Предлошка:Јануари 2024 20 јануари — 20-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак водолија. Остануваат 345 денови до крајот на годината (346 во престапна).

Настани:

1265  Првпат е свикан англискиот Парламент со што беше ограничена власта на монархијата.
1327  Високото благородништво го принуди англискиот крал Едвард II да абдицира во корист на синот Едвард III.
1649  Заробениот крал Чарлс I на крајот на граѓанската војна меѓу монархистите и следбениците на парламентот во Англија беше изведен на суд обвинет за предавство, односно за тајни преговори со Шкотите. Наброзо беше осуден на смрт и погубен 10 дена подоцна.
1667  По 13-годишните борби Русија ја порази Полска во војната која изби во 1654 година. По мирен пат во Андрусова, Полска се одрече од Киев, Смоленска и од делови на Украина на левиот брег од реката Днепар.
1921  Прогласен е првиот устав на Турција.
1936  Едвард VIII станал крал на Обединетото Кралство.
1936  Инвазиските италијански фашистички трупи, кои на почетокот на октомври 1935 година без објава на војна упаднаа во Етиопија, презедоа решителна офанзива против етиопските сили, успеаја да го скршат нивниот отпор и да ја колонизираат таа земја.
1936  Пуштена е во сообраќај железничката линија Прилеп - Велес во должина од 86 километри.
1941  Франклин Рузвелт, водач на Демократската партија, по третпат е избран за претседател на САД. Првиот мандат го презеде во 1932 година, во времето на големата економска криза, а во 1945 година по четврти пат е избран за претседател, што е единствен случај во историјата на САД.
1945  Во Воденско, Егејска Македонија, е формирана Тајната македонска ослободителна револуционерна организација (ТМОРО). Иницијатор, организатор и раководител на организацијата беше Вангел Ајановски - Оче.
1961  Демократот Џон Кенеди е инаугуриран во 43 година од животот за претседател на САД, како најмлад шеф на државата во американската историја.
1970  По двегодишна пауза, во Варшава продолжија американско-кинеските контакти на ниво на амбасадори.
1981  Републиканецот Роналд Реган, на 70-годишна возраст ја презеде функцијата претседател на државата, станувајќи најстар претседател во американската историја.
1981  По 444 денови во заробеништво, од амбасадата на САД во Техеран беа ослободени 52 американски заложници.
1992  Падот на „Ербас А-230“ јужно од францускиот град Стразбур го преживеаја само девет од вкупно 96 луѓе во авионот.
1996  На изборите во Газа и на Западниот брег, одржани според договорот меѓу Израел и Палестинците, водачот на ПЛО Јасер Арафат стана првиот демократски избран водач на палестинскиот народ.
2001  Потпрестедателот на Филипините, Глорија Аројо ја презеде должноста шеф на државата, бидејќи филипинскиот Врховен суд пресуди дека сменетиот претседател Џозеф Естрад не може да ја врши оваа функција.
2011  На космодромот Бајконур е лансиран „Електро-Л“ — првиот функционален метеоролошки сателит на Русија.
2017  Доналд Трамп станува 45. претседател на САД со силна народна поддршка.
2021  Џо Бајден станува 46. претседател на САД.

Родени:

225  Гордијан IIIримски цар.
1716  Карлос IIIшпански крал.
1775  Андре Мари Ампер — француски физичар и математичар.
1888  Назим Хикмет — турски писател.
1919  Силва Капутикјан — советска и ерменска поетеса.
1920  Федерико Фелини — италијански режисер.
1921  Телмо Зара — шпански фудбалер.
1945  Владимир Борозанов — македонски кардиолог.
1945  Сабит Кранли — македонски правник.
1946  Дејвид Линч — американски режисер.
1949  Јеран Персон — шведски премиер.
1964  Лубош Кубик — словачки фудбалер.
1964  Рон Харпер — американски кошаркар.
1970  Бранка Катиќ — српска глумица.
1971  Дерик Грин — американски рок-музичар.
1976  Анастасија Волочкова — руска балерина.
1976  Пабло Ластрас — шпански велосипедист.
1979  Александар Маленко — македонски пливач.
1995  Калум Чемберс — англиски фудбалер.
2000  Тајлер Хироу — американски кошаркар.

Починале:

250  Фабијан — римски папа.
287  Свети Севастијанхристијански маченик.
842  Теофилвизантиски цар.
1513  Елена Ивановнаполска кралица.
1612  Рудолф IIцар на Светото Римско Царство.
1666  Анафранцуска кралица.
1693  Мустафа Iотомански султан.
1819  Карлос IVшпански крал.
1878  Јани Поповбугарски револуционер.
1904  Фердинанд Манлихеравстриски конструктор на оружје, изумител на Манлихерката.
1983  Гаринча — бразилски фудбалер.
1984  Џони Вајсмилерамерикански пливач и глумец.
1990  Барбара Стенвик — американска глумица.
1993  Одри Хепбернанглиска глумица од белгиско потекло, балерина, манекенка и хуманитарка.
2000  Славко Јаневски — македонски писател.
2003  Паскал Сотировски — македонски научник.
2014  Клаудио Абадо — италијански диригент.
2012  Ета Џејмс — американска пејачка.
2015  Јован Тофоски — македонски гинеколог, универзитетски професор и министер за здравство.
2018  Џим Родфорд — британски рок-музичар.
2021  Мира Фурлан — хрватска глумица.
2022  Мит Лоуф — американски рок-музичар.