Анабела Атијас или попозната само како Анабела е популарна српска пејачка. Таа ја започна нејзината кариера во 1993 година, како дел од дуо групата Funky G, заедно со нејзиниот сопруг Гаги. На 29 април 2009, тие се разведоа со што Анабела ја напушти групата и започна соло кариера.[1]

Анабела Ѓогани
Анабела Ђогани
Животописни податоци
Познат(а) и какоАнабела Funky G, Ања
Роден(а)26 јануари 1975(1975-01-26)(49 г.)
ПотеклоГоражде, СР Босна и Херцеговина, СФРЈ
ЖанровиПоп, Денс
ЗанимањаПејачка
Период на активност1993 - 2009
како Funky G
2009 - сегашност
како Anabela
ИздавачиCity Records
СоработнициДин, Juice, Врчак, Миа

Животопис

уреди

Анабела е родена во Горажде, Социјалистичка Република Босна и Херцеговина на 26 јануари 1975.[2] Кога имала само три години нејзините родители се развеле. Анабела отишла да живее со нејзиниот татко. Поради нејзиното школување, кога имала тринаесет години, се преселила во Сараево. Кога имала шеснаесет години заминала со нејзиното момче во Швајцарија. Подоцна тој се вратил во посета на Босна и Херцеговина и бил еден од првите жртви во Босно-Херцеговачката војна. Таа немала контакт со ниеден од своите родители, па одлучила да се пресели во Белград каде што работела како секретарка. За првпат го сретнала нејзиниот сега поранешен маж Гаги, кога имала седумнаесет години, а на дваесет години го зела и неговото презиме. Подоцна останала бремена со близнаци, кои ги изгубила. Сега тие имаат 2 ќерки - Луна и Нина. Неколкупати имаше криза во нивниот брак, но во 2009 тие конечно се разведоа.

Кариера

уреди

Во 1993 година, Анабела и Гаги ја започнаа нивната кариера како дел од дуото Funky G. Тие имаа голем успех низ целата поранешна Југославија. Повеќето од нивните песни беа хитови. Тие беа во поп стил со елементи на поп-фолк и денс. Во нивните хитови спаѓаат: „Робиња“, „Ја имам неког“, „Направи се луд“, „У твојим колима“, „Јел ти жао“, „Гад“, „Поново“, „Кафана на балкану“ и други. Во текот на нивната заедничка кариера издадоа дванаесет студиски албуми и 2 компилации со најдобрите хитови. Во 2009 година таа започна соло кариера со песната „Мој драги“. Анабела сними спот за оваа песна заедно со режисерот Дејан Миличевиќ. Видеото е снимено во Маврово, Македонија. Нејзиниот втор сингл е „100 ратова“ кој го испеа заедно со Миа. Во моментов таа е еден од натпреварувачите во шоуто ВИП Големиот брат.

Дискографија

уреди

Песни

уреди
  • „Мој драги“ (2009)
  • „100 ратова“ (2010)
  • „Више нас нема“ (2010)

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
Само у сну 1994
Плакати заувек 1995
Њен град 1995
Твоја љубав 1995
Све што желим 1995
Буди ту 1996
Нечу никог 1996
Суперсоничан је ритам 1998
Дала бих све 1999
Громови 1999
Направичу лом 2001
Играј 2001 CODE
Легенда 2002 CODE
Ја имам неког 2003
У твојим колима 2005 CODE
Шта ти могу 2007
Кафана на балкану 2008
Јел ти жао 2008 DM SAT PRODUCTION VIDEO
Вештица из Србије 2009 Dejan Miličević
Мој драги 2009 Dejan Miličević
Сто ратова 2010 G.Šljivič
Жена ратник 2010 Dejan Miličević
Није до нас 2010 MIRACO Video
Пиче за другаре 2010 DM SAT PRODUCTION VIDEO
Dj пумпај 2011 Vladimir Marković LoOney
Paparazzi 2011 MIRACO Video
Београд 2011 Andrej Ilić
Лутка без руку 2012 Bojan Stoilkovski
Љуби,љуби 2012 MIRACO Video
Лујке моје 2014 Bojan Stoilkovski
Превентива 2015 David Micic
У мраку 2015 DM SAT PRODUCTION VIDEO
Ночна патрола 2015 Bojan Andrejek
Емотивно лабилна 2016 Tropical LifeIsFun
Бидермајер 2016 Stanko Vucicevic
Забрањено 2017 Wave Production
Вила Вештица 2018 SILVER PRODUCTION
Плес са вуковима 2020 TOXIC ENTERTAINMENT
Ја све,ти не 2022 Pedja Radunovic
У јануару 2023 AVTEAM PRODUCTION

Наводи

уреди
  1. „Анабела и Гаги се разведуваат“. SrbijaNet. 6 март 2009. Архивирано од изворникот на 2010-02-06. Посетено на 2010-01-29.
  2. „Биографија и интервју на Анабела“. Yu-Folk. Архивирано од изворникот на 2011-06-24. Посетено на 2010-02-13.