Алберт Швајцер
Алберт Швајцер (Albert Schweitzer) (14 јануари 1875 - 4 септември 1965), познат хуманист, лекар, филозоф и музичар.
Алберт Швајцер | |
---|---|
Роден(а) | 14 јануари 1875 Кајсерсберг, (Alsace-Lorraine), 1871-1918 дел од Германско Царство (денес Haut-Rhin, Франција) |
Починал(а) | 4 септември 1965 Ламбарене, Габон | (возр. 90)
Националност | Германец (1875–1919), Французин (1919–1965) |
Полиња | медицина, музика, филозофија, теологија |
Познат по | Mузика, Филантропија, Теологија |
Поважни награди | награда Гете (1928) Нобелова награда за мир (1952) |
Швајцер станал прочуен по тоа што на 30-годишна возраст ги напуштил своите извонредни музички и академски кариери, за да се посвети на лекарската професија длабоко во Африканската џунгла.
Роден во село Кајсерберг, Алзас, област која низ историјата постојано ги менувала рацете помеѓу Германија и Франција. По школување на неколку универзитети, во 1899 година ја објавува докторската дисертација „Религиската филозофија на Кант“.
Во 1906 година ја објавува „Потрагата по историскиот Исус“ книга со особена оригиналност во која комбинира научна историска анализа и теологија. Со неа, Швајцер првпат стекнува меѓународна репутација.
Алберт Швајцер бил познат оргулар (свирач на оргули). Посебно бил заинтересиран за Јохан Себастијан Бах и е автор на делото „Ј. С. Бах“, двотомна анализа на Баховата музика, која и денес служи како важен извор на студентите.
Во 1913, непосредно пред почетокот на Првата светска војна, со својата сопруга Хелена Бреслау патува во Африка. За локација на нивните хуманитарни активности тие уште пред почетокот на патувањето го избираат местото Ламбарене, денешен Габон, на западниот брег на екваторска Африка. Таму, со помош на месното население, подигаат болница и ја водат.
Поради Големата Војна и неговото германско потекло, 1917 година француските власти го интернираат во камп во Франција. Таму тешко се разболува, и следните седум години ги минува во Европа.
Во 1923 година ја објавува својата најзначајна книга, „Филозофија на цивилизацијата“. Во неа, Швајцер тргнува од фактот дека цивилизацијата се распаѓа и буквално пропаѓа пред наши очи. Тој ги дијагностицира причините за нејзиното пропаѓање, потоа прави преглед на сите филозофски учења од почетокот на историјата до денес, и завршува со предлог за нова филозофија за светот и животот заснована врз принцип на Почит кон Животот и тоа кон секој живот како таков. Во тоа, тој ја антиципира филозофијата на научно-фантастичниот писател Филип K. Дик, и станува веројатно прв јавен застапник за добробитта на животните.
Во следните децении Швајцер се посветува на лекарската дејност. Често патува низ светот со цел да набави средства за болницата во Ламбарене, ги промовира своите етички погледи, и одржува музички концерти.
Во болницата работи како лекар, хирург, психијатар, главен управник, а своерачно подига и посебна населба за лепрозни. Во сето тоа тој ја има поддршката на луѓе од разни краеви на светот кои доаѓаат на привремена работа, поддршката на локалните Африканци, и, пред сè, на неговата сопруга.
Во 1952 година му ја доделуваат Нобеловата награда за мир.
Во текот на 50-ите и 60-ите години Швајцер силно се ангажира против јадреното наоружување и Студената Војна, водејќи од својата болица кореспонденција со Алберт Ајнштајн, и апелирајќи до американскиот претседател Џон Кенеди, и други.
Во 1965 година умира во Ламбарене, но неговата болница сè уште работи, постојано модернизирајќи се и ширејќи се.
Музика
уредиШвајцер бил познат оргулар и беше силно заинтересиран за музиката на Јохан Себастијан Бах. Развил едноставен стил на изведба за кој сметаше дека е поблиску до оној на Бах. Во 1908 ја заврши својата конечна верзија на книгата „Јохан Себастијан Бах„. Во книгата расправа за новиот стил која имаше големо влијание врз начинот на кој Баховата музика денес е третирана.
Главната рекреација на Швајцер додека беше во Ламбарена била изведбата на Баховата музика. Исто така држеше концерти за да ги зголеми паричните средства за медицинските залихи во Габон.
Помеѓу 1934 и 1935 година во Queen's Hall, Лондон имаше пробни снимања за дискографската куќа HMV (His Master Voice). Во средината на декември 1935 започна со снимање за Columbia Records на оргулите при All-Hallows-by-the-Tower, Баркинг, Лондон.
Аудио снимките од Швајцеревите изведби на Бах се достапни на ЦД.
Теологија и филозофија
уредиШвајцер стана мошне познат со неговите книги за Исус и христијанството. Тој беше заинтересиран првенствено за христијанската идеја за крајот на светот која може да се најде во Библијата и учењата на Исус.
Во филозофијата на Алберт Швајцер најмногу се истакнува идејата за почитта кон животот. Во неговата книга „Филозогија на Цивилизацијата„, напишал дека вистинската филозофија започнува со идејата:
Етичките принципи на Алберт Швајцер значеа дека тој се обидуваше да има личен и духовен однос со вселената. Тоа исто така значеше дека неговата исхрана беше вегетаријанска.
Изреки
уреди- „Сторете нешто прекрасно, луѓето можеби ќе ве имитираат.„
- „Затоа побарајте и погледнете да не има некое место каде можете да ја вложите вашата хуманост„
- „Постојат две начина на засолнување од мизериите на животот: музиката и мачките.„
- „Постојаната љубезност може многу нешто да постигне. Како што сонцето прави мразот да се топи, љубезноста прави недоразбирањето, сомнежта и непријателството да исчезнат.„
- „Човекот се однесува навистина етички само тогаш кога му се покорува на нагонот да помага на сиот живот на кој може да му помогне, и истовремено одбегнува да повреди било што од она кое живее.„
- „Примерот не е едно од главните средства за влиаење врз другите. Тоа е единственото средство.„
- „Во обидите да се достигне месечината, човекот не го забележува цутењето под неговите стапала„
- „Ќе дојде време кога јавното мнение нема повеќе да ги толерира забавите кои се темелат врз злоставувањето и убивањето на животни.„
Значење и влијание
уредиВо говорот по повод примањето на Нобеловата награда, француско-американската економистка Естер Дифло го навела Швајцер како еден од нејзините херои во младоста.[1]
Наводи
уреди- ↑ Esther Duflo (2020), „Field Experiments and the Practice of Policy“, American Economic Review, 110(7), 1952-1973.