Отвори го главното мени

Бранислав Нушиќ

Бранислав Нушиќ (Смедерево, 20 октомври 1864 - Белград, 19 јануари 1938) бил српски комедиограф, сатиричар и критичар. Работел и како новинар и дипломат.

Бранислав Нушиќ се школувал во Смедерево, Белград, а една година поминал и во Грац. Како ученик започнал да пишува под псевдонимот Алкибијад Нушиќ, студирал право, но најмногу од се го привлекувала драмската уметност. Рано го заинтересирале негативните страни на извесни појави во општеството, на кој реагирал од позицијата на опозиција на тогашниот Обреновиќевски режим, за што почувствувал извесни консеквенции: за сатиричната песна „Два раба“ бил изведен пред суд, одлежувајќи една година во затворот во Пожаревац. А за да биде парадоксот поголем - веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го беа фрлиле в затвор.

Поставен е за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Работи и во Солун и Сер, учествувајќи и самиот во подготовките за ширење на српската пропаганда во Македонија. На југот на Србија и во Македонија поминува цела деценија. Во 1900 година е поставен за секретар на Министерството за просвета на Србија. Во 1912 година се враќа во Битола и во периодот 1912-1913 година е околиски началник. Учествува во формирањето на Народното позориште во Битола. Во 1913 година го основа и театарот во Скопје, каде живее до 1915 година. Ја напушта државата заедно со српската војска во текот на Првата светска војна и живее во Италија, Швајцарија и Франција до крајот на војната.

По завршувањето на Првата светска војна се вратил во Белград на работа во Министерството за просвета.

ТворештвоУреди

Негови најпознати дела се комедиите „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Кнезот од Семберија“, „Белград некогаш и сега“ и други.

Надворешни врскиУреди