Џенаро Гатузо (роден на 9 јануари 1978) — поранешен италијански фудбалер и тренер. Поголемиот дел од својата фудбалска кариера ја поминал во екипата на Милан, со кој има освоено неколку трофеи.

Џенаро Гатузо
Gennaro Gattuso
Лични податоци
Полно име Џенаро Иван Гатузо
Роден на 9 јануари 1978(1978-01-09)(46 г.)
Роден во Кориљано Калабро, Италија
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Милан (менаџер)
Број 8
Младинска кариера
1990–1995 ФК Перуџа
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1995–1997 ФК Перуџа 50 (0)
1997–1998 ФК Ренџерс 34 (3)
1998–1999 ФК Салернитана 25 (0)
1999–2012 ФК Милан 335 (9)
2012– ФК Сион 27 (1)
Репрезентација
1995–1996 Италија U-18 14 (3)
1997–2000 Италија U-21 21 (1)
2000 Италија[1] 3 (0)
2000–2010 Италија[2] 73 (1)
Тренер на екипи
2013 ФК Сион
2013–2014 ФК Палермо
2014–2015 ОФИ Крит
2015–2017 ФК Пиза 1909
2017 Милан Примавера
2017–2019 Милан
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Како фудбалер, неговата главна позиција била играч од средината на теренот со дефанзивни задачи, но понекогаш играл и како класичен среден играч или крило.[3] Иако првично играл за помали италијански клубови како што се Перуџа, Салернитана, како и шкотскиот клуб Глазогов Ренџерс, тој се памети, главно, за своето време поминато во Милан во Серија А, каде што ја освоил во два наврати УЕФА Лигата на Шампионите во сезоната 2002-03 година и во 2006-07, Купот на Италија во 2002-03 година, а исто така и Серија А на двапати во сезоната 2003-04 и во 2010-11 година. Во прилог на овие титули, тој исто така освоил два Суперкупа на Италија, две титули УЕФА Суперкуп и Светското клупско првенство во 2007 година.

На меѓународно ниво, тој ја претставувал Италија на Летните олимписки игри 2000 во Сиднеј, три Светски првнества, две Европски првнества и еден куп Куп на конфедерации во 2009 година.

Гатузо во партнерство во средниот ред со плејмејкерот Андреја Пирло, како во клубот така и на репрезентативно ниво, одиграл клучна улога за репрезентацијата на Италија на Светско Првенство во 2006 година, каде што го освоил златниот медал, како и за тимот на Милан во домашните, европските и меѓународни успеси во текот на средината на 2000-тите. И покрај тоа што бил надарен со значајни технички вештини, физичкото темпо на Гатузо, силата и работата надополнета со поддршка од Пирло со неговиот, креативен стил на игра, а неговата енергија, агресија, и стил на игра му овозможиле да направи име за себе како еден од најдобрите играчи во светот на својата позиција.[4][5][6][7] Во прилог на неговите способности, Гатузо, исто така бил познат по неговата конкурентни природа и водачки квалитети во текот на неговата кариера, кој често бил капитен по пензионирањето на Паоло Малдини.[8]

Менаџерската кариера на Гатузо ја започнал како менаџер на тимот на неговиот последен клуб каде што настапувал, Сион во Швајцарија Супер лига, и тој, исто така, имаше кратки ангажмани во Палермо и ОФИ Крит. Во јуни 2016 година бил претставен како тренер на Пиза во Серија Б лигата, за да следната 2017 година започне да работи како менаџер на младинскиот клуб на ФК Милан, во кој се задржал до летото 2019 година.

Наводи уреди

  1. „Previous Tournaments - FIFA.com“. Fédération Internationale de Football Association (FIFA). Архивирано од изворникот на 2013-05-24. Посетено на 6 June 2013.
  2. "Gennaro Gattuso". EU-Football.info. Retrieved 9 May 2013.
  3. „Gennaro Gattuso“. BBC Sport. 8 May 2002. Посетено на 4 June 2016.
  4. „L' evoluzione di Gattuso, il muratore del Milan“ (италијански). Il Corriere della Sera. 26 November 2003. Посетено на 11 September 2014.
  5. „Gattuso I the one who runs for all the Ballon d'Or winners“ (италијански). La Gazzetta dello Sport. 14 November 2008. Посетено на 11 September 2014.
  6. „Gattuso, Gennaro“ (италијански). Treccani: Enciclopedia dello Sport (2002). Посетено на 11 September 2014.
  7. „Palombo, Blasi, Donadel: idee Milan per il centrocampo. Gattuso: "Sì stanno pensando di sostituirmi" (италијански). Архивирано од изворникот на 2020-12-29. Посетено на 11 September 2014.
  8. „Ancelotti perde Gattuso sei mesi di stop per infortunio“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 11 September 2014.

Надворешни врски уреди