Андон Димитров

македонски револуционер

Андон (Антон) Димитров Филахтечевмакедонски револуционер и еден од основачите на Македонската револуционерна организација.

Андон Димитров
Роден јануари 1867
Ајватово, Солунски Ејалет, Османлиска Империја
Починал 13 март 1933(1933-03-13) (возр. 66)
Софија, Царство Бугарија

Животопис

уреди

Потекло и образование

уреди

Андон Димитров е роден во селото Ајватово, тогаш во Османлиското Царство. Во 1889 година завршил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, потоа студирал право на Вишото училиште во Цариград и на Универзитетот во Лиеж (Белгија).

Учител во Солун

уреди

Се вратил во Солун и се вработил во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ како учител по бугарски јазик, а таму предавал во периодт меѓу 1892 - 1897 година, а од 1894 година предавал и во турската гимназија во градот. Автор е на учебници по турски јазик и по географија.

Револуционерна дејност

уреди

Основање на Македонската револуционерна организација

уреди

На 23 октомври 1893 година заедно со докторот Христо Татарчев, Даме Груев, Иван Хаџи Николов, Петар Поп Арсов и Христо Батанџиев ја основа Македонската револуционерна организација

Димитров е член на Централниот комитет од самото нејзино создавање, а во 1896 година е реизбран на Солунскиот конгрес, а оваа должност ја извршувал сè до втората половина на 1897 година, по што заминал за Битола.

Борба против Егзархијата

уреди

Во периодот меѓу (1897–1899) година бил учител во Битолската егзархиска гимназија. Додека работел како учител во Битола наставниот кадар бил поларизиран на две групи: Егзархисти и симпатизери на ТМОРО, Димитров бил раководител на втората група, а активна улога имал и во училишниот бунт од 26 мај 1899 во Битолската гимназија. Повод за бунтот било барањето на професорот по Историја, Цонев:

 
Учители и ученици од Солунската гимназија во учебната 1888-1889 учебна година. Андон Димитров е третиот одзади од лево на десно.
црковните книги да се преведат од црковнословенски на месниот дијалект [1]

Дополнително Цонев побарал македонскиот народен говор да биде воведен во училиштата и црквите на местото на бугарскиот литературен јазик [2]. На ваквиот настап реагирал митрополитот Григориј и следниот Иван Цоков останал без служба.

Оваа случка била повод на 26 мај 1899 година да дојде до бунт во кој предводничка улога имале Андон Димитров и учениците Милан Матов (братот на Христо Матов и Нестор Поповски.

Бунтот довел до целосна блокада на гимазијата и пансионот. Затоа митрополитот Григориј побарал вилаетската полиција да интервенира но до тоа не дошло.

Меѓутоа бидејќи и учителите биле замешани Егзархијата го суспендирала целиот учителски кадар во Битолската гиманзија, а со посебно циркуларно писмо под број 2784 од 24 август (стар стил 1899 година исклучила 18 ученици засекогаш од сите егзархиски училишта.

Подоцнежна просветна дејност

уреди

Во ноември 1903 година станал директор на егзархиските училишта во Прилеп. а во 1904 година бил избран за член-судија на битолскиот апелационен суд. Како таков го заштитувал месното бугарско население (Македонци-егзархисти) [белешка 1] , а неговите колеги Грци и Турци за него истакнале:

справедлив судија, но фанатичен Бугарин [белешка 1] [белешка 2]

Со влегувањето на младите македонски револуционерни сили во Македонската револуционерна организација, Андон Димитров се нашол во втор план но по Младотурската револуција повторно се нашол во виорот на настаните.

Младотурската револуција

уреди
 
Основачки конгрес на СБКК во Солун, септември 1908 г.

Во 1908 година Антон Димитров бил посредник меѓу младотурците и битолскиот четнички раководител на Македонската револуционерна организација, Милан Матов, а со помошта на Димитров се постигнал договор за соработка меѓу двете страни за претстојната револуција.

Политичка дејност

уреди

По Младотурската револуција учествувал во создавањето на Сојуз на бугарските уставни клубови и на основачкиот конгрес бил избран за претседател.

Димитров влегол во младотурската комисија со докторот Ангел Робев и со двајца Срби, Грци, Турци, Власи и Албанци, оваа комисија имала за цел да ги неутрализира недоразбирањата меѓу народностите во Османлиското Царство.

Подоцна бил предложен за сенатор, но поради антикапањата на Панче Дорев не бил избран. Во 1909 година бил назначен за судија во Константинопол.

Во Бугарија

уреди
 
Споменик на основачите на МРО во Скопје.

По завршувањето на Првата балканска војна се вратил во Македонија, но новите српски и грчки власти го проследувал и тајно заминал за Бугарија.

Таму ја помагал дејноста на Сојузот на македонските културно-прсоветни благотворителни братства и како нејзин претставник учествувал во тајните преговори меѓу Бугарија и Османлиското Царство, со цел Македонија да добие автономија.

Меѓу 1915-1918 година работел во бугарското министерство за правосудство, а потоа во Министарството за надворешни работи. Во 1920 година бил избран за претседател на Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија, а по расцепот станал член на новоформираниот Федеративен македонски комитет, но по големите делби во македонското ослободително движење се повлекол од активно учество во него.

Во 1922 година предавал турски во Бугарското трговско училиште во Цариград.

Андон Димитров, страдајќи од тешка болест, се самоубива на 13 март 1933 година во Софија[3][4][5][6][7].

Историски погледи

уреди

Во македонската историографија неговото дело било долго пребегнувано, а и денес книжевноста за неговиот живот е ретка. Меѓутоа македонските историчари почнуваат да ја истакнуваат неговата историска улога за македонскиот народ, а денес е сметан за еден од првите втемелувачи на македонската државност, односно идејата за создавање на самостојна македонска држава.

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и начела како во западноевропските држави. Османските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по народносна основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н нуфуз дефтери во кој биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кој биле под духовна јуриздкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кој биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кој биле нерекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графа како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  2. Грчките националисти и пропагандисти Македонците ги нарекуваат Бугари, Бугарофони или Славофони... Додека пак самите себеси се нарекуваат како „Македономахи“ или „Македонски борци“ (Μακεδονομάχοι) види: Mαρτύρων καί Hρώων αίμα од Јон Драгумис и „Македонската борба (спомени на Германос Каравангелис)“

Извори

уреди
  1. Милан Матов, Спомен за Даме Груев, Даме Груев - живот и дело... I част
  2. С. Димески, Просветната политика на Егзархијата..., 48-49
  3. >Петров, Тодор и Цочо Билярски (съст.). ВМОРО през погледа на нейните основатели. Спомени на Дамян Груев, д-р Христо Татарчев, Иван Хаджиниколов, Антон Димитров и Петър Попарсов. София, Военно издателство, 2002, 212 с.
  4. Пандев, К. и З. Нонева (съст.). Борбите в Македония и Одринско. 1878 - 1912. Спомени. София, Български писател, 1981, 878 с. (с. 100-120).
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 47.
  6. Енциклопедия България, том 2, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 314
  7. Енциклопедия Пирински край, Благоевград, 1995, стр. 272.

Литертаура

уреди
  • Борис Николов, Внатрешна македоно-одринска револуциона организација (војводи и раководители 1893-1934), Софија, 2001.
  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозовски факултет, Скопје, 2003
  • МАКЕДОНСКА АКАДЕМИЈА НА НАУКИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ, МАКЕДОНСКА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА, СКОПЈЕ 2009