Алесандро Петаки

друмски велосипедист

Алесандро Петаки (италијански: Alessandro Petacchi; р. 3 јануари 1974 во Ла Специја, Лигурија) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Вини Забу.[1] Специјалист за спринт, Петаки има освоено 48 етапи на големите трки со победи и во бодовниот пласман на Џиро д’Италија во 2004, на Вуелта а Еспања во 2005 и на Тур де Франс во 2010. Исто така ги има освоено класиците Милано-Санремо во 2005[2] и Париз-Тур во 2007.[3] Неговата кариера трае 18 години во текот на која освоил 183 победи.[4]

Алесандро Петаки
Петаки на Брабантсе Пејл 2015
Лични податоци
Цело имеАлесандро Петаки
ПрекарАле-Џет
Роден3 јануари 1974(1974-01-03)(50 г.)
Ла Специја, Италија
Висина1,84 м
Маса73 кг
Податоци за клубот
Мом. клубВини Забу
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспринтер
Професионални клубови
1996–1999
2000–2005
2006–2008
2008–2009
2010–2013
2013–2014
2015-
Скрињо-Блу Сторм
Фаса Бортоло
Тим Милрам
ЛРП Бракес-Балан
Лампре-Фарнезе Вини
Омега Парма-Квик Степ
Вини Забу
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Бодовен пласман (2004)
22 поединечни етапи (2003-2011)
Тур де Франс
Бодовен пласман (2010)
6 поединечни етапи (2003, 2010)
Вуелта а Еспања
Бодовен пласман (2005)
20 поединечни етапи (2000-2010)

Еднодневни трки и класици

Милано-Санремо (2005)
Париз-Тур (2007)
Последна промена
21 јануари 2015
Трка околу Франкфурт (2006)
Алесандро Петаки освојувајќи го Милано-Санремо 2005.

Во 2007 година, Алесандро добил забрана за тркање и неговите постигнати резултати биле поништени поради допинг. Судот подоцна изјавил дека тој не мамел намерно, туку не обратил доволно внимание на употребата на неговите легални лекови за астма.[5] Го најавил своето повлекување како водечки спринтер на 23 април 2013 и го прекинал неговиот договор со Лампре-Мерида,[4][6] но размислувал за различна улога како велосипедист.[7] Повторно му се приклучил на професионалниот велосипедизам во август 2013, приклучувајќи ѝ се на екипата Омега Парма-Квик Степ.[8]

Кариера

уреди

Предлошка:Текст во кутија

Петаки станал професионалец во 1996 и возел за голем број на екипи. Во 2006, се преместил во екипата Тим Милрам со спринтерот Ерик Забел, што следело по распуштањето на Фаса Бортоло. Неговата експлозивна брзина му донела да освои етапи на сите три Гранд Тур. Во 2004 освоил рекордни девет етапи на Џиро д’Италија, што довело да победи и во бодовниот пласман. Го освоил неговиот прв класик во 2005, Милано-Санремо.[2]

Се откажал од Џиро д’Италија 2006, откако доживеал пад на третата етапа. Ја завршил етапата со скршено колено.[9] Во 2007, освоил пет етапи на Џиро д’Италија, зголемувајќи го бројот на ProTour победи на 21, што го правело возач со најмногу UCI ProTour победи. Во текот на таа сезона, забележал успех на престижната трка Париз-Тур. Со поддршка од неговиот колега Ерик Цабел, Петаки бил победник во масовната завршница, додека Франческо Кики и Оскар Фреир го заокружиле подиумот.[3]

Во 2010, победил на првата и четвртата етапа на Тур де Франс. Со освојување на бодовниот пласман на Тур де Франс, успеал да го заврши подвигот да ги освои сите бодовни пласмани на големите трки. Со тоа станал првиот велосипедист, кој успеал во овој подвиг од 1999 и првиот Италијанец, кој победил во бодовниот пласман на Тур де Франс од 1968.[10]

Обвинувања за допинг

уреди

По негативниот резултат за неговиот лек против астма салбутамол, кој Петаки имал дозвола да го користи, бил ставен надвор од трките и го пропуштил Тур де Франс 2007.[11] Петаки бил ослободен, кога италијанската велосипедистичка федерација објавила дека прекумерната употреба на лекот била човечка грешка.[12]

На 6 мај 2008, Судот за спортска арбитража му забранил тркање на Петаки до крајот на август, со ретроактивно дејство од ноември. Било кажано дека сите постигнати резултати во текот на Џиро д’Италија 2007 ќе бидат поништени, вклучувајќи одземање секакви медали, бодови и награда. Резултатите по 31 октомври 2007 и во текот на неговата забрана, кои биле поништени вклучувале пет етапни победи на Џиро. Судот изјавил дека Петаки немал намера да мами и дека најверојатно ненамерно зел премногу лекови, но тоа го направил од „крајна претпазливост“.[13] Случајот бил сметан за контроверзен,[14] бидејќи го тргнал од учество на Тур де Франс, како што планирал[15] и за судската одлука, во која бил суспендирал и покрај тоа што изјавуваат дека не веруваат дека мамел. Петаки останал на ставот дека не сторил ништо лошо.[16]

Како последица на ова, на 16 мај 2008, Петаки бил отстранет од екипата Тим Милрам.[17] По неговата суспензија се придружил на ЛРП Бракес-Балан.

ЛРП Бракес и потоа

уреди

По освојување неколку помали трки во 2008, Петаки ја започнал 2009 со силна форма на полукласичната трка Шелдепрајс Вландерен. Бил избран да вози на Џиро д’Италија и ги освоил втората и третата етапа, носејќи ја розовата маичка на етапата 3 и циклома маичката на етапата 2 и 5.[18]

Петаки потпишал со екипата Лампре-Фарнезе Вини за сезоната 2010.[19] Го објавил своето повлекување по Париз-Рубе 2013, наведувајќи недостиг на мотивација да продолжи како водечки спринтер. Меѓутоа, подоцна изразил желба да ја прифати понудата од Омега Парма-Квик Степ да вози како водечки човек за Марк Кевендиш, како што тој посакувал. Понудата за договорот била блокирана од UCI бидејќи било забрането возачите да се префрлаат од една екипа во друга во текот на сезоната.[20] Во јули 2013, Патрик Лефевр објавил дека Петаки ќе се приклучи на Омега Парма-Квик Степ од почетоко на август со 14-месечен договор.[8] На 12 април 2014 година ја остварил првата победа со неговата нова екипа на Гран при Пино Черами и исто така прва победа од 2012 година. Во јануари 2015 година било најавено дека Петаки ќе вози за екипата Саутист Про Сајклинг во 2015 година.[1]

Достигнувања

уреди
1998
1 етапа Тур де Лангкави
1999
Планински пласман Тур де Лангкави[21]
2000
Вуелта а Еспања
Етапа 8
Етапа 12
2 етапи & генерален пласман Џиро дела Провинција ди Лука
2 етапи Трка околу Луксембург
2 етапи Рут ду Суд
1 етапа Реџио-Тур
2001
2 етапи Сетимана Ломбарда
1 етапа Еускал Бициклета
1 етапа Трка околу Полска
1 етапа Сетимана Копи & Бартали
2002
Етапа 12 Вуелта а Еспања
Етапа 1 & 5 Париз-Ница
3 етапи Вуелта Валенсијана
3 етапи Сетимана Копи & Бартали
1 етапа Трка околу Медитаран
1 етапа Реџио-Тур
1 етапа Трка околу Холандија
2003
Тур де Франс
Победник на етапите 2, 3, 5 & 6
Џиро д’Италија
Победник на етапите 1, 5, 6, 13, 16 & 17
Вуелта а Еспања
Победник на етапите 3, 5, 12, 14 & 21
Етапа 1 Париз-Ница
3 етапи Вуелта а Арагон
2 етапи Трка околу Холандија
1 етапа Вуелта Валенсијана
Трофео Луис Пујг
2004
Џиро д’Италија:
Победник во бодовниот пласман
Награда за борбеност
Победник во пласманот Аѕури д’Италија
Победник на етапите 2, 5, 7, 9, 11, 13, 15, 16 и 21
Вуелта а Еспања:
Победник на етапите 2, 4, 7 и 13
Етапи 1, 2 & 7, Тирено-Адријатико
2 етапи Џиро дела Провинција ди Лука
2 етапи Вуелта а Арагон
1 етапа Трка околу Холандија
2005
Џиро д’Италија:
Победник на етапите 10, 13, 16 и 21
Вуелта а Еспања:
Победник на бодовниот пласман
Победник на етапите 3, 4, 8, 12 и 21
1. Милано-Санремо 2005
Етапи 1, 6 & 7 Тирено-Адријатико
Етапи 1 & 2 Тур де Романди
3 етапи & генерален пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
ГП Коста Дели Етруски
Трофео Луис Пујг
2 етапи Вуелта а Андалусија
2 етапи Вуелта а Арагон
2006
Етапа 7 & Бодовен пласман Тирено-Адријатико
ГП Коста Дели Етруски
Џиро дела Провинција ди Лука
5 етапи & Генерален пласман Трка околу Долна Саксонија
2 етапи Рута дел Сол
2 етапи Вуелта Валенсијана
2007
ГП Коста Дели Етруски
3 етапи & Генерален пласман Трка околу Долна Саксонија
3 етапи & Генерален пласман Волта ао Алгарве
1 етапа Вуелта Валенсијана
1 етапа Реџио-Тур
Вуелта а Еспања
Победник на етапите 11, 12
Париз-Тур
2008
Трка околу Британија:
Победник на етапите 1, 6, 8
Меморијал Вивијана Мансервиси
ГП Бегели
2009
ГП дела Коста Етруски
1. Етапа 5 Џиро ди Сардена
1. Етапа 2 Тирено-Адријатико
Сетимана Сиклиста Ломбарда:
1. Етапа 1 екипен хронометар
1. Етапа 2
1. Етапа 4
Гроте Шелдепрајс
Џиро ди Тоскана
Џиро д’Италија:
1. Етапи 2 и 3
1. Етапа 1 Делта Тур Зеланд
2010
Џиро дела Провинција ди Реџо Калабрија
1. Етапа 2 и 4
1. ГП дела Коста Етруски
Тирено-Адријатико
2. Етапа 3
2. Етапа 7
3. Милано-Санремо
Тур де Свис
1. Етапа 4
Тур де Франс
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 4
Вуелта а Еспања:
1. Етапа 7
2011
Волта а Каталуња
1. Етапа 2
Трка околу Турција
1. Бодовен пласман
1. Етапа 4
Џиро д’Италија
1. Етапа 2
2012
Трка околу Баварија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3
1. Етапа 5
2013
4. Трофео Палма де Мајорка
7. Трофео Кампос-Сантањи-Сес Салинес
2014
1. Гран при Пино Черами
1. Дерникритериум ’с-Гравенвезел
4. Шелдепрејс

Распоред на резултатите на Гранд Тур

уреди
Гранд Тур 2000 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
  Џиро 92 94 СО 97 100 СО 104 121 СО СО СО
  Тур 97 СО СО 150 107 СО 148
  Вуелта СО 94 120 СО 88 СО 127 СО 100

СО = се откажал

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Браун, Грегор (6 јануари 2015). „Алесандро Петаки потпиша со италијанската екипа Саутист за 2015“. Cycling Weekly. Посетено на 7 јануари 2015.
  2. 2,0 2,1 Тим Малони (19 март 2005). „Петаки величествен со победа на 96. Милано-Санремо“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 24 април 2013.
  3. 3,0 3,1 „Петаки победи на Париз-Тур со помошта на Цабел“. China Daily. 15 октомври 2007. Посетено на 24 април 2013.
  4. 4,0 4,1 „Петаки го најави своето повлекување“. MSN Sports. Microsoft. pa.press.net. 23 април 2013. Архивирано од изворникот на 2013-06-06. Посетено на 24 април 2013.
  5. „Невино виновен - случај на Петаки“. CyclingNews.com. 9 мај 2008. Посетено на 16 јули 2010.
  6. „Лампре-Мерида (LAM) – ITA“. Светска турнеја на UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2013-09-28. Посетено на 6 јануари 2013.
  7. Фаранд, Стивен (24 април 2013). „Could Petacchi come back as a lead-out man?“. Cycling news. Future Publishing. Посетено на 26 април 2013.
  8. 8,0 8,1 „Petacchi to start with Omega Pharma-Quickstep August 1“. Cyclingnews.com. Future plc. 13 јули 2013. Посетено на 2 август 2013.
  9. „Петаки надвор од трката по операцијата“. BBC. 10 мај 2006. Посетено на 1 јануари 2010.
  10. „Контадор ја освои третата победа на Тур де Франс“. BBC News. 25 јули 2010.
  11. „Петаки се соочува со 12-месечна суспензија“. CyclingNews.com. 5 јули 2007. Посетено на 5 јули 2007.
  12. „Петаки ослободен од скандалот за допинг“. Eurosport.com. 24 јули 2007. Посетено на 24 јули 2007.
  13. „Алесандро Петаки суспендиран до 31 август 2008“. tas-cas.org. 6 мај 2008. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 6 мај 2008.
  14. Ендрју Канинг (26 март 2008). „Алесандро Петаки: Профил на возачот“. VeloNews. Посетено на 23 ноември 2009.
  15. Антонио Салмерон (27 јуни 2007). „Петаки сослушан од судот за употребата на салбутамол“. Cycling News. Посетено на 23 ноември 2009.
  16. Грег Џонсон (21 мај 2008). „Петаки: Јас останав победник“. Cycling News. Посетено на 23 ноември 2009.
  17. „Алесандро Патеки го напушта Милрам по допинг-скандалот“. International Herald Tribune. 16 мај 2008. Архивирано од изворникот 2008-10-13. Посетено на 16 мај 2008.
  18. Silenzio! Oh Ale-Jet, how good can you get?
  19. Грегор Браун (24 август 2009). „Петаки потпишал со Лампре“. Cycling News. Посетено на 2 септември 2009.
  20. Браун, Грегор (2 мај 2013). „Алесандро Петаки сè уште се надева дека ќе вози за Омега Парма и Кевендиш“. Cycling Weekly. Посетено на 16 јули 2013.
  21. http://www.cyclingnews.com/news/petacchi-counts-wins-lost-in-doping-suspension

Надворешни врски

уреди
Спортски позиции
Претходник
Оскар Фреир
Победник на Милано-Санремо
2005
Наследник
Филипо Поцато