Македонска книжевност
Македонската книжевна историја започнува со основањето на Охридската книжевна школа во Охрид во југозападна Македонија во 9 век со помош на св. Климент Охридски. Карактеристично за оваа книжевна школа е единството на јазични и правописни црти и продолжувањето на кирилометодиевската дејност и традиција. Со помош на Охридската книжевна школа народот го пронашол својот народен, јазичен и културен идентитет. Има повеќе писмени извори од овде како: Добромириевото евангелие, Македонското евангелие на поп Јован, Охридскиот апостол, Битолскиот триод и други.
![]() |
Македонистика Знаковен јазик Историја Книжевност Регулаторно тело Дијалекти Граматика: |
|
Содржина
ПериодизацијаУреди
Македонската книжевност е поделена на три големи периоди, кои понатака се делат на уште неколку. Периодите на македонската литература се[1]:
- Стара македонска книжевност- 9 до 18 в.
- од христијанизацијата на Македонија до турската инвазија - 9 до 14 в.
- од турската инвазија до 18 век
- Нова македонска книжевност- 1802 до 1944
- преродбенички период
- револуционерен период
- меѓувоен период
- Современа македонска книжевност- 1944 - денес
Стара македонска книжевностУреди
Стара македонска книжевност е поим со кој се опфаќа книжевноста на црковнословенскиот јазик од македонската редакција. Старата македонска книжевност е поделена на два поголеми историски периода, пред отоманското завладување на Македонија и за време на отоманската власт на Балканскиот Полуостров. Охрид со својата Охридска книжевна школа, Кратово со својата Кратовска книжевна школа и Лесново со својата Лесновска книжевна школа биле центрите каде се твореле дела на црковнословенски јазик од македонска редакција. Овој период е карактеристичен по својата религиска содржина, како и развојот и формирањето на македонските дијалекти со своите јазични карактеристики, кои почнале да се одделуваат и разликуваат од општословенската јазична практика.
Нова македонска книжевностУреди
Новата македонска книжевност е период од историјата и развојот на македонската книжевност кој ги опфаќа 19 и 20 век век. Според периодизацијата на македонската книжевност, овој период започнува во преродбениците во 19 век и трае до Втората светска војна, кога започнува периодот на современата македонска книжевност. Овој период се дели на три мошне важни помали периоди: преордбенички, револуционерен и меѓувоен. Со основањето на новата македонска книжевност, започнало и втемелувањето на современиот македонски јазик. Праксата да се пишува и објавува дела пишани на црковнословенски јазик од македонска редакција постепено се изоставала и започнало да се користи македонскиот народен говор во пишана форма. Оваа пракса е особено видлива и карактеристична за преродбеничкиот период на новата македонска книжевност, каде, меѓу другите, охридскиот, струшкиот, велешкиот, галичкиот, прилепскиот, битолскиот и тетовскиот говор ги исполнуваат страниците на книгите на голем број македонски преродбеници и револуционерни дејци. Периодот на новата македонска книжевност опфаќа плејада значајни личности и столбови на македонската национална книжевност, започнувајќи од Јоаким Крчовски, Кирил Пејчиновиќ, Партенија Зографски, па преку Крсте Мисирков, Христо Смирненски, Никола Вапцаров, Ѓорѓија Пулевски, па сè до Коста Рацин, Васил Иљоски, Коле Неделковски и многу други.
Современа македонска книжевностУреди
Современата македонска книжевност, или книжевноста на македонскиот јазик од завршувањето на Втората светска војна па сè до денес, е еден од најбогатите книжени периоди во историјата на јазикот. Овој период е карактеристичен првично по употребата на стандардниот пишан јазик, а што е поважно и забрзаното збогатување на македонскиот книжевен фонд. Грубо гледано, овој временски период започнал од завршувањето на Втората светска војна, некаде во 1943/ 1944 година. Од првата генерација македонски писатели,[2] како што сеСлавко Јаневски, Владо Малески, Блаже Конески, Стале Попов, Ацо Шопов, Гане Тодоровски, Ѓорѓи Абаџиев, Иван Точко, итн., па сè до современите Георги Барбаровски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, Добре Тодоровски, Владимир Мартиновски, Богомол Ѓузел, Радован Павловски, Лидија Димковска, Никола Маџиров, и другите, современата македонска книжевност изобилува со плодни автори - романописци, драматурзи, поети, раскажувачи и патеписци. Паралелно со збогатувањето на на македонскиот книжевен фонд, цврсто се втемелила и книжевната критика, која особено се развила со воспоставувањето на вискообразовните институции во слободната македонска држава.
СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ПОЕЗИЈА | |||
---|---|---|---|
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ | ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ |
Ацо Шопов | 1944 - 1980 | Анте Поповски | 1955 – 1995 |
Славко Јаневски | 1945 - 1998 | Матеја Матевски | 1956 - сè уште |
Блаже Конески | 1945 – 1993 | Петре М. Андреевски | 1960 - 1999 |
Гого Ивановски | 1946 - 2002 | Радован Павловски | 1961 – сè уште |
Гане Тодоровски | 1951 - 1995 |
- Ацо Шопов е автор на првата повоена збирка поезија на македонски јазик, Песни во 1944 година, која претставува и првата печатена книга на стандарен македонски јазик.
СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ПРОЗА | |||
---|---|---|---|
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ | ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ |
Јован Бошковски | 1947 - 1962 | Димитар Солев | 1956 - 1998 |
Славко Јаневски | 1950 - 2000 | Ташко Георгиевски | 1957 - 1998 |
Владо Малески | 1950 - 1990 | Томе Момировски | 1957 - сè уште |
Ѓорѓи Абаџиев | 1950 - 1961 | Петар Ширилов | 1961 - 1988 |
Коле Чашуле | 1950 - 2002 | Живко Чинго | 1963 - 1989 |
Јордан Леов | 1952 - 1972 | Петре М. Андреевски | 1964 - 2003 |
Стале Попов | 1953 - 1966 | Божин Павловски | 1964 - сè уште |
Иван Точко | 1953 - 1970 | Владимир Костов | 1967 - сè уште |
Симон Дракул | 1953 - 1997 | Бранко Варошлија | 1968 - 1975 |
Блаже Конески | 1955 |
- Јован Бошковски е автор на првата збирка раскази на македонски јазик, Растрел, во 1947 година, Славко Јаневски ја напишал првата повест Улица во 1950 година, која важи за прво поголемо прозно дело, а исто така Славко Јаневски е автор и на првиот роман на стандарден македонски јазик, Село зад седумте јасени, издаден во 1952 година.
СОВРЕМЕНА МАКЕДОНСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА | |||
---|---|---|---|
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ | ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА | ПЕРИОД НА АКТИВНОСТ |
Ванчо Николески | 1946 – 1978 | Михо Атанасовски | 1955 - 2000 |
Славко Јаневски | 1946 - 1996 | Видое Подгорец | 1956 - 1999 |
Борис Бојаџиски | 1948 – 1958 | Јован Стрезовски | 1957 - 2011 |
Лазо Каровски | 1946 - 1958 | Јован Павловски | 1961 - 1998 |
Неџати Зекерија | 1950 - 1982 | Стојан Тарапуза | 1961 - сè уште |
Васил Куноски | 1951 - 1987 | Ката Мисиркова - Руменова | 1964 - 2000 |
Глигор Поповски | 1953 - 1991 | Ненад Џамбазов | 1966 - 1999 |
Петко Домазетовски | 1966 - 2000 |
- Ванчо Николески ја издава првата збирка песни за деца на македонски јазик, Македонче во 1946 година.
За време на Народноослободителната борба, во македонската книжевност се појавиле поетски творби кои на едноставен, народен начин, популарно и баладично пееле за воените подвизи на партизаните. Тие песни биле проткаени со романтичарски занес, а асоцијативно-баладната форма на песните претставувала продолжение македонската народна песна. Во првите години по војната се забележуваат и првите преодни чекори меѓу романтичарскиот идеал и градителскиот вознес од ослободувањето, но творечките обиди во првите повоени години заостануваат зад современите естетски стандарди. Сепак, според хуманата порака, овие творби остануваат автентични, неповторливи и прифатливи и до поголема временска дистанца.[3]
НаводиУреди
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
„Македонска книжевност“ на Ризницата ? |
- Правописни норми и фонетските особини на текстовите на црковнословенскиот јазик од македонска редакција, Кита Бицевска. (руски)
- Статусот на историското во македонскиот роман, Лорета Георгиевска - Јаковлева. (руски)
- Балканска клаустрофобија. Поетика на пространствата во македонскиот роман, Марија Б. Проскурнина. (руски)
- Меѓународен научен симпозиум. Развојот на македонската книжевност, Марија Проскурнина. (руски)
- Проблемот на моралниот избор во раните раскази на Д. Солев, Ана Е. Евстратова. (руски)
- Македонското просветителство во балканскиот контекст, Валентина Миронска - Христовска. (руски)