Круме Кепески
Круме Кепески (Прилеп, 8 април 1909 - 3 ноември 1988) — македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата „Македонска граматика“, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата „Ромска граматика“, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела.
Роден | 8 април 1909 Прилеп, Османлиска империја (денес Македонија) |
---|---|
Починал | 3 ноември 1988 Скопје | (воз. 79 г.)

Кепески ѝ припаѓа на историски еминанетната генерација македонски интелектуалци и творци, којашто созревала во годините непосредно пред Втората светска војна и којашто се вклучила многу активно во столетните стремежи на своите претходници, но и на своите современици.
Најважната улога на Граматиката на Круме Кепески е што ја развила свеста на Македонецот за сопствениот литературен јазик, а со тоа и за сопствената националност. Можеби затоа е поставеноста на јазикот на прво место при националната идентификација заедно со чувството за припадност кон македонското. Таков израз на идентитетот побудила оваа прва граматика на македонскиот јазик.
Надворешни врскиУреди
Оваа биографска статија за за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |