Милош Биковиќ

српски глумец

Милош Биковиќ (Белград, 13 јануари 1988) е српски филмски, телевизиски и театарски глумец.

Милош Биковиќ
Роден 13 јануари 1988
Белград, СФР Југославија
Националност Србин
Познат по улогата во:
Монтевидео, Бог те видео
Занимање глумец

Животопис

уреди

Милош Биковиќ има 17 години постар брат Михаил, игуман во манастирот Јовања.[1] Кога бил многу млад родителите му се развеле, а татко му се преселил за Германија.[2] Завршил во Четрнаеста белградска гимназија, зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик.[3] Посетувал училиште по глума и зборување „ДАДОВ“. Дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ заедно со Нина Јанковиќ , Јелисавета Орашанин, Тамара Драгичевиќ, Ања Алач. Асистент е на Факултетот за драмски уметности (ФДУ).

Филм и телевизија

уреди

Милош Биковиќ својата прва улога со која остварил малку поголема популарност ја остварил со телевизиската серија Стигаат долари (20042005), каде го играл ликот на Небојша, улогата му донела голема популарност. Поголема популарност стекнал со играње во серијата Бела лаѓа (20062011), а најголема популарност достигнал со главната улога во филмот на Драган Бјелогрлиќ, Монтевидео, Бог те видео. Уште една улога добива во филмот/серијата 'Кад Кога љубовта доцни/Самец во брак', каде глуми заедно со својата тогашна девојка, Бранкица Себастијановиќ. Се прославил и во руската кинематорафија, во филмот Сончаница од режисерот Никита Михалков.

Театар

уреди

Глумел во неколку претстави меѓу кои: „Збогум СФРЈ" во Ателјето 212 ; „Дамата со камелии" во Народниот театар (на Србија) исто така глумел и во „Син ми побавно оди" и „Кога тиквите цветаа" во неговиот матичен театар, Белградскиот драмски театар.

Театарски претстави

уреди

Збогом СФРЈ - Атеље 212

Мој син мало спорије хода - Белградскиот драмски театар

Дама са камелијама - Народниот театар во Белград

Кад су цветале тикве - Белградскиот драмски театар

Приватен Живот

уреди

Милош Биковиќ има делумно македонско потекло. Неговиот дедо е роден во Берово во источна Македонија.

Наводи

уреди
  1. „Милош Биковиќ: Се борам со самиот себе“. story.rs. Архивирано од изворникот на 2013-10-05. Посетено на 2 октомври 2013.
  2. „ТВ лица: Милош Биковиќ“. rts.rs. Посетено на 2 октомври 2013.
  3. „Милош Биковиќ: Оваа слава знае баш не омами“. pulsonline.rs. Посетено на 2 октомври 2013.

Надворешни врски

уреди