Марија Мирчов - Скаловска

Марија Мирчов-Скаловска (1 март 1929, Каравуково, Кралство СХС - 24 јануари 2006, Скопје, Македонија) ― истакната југословенска и македонска оперска и концертна пејачка. Музичко образование завршува во Средното музичко училиште во Нови Сад, во класите на професорите Рудолф Ертл и Евгениј Маријашец, а потоа приватно се усовршила кај проф. Злата Ѓунѓенац во Белград. Дебитира со улогата на Микаела (Кармен) во 1950 година. На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), дошла на покана, како солист на Новосадската опера (1950-1952).

Марија Мирчов-Скаловска
Родена 1 март 1929
Каравуково, Кралство СХС
Починала 24 јануари 2006(2006-01-24) (возр. 76)
Скопје, Македонија

Во наредните дваесет и три години Марија Мирчов-Скаловска остварила дваесет и шест значајни партии од лирскиот и драмскиот фах. При крајот на својата кариера, таа се занимавала со вокална педагогија.

Најважни улоги

уреди
  • Софи (Вертер, 1954)
  • Марженка (Продадена невеста, 1956)
  • Евридика (Орфеј и Евридика)
  • Неда (Палјачи, 1957)
  • Росина (Севилскиот бербер)
  • Флорами (Мала Флорами, 1957)
  • Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај)
  • Мими (Боеми)
  • Моника (Медиум, 1958)
  • Лиза (Земјата на насмевките, 1962)
  • Микаела (Кармен, 1965)
  • Јана (Гоце)
  • Магда (Пајажина, 1966)
  • Манон Леско (Манон)
  • Маргарета (Фауст, 1967)
  • Ирена (Цар Самоил, 1968)
  • Белинда (Дидона и Енеј, 1971)
  • Дездемона (Отело)
  • Ѓула (Еро од оној свет)
  • Елизабета (Дон Карлос, 1972)
  • Џилда (Риголето)
  • Татјана (Евгениј Онегин)