Индира Ганди (19 ноември 1917 - 31 октомври 1984) била индиска премиерка и истакната водачка на Движењето на неврзаните.

Индира Ганди
Ричард Никсон и Индира Ганди
Фероз и Индира Ганди
Индира Ганди и Махатма Ганди

Животопис

уреди

Индира Ганди била ќерка на Камала и на Џавахарлал Нехру (првиот индиски премиер), а нејзиното средно име било Пријадаршини. Иако го имала истото презиме како Махатма Ганди (политичар кој помогнал во остварување на индиската независност), тие не биле роднини. Всушност, таа го добила презимето Ганди од својот маж, Ферозе Ганди за кого се омажила во 1942 година. Со него имала двајца сина: Раџив и Санџај. Во 1949 година, Индира Ганди се вратила во домот на татко ѝ и станала негова „официјална домаќинка“. И Ферозе Ганди се обидел да живее заедно со Нехру, но без успех и подоцна станал остар критичар на Нехруовата влада. Токму Ферозе Ганди го открил скандалот Мундра и така го принудил тогашниот министер за финансии, Т. Т. Кришнамачари, да поднесе оставка. Ферозе умрел од срцев удар во 1960 година, а во тоа време кружеле озборувањата според кои Санџај ја обвинил мајка си за смртта на Ферозе.[1] На 31 октомври 1984 година, била убиена пред својата резиденцијата во Њу Делхи, од двајца припадници на нејзината лична гарда.

Политичка кариера

уреди

Индира Ганди станала премиерка на Индија по смртта на премиерот Шастри во 1966 година и била премиерка сè до поразот во изборите во 1977 година, по што била принуена да поднесе оставка. Меѓутоа во 1980 година, таа триумфално се вратила на чело на Индија. На 25 јуни 1975 година, Индира Ганди прогласила вонредна состојба, како реакција на големите нереди ширум земјата, предизвикани од обвинението за злоупотребата на нејзината службена положба. Имено, на 12 јуни 1975 година, судијата на Вискоиот суд во Алахабад, Мохан Лал Синх, пресудил дека Индира Ганди е виновна по двете точки од обвинението за злоупотреба на службената должност за време на изборната кампања во 1971 година. Наспроти оваа пресуда, Индира Ганди одбила да даде оставка, а подоцна, Врховниот суд донесол одлука дека таа не мора да даде оставка додека не се разгледа нејзиниот приговор, но не смее да гласа, ниту да ја прима премиерската плата. Во меѓувреме, ширум земјата се одвивале големи протести од опозицијата, синдикатите, студентите, а водачите на опозиционата партија Џаната морча ги повикале војската и полицијата да не ги извршуваат наредбите на Индира Ганди. На полноќ, на 25 јуни 1975 година, Ганди прогласила вонредна состојба и ги уапсила политичарите на Џаната морча, вклучително и нејзиниет водачи Морарџи Десај и Џ. П. Нарајан, а потоа започнало масовно апсење на сите нејзини критичари: учители, писатели, новинари, водачи на синдикати итн., проследено со уникување на граѓанските права, цензура на медиумите и заведување полициски час.[2]

Наводи

уреди
  1. Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 658-659.
  2. Salman Ruždi, Deca ponoći. Beograd: Dereta, 2008, стр. 653-656.