Шабан Салиу

македонски политичар, активист на Ромите во Македонија

Шабан Салиу (ромски: Šaban Saliu; Скопје, 6 јануари 1961) — македонски политичар, активист на Ромите во Македонија и претседател на Демократски сили на Ромите.

Шабан Салиу
Министер за десетлетието на ромите
На должноста
Стапил
23 јуни 2024
Претседател Гордана Сиљановска-Давкова
Премиер Христијан Мицкоски
Претходник Нема
Лични податоци
Роден(а) Шабан Салиу
6 јануари 1961(1961-01-06)(63 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Партија Демократски сили на Ромите
Деца 1
Образование Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје

Животопис

уреди

Салиу е роден во Скопје на 6 јануари 1961 година. Дипломира на Универзитетот Св. Кирил и Методиј - Скопје, на Правниот факултет и положува правосуден испит. Од 1990 до 1995 бил Генерален секретар на ПЦЕР, а од 1995 и Претседател на огранокот на ПЦЕР во Гостивар. Салиу е Потпретседател на Сојузот на Ромите на Македонија. Од 2006 до 2008 година е член на македонското собрание како пратеник на Демократските сили на Ромите[1]. Од мај 2008 е назначен за директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Освен со македонскиот и ромскиот, Салиу се служи и со српскиот и англискиот јазик[2]. Женет е и е татко на едно дете.

Наводи

уреди
  1. „ДЕМОКРАТСКИ СИЛИ НА РОМИТЕ 2006 - 2008“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-03-15.
  2. „Салиу, Шабан“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-03-15.