Борис Барнет (руски: Бори́с Васи́льевич Ба́рнет, 18 јуни 1902, Москва - 8 јануари 1965, Рига) - советски филмски режисер и глумец.

Животопис

уреди

Под дејство на алкохолизмот со којшто се борел и разочаран од неуспехот на последните негови филмови, Барнет се обесил на 8 јануари 1965 година. Притоа, тој оставил писмо во кое напишал дека му се чини дека ја изгубил способноста да прави добри филмови, а со тоа ја загубил и желбата за живот.[1]

Творештво

уреди

Денес, критиката го смета Барнет за еден од заборавените гении на советската кинематографија. Неговиот култен статус го создале припадниците на францускиот нов бран, како Жак Ривет и Жан Лик Годар, кој изјавил: „Ако не ви се допаѓаат неговите филмови, сигурно имате срце од камен.“ Исто така, и Тарковски, Климов, Мита и Михалков биле воодушевени од филмовите на Барнет.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Кинотека на Македонија, „Програма, ноември 2015“.