Васил Хаџиманов (1906-1969)

Васил Хаџиманов (Кавадарци, 14 јануари 1906 - Скопје, 16 декември 1969), македонски етномузиколог и педагог.

Васил Хаџиманов
Роден/а14 јануари 1906
Кавадарци, Солунски Вилает, Османлиска Империја
Починат/а16 декември 1969(1969-12-16) (возр. 63)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Занимањеетномузиколог, педагог
Жанрнародна музика

Животопис

уреди
 
Васил Хаџиманов пеејќи на Радио Белград во 1938 година.

По завршувањето на основното образование во родниот град, учел во Гимназија во Велес и Скопје, а подоцна студирал на Правниот и Филозофскиот факултет во Белград. Во 1935 година магистрирал фармација во Загреб. Дотогаш неколкупати ја посетувал музичката школа во Белград но, и покрај големата желба, не успеал да ја заврши. Сепак, во 1955 година дипломирал на музичката група на Педагошката академија. Меѓу најзначајните негови дела спаѓаат „Зборникот на македонски народни песни“, „Соборски народни песни“, „Македонски борбени народни песни“ и „Моми тиквешанки“. Освен што бил заслужен за собирањето и пропагирањето на македонскиот фолклор, се интересирал и за неговите одлики, за што сведочат големиот број на реферати и научни студии. Освен што бил познат како пасиониран истражувач кој постојано бил во потрага на националното музичко богатство на Македонија, тој бил и колекционер на околу 8.000 македонски народни песни и ора, од кои 5.000 биле средени во зборници, а 700 од нив биле албански. За својата дејност добил бројни признанија и награди, меѓу кои наградата на Владата на НР Македонија, а бил член и на здружението на етномузиколозите во Њујорк, како и Интернационалното здружение на музичките фолклористи во Лондон.[1]

Наводи

уреди