Шкотланѓани
Шкоти' или Шкотланѓани (англиски: Scottish people, Scots, шкотски: Gáidheal, Albannaich) се жителите на Шкотска, односно северниот дел на Велика Британија и блиските острови. Шкотска има околу 5,3 милиони жители, што е 9% од вкупниот број население на Обединетото Кралство. Мнозинството од нив, или 65%, живее во Централната долина (Central Lowlands).
Како етничка група, старите Шкоти биле народ од келтско потекло, блиски со Ирците и Велшаните. Меѓутоа, денешните Шкоти се со мешано келтско-германско потекло. Се смета дека луѓето чие потекло е од Шкотска се околу 30-40 милиони во светот, најмногу во:
- САД 6,006,955 (Шкотско потекло); 5,393,554 (Шкотско-ирско потекло)
- Канада 4,719,850
- Австралија 1,792,600
- Англија 795,000
- Северна Ирска 760,620
- Аргентина 100,000
- Чиле 80,000
- Франција 45,000
- Полска 15,000
- Нов Зеланд 12,792
- Ман (остров) 2,403
Главниот јазик на Шкотите е дијалект на англискиот јазик, а 1,5% од нив зборуваат шкотски гелски јазик. Мнозинството од Шкотите припаѓаат на протестантската црква, додека католиците сочинуваат 15% од населението.
Шкотите како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Приговор кон Шкотите оти им го расипале наравот на нивните духови и самовили“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 123-126.