2016. Посетено на 10 June 2016.
  13. „Revealed: Every World Cup 2018 squad - Final 23-man lists | Goal.com“.
  14. „Japan-Croatia“. FIFA.com. FIFA.com. 5 December 2022. Посетено на 5 December 2022.
  15. „HNS on Twitter“. Twitter. HNS. 5 December 2022. Посетено на 5 December 2022.
  16. „Livakovic saves three penalties as Croatia advances. He also saved 2 penalties against Brazil in the quarterfinals to send his team to the semifinals“. beIN Sports. 5 декември 2022. Посетено на 5 декември 2022.
  17. „Livakoviću desetka L'Equipea. "Brazilcima se povraća od golmana zagrebačkog Dinama". Index.hr (хрватски). 10 декември 2022. Посетено на 10 декември 2022.
  18. A. Cl.; H. G.; L. T.; F. V. (9 December 2022). „Les notes de Croatie-Brésil : Livakovic sur un nuage“. L'Équipe (француски). Посетено на 10 December 2022.
  19. Tolić, Josip (14 декември 2022). „Osim bronce, jedan će 'vatreni' u subotu loviti prestižni trofej“. 24sata (хрватски). Посетено на 23 December 2022.
  20. „Najveća polemika posle Mundijala: Nepravda naneta Livakoviću, Martinezu počasti sa skoro 4 puta manje odbrana“. Telegraf.rs (српски). 19 декември 2022. Посетено на 23 December 2022.
  21. „Livaković: "Zlatna rukavica? Ovo je najveća nagrada". N1 Hrvatska (хрватски). 19 декември 2022. Посетено на 23 декември 2022.
  22. McNulty, Phil (15 јули 2018). „France 4–2 Croatia“. BBC. Посетено на 15 јули 2018.
  23. Smyth, Rob (17 December 2022). „Croatia 2-1 Morocco: World Cup 2022 third-place playoff – as it happened“. the Guardian. Посетено на 17 декември 2022.
  24. „UEFA Europa League Squad of the Season 2020/21“. UEFA. 28 May 2021. Посетено на 30 мај 2021.
  25. „News: President Decorates Croatian National Football Team Players and Coaching Staff“. Office of the President of the Republic of Croatia. 13 ноември 2018. Архивирано од изворникот на 9 април 2019. Посетено на 11 јануари 2019. the Order of Prince Branimir with Ribbon was awarded to Mr. Dominik Livaković...

Надворешни врски

уреди