Маргарета I (Данска), владетелка на Данска, Шведска и Норвешка од крајот на 14-тиот до почетокот на 15 век.

Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека императорка е женски монарх кој владее над империја. Машката верзија на кралица е крал.

ИсторијаУреди

Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.

Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.

Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.

Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.

Источна АзијаУреди

Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користила титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.

Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум императорки. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.

Кралицата како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Кралицата како тема во книжевностаУреди

Кралицата како тема во музикатаУреди

  • Павана за мртвата принцеза“ (Pavane pour une infante defunte) - композиција на францускиот композитор Морис Равел.[9]
  • „Нејзиното височество“ (Her Majesty) - песна на британската поп-рок група „Битлси“ од 1969 година.[10]
  • „Мала кралица“ (Little Queenie) - песна на британската рок-група „Ролинг Стоунс“ (The Rolling Stones) од 1968 година.[11]
  • „Кралица-Кучка“ (Queen Bitch) - песна на британскиот поп-рок музичар Дејвид Боуви од 1971 година.[12]
  • „Планетарна кралица“ (Planet Queen) - песна на британската рок-група „Т. Рекс“ (T.Rex) од 1971 година.[13]
  • „Господе, спаси ја кралицата“ (God Save the Queen) - песна на британската панк-рок група „Секс пистолс“ (Sex Pistols).[14]
  • „Тетоважите на кралицата“ (Queen's Tattoos) - песна на британската група „Ацтек камера“ (Aztec Camera) од 1983 година.[15]
  • „Кралицата и војникот“ (The Queen and the Soldier) - песна на американската поп-музичарка Сузан Вега (Suzanne Vega) од 1985 година.[16]
  • Кралицата е мртва“ (The Queen is Dead) - песна од истоимениот албум на британската поп-рок група „Смитс“ (The Smiths) од 1986 година.[17][18]
  • „Кралица“ - песна на македонската рок-група „The John“ од 2012 година.[19]

Кралицата како тема во сликарствотоУреди

  • „Хлебинската кралица под ѕвездите“ (Hlebinska kraljica pod zvijezdama) - слика на хрватскиот уметник Јосип Генералиќ од 1989 година.[20]

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 77-81.
  2. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 87-93.
  3. Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 23-27.
  4. Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 92-97.
  5. Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
  6. Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 129-133.
  7. Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182-183.
  8. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 16.
  9. YouTUbe, Maurice Ravel - Pavane for Dead Princess (пристапено на 9.11.2017)
  10. DISCOGS, The Beatles ‎– Abbey Road (пристапено на 9.4.2020)
  11. DISCOGS, The Rolling Stones ‎– Get Your Ya-Yas Out (пристапено на 25.8.2019)
  12. YouTube, Queen Bitch - David Bowie (пристапено на 4.5.2017)
  13. DISCOGS, T. Rex ‎– Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018)
  14. YouTube, Sex Pistols - God Save The Queen (пристапено на 21.12.2016)
  15. YouTube, Orchid Girl - Aztec Camera (пристапено на 21.12.2016)
  16. YouTube, The Queen and the Soldier ~ Suzanne Vega (Lyrics) (пристапено на 21.6.2017)
  17. YouTube, The Smiths - The Queen is Dead (пристапено на 21.12.2016)
  18. The Smiths, The Queen Is Dead, KL-1738, Založba kaset in plošč, RTV Ljubljana.
  19. The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.
  20. Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.