Иван Точко
Иван Точко (Охрид, 9 јануари 1914 - Скопје, 12 ноември 1973) — македонски раскажувач, новинар и драмски писател. Еден е од основачите на Друштвото на писателите на Македонија. Литературната активност ја започнал во 1933 година со неговиот прв расказ „Нашиот поет“.[1]
Иван Точко | |
---|---|
Роден/а | 9 јануари 1914![]() |
Починат/а | 12 ноември 1973![]() |
Занимање | Писател |
Се школувал во Охрид и Битола. Завршил Правен факултет во Белград и Театарска академија во Софија.[2]
Беше учесник во НОВ на Македонија. Работеше како новинар во „Нова Македонија“, во Радио Скопје и беше уредник на списанието „Македонија“.
По донесувањето на Резолуцијата на Информбирото е уапсен и испратен на Голи Оток.[3]
Загинал во сообраќајна несреќа, прегазен од автомобил, по излегувањето од автобус.
ТворештвоУреди
- „Бојана“ (раскази, 1953)
- „Акорди“ (раскази, 1956)
- „Прстен“ (раскази, 1959)
- „Раскази“ (1962)
- „Вино за душите“ (новелети, 1968)
- „Премиера“ (раскази, 1970)
- „Грев“ (лирски минијатури, 1971)
- „Плуто“ (драма, 1972)
- „Охридска трилогија“ (три драмски текстови - „Под Акропол“, „Робинка“ и „Плуто“, 1974)
НаводиУреди
- ↑ Средба со Иван Точко
- ↑ Маринела Јовановиќ, Нада Филева „Мал охридски литературно-научен лексикон“, Охрид, 2002.
- ↑ Димче Најчески „Голооточки сведоштва“, Скопје, 2002, книга втора, 136-139 стр.
Оваа биографска статија за за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |