Шамони
Шамони Мон Блан (француски:Chamonix-Mont-Blanc ), попознат како Шамони — општина во Горна Савоја во Оверњ-Рона-Алпи регионот во југоисточна Франција. Овде се одржале првите Зимски олимписки игри во 1924 година. Во 2017 година во Шамони имало 8.611 жители.
Шамони Chamôni (јазик?) | ||
---|---|---|
Општина | ||
Долината Шамони со Мон Блан во позадина | ||
Земја | Франција | |
Регион | Рона-Алпи | |
Департман | Горна Савоја | |
Округ | Боневил | |
Кантон | Ле Мон Блан | |
Управа | ||
• Градоначалник (2020–2026) | Ерик Фурние | |
Површина1 | 245,46 км2 (9,477 ми2) | |
Население (2019)2 | 8.640 | |
• Густина | 0,35/км2 (0,91/ми2) | |
INSEE/Пошт. бр. | 74056 / 74400 | |
Надм. висина | 995 м (прос. 1035 м) | |
1 Катастарски податоци, каде не се вбројани езера, бари и ледници > 1 км2 и речни устија. 2 Единечно пребројување: жителите на повеќе општини (на пр. студенти и воени лица) се бројат само еднаш. |
Сместен северно од Мон Блан, помеѓу врвовите на Егиј Руж и познатиот Егиј ду Миди, Шамони е еден од најстарите скијачки центри во Франција. Општината Шамони е популарна меѓу скијачите и планинарите.
Статус
уредиШамони е четвртата по големина општина во Франција, со површина од 245 квадратни километри. Со население од околу 8.900 жители се наоѓа на 1.089-то место во Франција.[1]
Планински и зимски спортови
уредиШамони е туристички центар за зимски спортови. Како највисок европски врв западно од Русија, [2] Мон Блан привлекува многу планинари и алпинисти. Од 2003 година, секој август овде се одржува Ултрамаратонот до Мон Блан (Ultra-Trail du Mont-Blanc).
Има жичница која води до 3842 метри високот врв Егиј ди Миди. Изградена во 1955 година, своевремено била највисоката жичарница на светот, [3] а денес е највисоката вертикална жичарница во светот. [4]
Шамони е поделен на 3 посебни скијачки подрачја (фра: Les Grands Montets, Brévent - Flégère, le domaine de Balme). [5] Покрај Зимските олимписки игри во 1924 година, во Шамони се одржуваат натпревари од ФИС Светскиот куп во алпско скијање и Арлберг-Кандахар. Бил домаќин на ФИС Светското првенство во нордиско скијање (1937) и Светското првенство во биатлон за жени во 1984 и 1988 година.
Светското првенство во хокеј на мраз во 1930 година претежно се одржало во Шамони. Градот бил и домаќин на Европското првенство во карлинг во 1991 и 1999 година.
Наводи
уреди- ↑ Sources des données : INSEE – Chamonix: Données générales
- ↑ „Chamonix Resort Information“. Freedom Snowsports. Посетено на 30 July 2018.
- ↑ „Chamonix, Capitale Mondiale De L'alpinisme“. Summit Post. 6 April 2008. Архивирано од изворникот на 13 April 2015. Посетено на 30 May 2016.
- ↑ Berne, Laurent (2012). L'aventure du premier téléphérique de France: Chronique du premier téléphérique de l'Aiguille du Midi, dit "des Glaciers", à Chamonix-Mont-Blanc. Éditions des Rochers. ISBN 9782746641556. Посетено на 14 June 2017.
- ↑ Chamonix ski resort guide
Надворешни врски
уреди- Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help) - Official site of the city of Chamonix Mont-Blanc
- Chamonix Tourist Information Office and Website
- Chamonix Society for Mountain Rescue and Safety Information
- Impeding Hitler’s endeavour to capture Mont Blanc – The battle of the Vallée Blanche