Џуничироо Коизуми (јапонски: 小泉純一郎) (роден на 8 јануари 1942) бил премиер на Јапонија во времетраење од пет и пол години, односно од 2001 до 2006. Тој се смета како реформатор на економијата заостаната од времето на 1990-тите.

Џуничироо Коизуми
Џуничиро Коизуми


87ми, 88ми и 89ти
Премиер на Јапонија
Мандат
26 април 2001 – 26 септември 2006
Претходник Јоширо Мори
Следбеник Шинзоо Абе

Роден 8 јануари 1942
Префектура Канагава, Јапонија
Партија Либерална Демократска Партија
Сопружник Нема (разведен)
Религија Шинто

Како повеќето јапонски политичари, тој доаѓа од семејство со генерации утврдено во парламентот. Но Џуничиро се докажал како многу поспособен политичар од неговиот татко Џуња Коизуми, кој бил генерален директор на јапонската агенција за одбрана, и неговиот дедо Матаџиро Коизуми, кој бил министер за пошти и телекомуникации.