Фудбалски клуб Црвена ѕвезда (српски: Црвена звезда) — фудбалски клуб од Белград, Србија. Во светот, клубот е познат и како: Red Star (Англиски), Roter Stern (Германија), Etoile Rouge (Франција), Stella Rossa (Италија), Estrella Roja (Шпанија), Rode Ster (Холандија), Røde Stjerne (Норвешка), Steaua Roşie (Романија).

Црвена ѕвезда
Целосно имеФудбалски Клуб Црвена Ѕвезда Белград
ПрекарЦрвено-бели
Ѕвезда
Основан4 март 1945; пред 79 години (1945-03-04)
СтадионСтадион Рајко Митиќ
Белград, Србија
Капацитет55,538
ПретседателСветозар Мијаиловиќ
ТренерВладан Милојевиќ
ЛигаСрпска Суперлига
2023/24Српска Суперлига, 1-во
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

Историја

уреди

Во сезоната 2014-2015 година, поради неисплатените долгови кон поранешните фудбалери, тренери и вработените во клубот, „Црвена ѕвезда“ добила забрана од УЕФА за настап во квалификациите за европските купови, иако во претходната сезона била српски шампион. Подоцна, во февруари 2015 година, УЕФА му дала ултиматум на клубот да ги исплати заостанатите долгови (во износ од 11,9 милиони евра) до 31 мај, со закана дека во спротивно ќе биде исфрлен од српската Суперлига.[1] Како последица на кризата во клубот, на почетокот на август 2015 година, оставки поднеле шестмина од раководството, на кои подоцна им се придружил и директорот на клубот, Звездан Терзиќ.[2] Во 2018 година Црвената ѕвезда го елиминирала Ред Бул Салцбург во квалификациска фаза и плеј-оф кругот 2018-19 година во УЕФА Лигата на Шампионите плејофот круг, и се квалификувала во групната фаза на Лигата на Шампионите, што значело дека Црвена ѕвезда ќе се натпреварувала за првпат откако новиот формат бил интуиран.[3]

Меѓународни успеси

уреди
 
Дејан Станковиќ е најмладиот капитен на Црвена ѕвезда во нејзината историја

На 8 декември 1991 година, во Токио, „Црвена ѕвезда“ играла во финалето на Интерконтиненталниот куп. Притоа, таа го совладала чилеанскиот клуб „Коло Коло“ со 3:0 и така станала светски клупски првак во фудбал. Кон крајот на првото полувреме, од играта бил исклучен Савичевиќ, така што целото второ полувреме „Ѕвезда“ гоод играла со едне играч помалку. На тој натпревар, тимот на „Ѕвезда“ го сочинувале: Звонко Милоевиќ, Радиновић, Василијевић, Владимир Југовиќ, Миодраг Белодедич, Илија Најдоски, Ратковић, Стошић, Дарко Панчев, Дејан Савичевиќ и Синиша Михајловиќ. Тренер на тимот бил Владица Поповиќ.[4]

Наводи

уреди
  1. „УЕФА ѝ се заканува на Ц. звезда и со дисквалификација од српската лига“, Дневник, година XIX, број 5704, сабота, 28 февруари 2015, стр. 24.
  2. „И Терзиќ поднесе оставка во Црвена звезда“, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 23.
  3. „Istorija u Salcburgu, Zvezda u Ligi šampiona“. rts.rs. 29 August 2018. Посетено на 30 August 2018.
  4. Дневник, „Звезда на данашњи дан пре 21 годину постала првак света“ (посетено на 11.3.2015)[мртва врска]