Димитар Димитров (гинеколог)

За други личности со истото име, видете на појаснителната страница

Димитар Димитров (Струмица, 1927 - Скопје, 10 јануари 2018) - македонски доктор примариус, доајен на македонската гинекологија и акушерство.

Димитар Димитров
Роден 1927
Струмица,  Југославија, денес Македонија Македонија
Починал 10 јануари 2018
Скопје, Македонија Македонија
Занимање гинеколог

Животопис

уреди

Димитров е роден во Струмица во 1927 година. Студиите по медицина ги завршил во Загреб, а специјализацијата во Скопје. Тој бил првиот гинеколог во историјата на општина Кочани, еден од основачите на Специјалната болница за гинекологија и акушерство-Чаир сегашна Мајка Тереза, како и еден од пионерите на скринингот на рак на грлото на матката во Македонија. Во периодот од 1964 до 1967 година бил директор на ЈЗУ Општа болница во Кочани.[1] Починал во Скопје, на 10 јануари 2018 година.[2]

Наводи

уреди
  1. Претходно директори во ЈЗУ Општа болница Кочани. Архивирано од изворникот на 2017-01-14. Посетено на 2018-01-10.
  2. ТАЖНА ВЕСТ: ПОЧИНА ДОКТОР ДИМИТРОВ. Архивирано од изворникот на 2018-01-13. Посетено на 2018-01-10.