Еузебио

португалски фудбалер

Еузебио да Силва Фереира (португалски: Eusébio da Silva Ferreira; Лоренцо Маркеш, 25 јануари 1942 - 5 јануари 2014[2]) — португалски фудбалер од африканско потекло. Бил член на репрезентацијата на Португалија која го освоила третото место на Светското првенство во 1966 година. На тоа првенство бил прогласен за најдобар стрелец со 9 постигнати голови. Освојувач е на Златната тока во 1965 година. Четири пати бил најдобар стрелец во португалската лига.

Еузебио
Лични податоци
Полно име Еузебио да Силва Фереира
Роден на 25 јануари 1942(1942-01-25)
Роден во Лоуренсо Маркеш, Португалски Мозамбик
Починал на 5 јануари 2014(2014-01-05) (воз. 71 г.)
Починал во Лисабон, Португалија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001750000001,75 м
Играчки податоци
Позиција Напад
Повлекување 1 јули 1979 (37 г.)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1957–1960 Спортинг Лоуренсо Маркеш 42 (77)
1960–1975 Бенфика 301 (317)
1975 Бостон Минјутмен 7 (2)
1975 Монтереј 10 (1)
1975–1976 Торонто Метрос-Кроација 25 (18)
1976 Беира-Мар 12 (3)
1976–1977 Лас Вегас Квиксилверс 17 (2)
1977–1978 Унијон ди Томар 12 (3)
1978–1979 Њу Џерси Американс 4 (5)
Total 743 (749)
Репрезентација
1961–1973 Португалија Португалија[1] 64 (41)

Најголемиот дел од својата кариера го поминал во Бенфика (од 1960 до 1975 година) и за тоа време постигнал 315 голово на 301 натпревар што претставува клупски рекод. На 727 настапи во кариерата постигнал 715 погодоци. ИФФХС го прогласил за 9-ти најдобар играч на сите времиња,[3] додека Фудбалската федерација на Португалија во 2003 година го пограсила за најдобар фудбалер на таа земја во последните 50 години.[4] Познат е уште и по прекарот Црн пантер.

Кариерата ја започнал во Спортинг од Мапуто од каде што на 18 години се префрлил во Бенфика. Покрај овие два тима, Еузебио настапувал и за ФК Монтереј и Беира Мар, како и многу клубови од Северна Америка.

Наводи

уреди
  1. Pierrend, José Luis (29 October 2005). „Eusébio Ferreira da Silva – Goals in International Matches“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 10 March 2009.
  2. „Preminuo legendarni Euzebio“. Blic. Посетено на 5 јануари 2014.
  3. Stokkermans, Karel (30 јануари 2000.). „IFFHS' Century Elections“. Rec.Sport.Soccer Statistics Foundation. Посетено на 10 март 2009.. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  4. "Golden Players take centre stage" Архивирано на 12 март 2007 г. - uefa.com, UEFA, 2003.

Надворешни врски

уреди