Корасон Акино
Марија Корасон Кохуангко Акино, позната како Кори Акино (шпански:María Corazón Cojuangco-Aquino) (родена на 25 јануари 1933 во Паники, Тарлак, Филипини - почина на 1 август 2009 во Макати, Филипини) беше 11. претседател на Филипини (1986-1992) и позната бранителка на демнократијата, мирот, женската еманципација во власта и религиозниот пиетет. Таа беше првата жена претседател во Азија (не сметајќи ја Сун Цинлин, која била в.д. претседател на Кина).
Акино, себеси се сметала за „скромна домаќинка“[1]. Беше мажена за сенаторот Бенињо Акино, кој бил водечка фигура на страна на опозицијата против автократското владеење на Фердинанд Маркос. Откако нејзиниот сопруг бил ѕбиен во атентат, извршен по неговото враќање од прогонство во САД на 21 август 1983, Акино, која немала политичко искуство, станала клучната фигура во обединувањето на опозицијата против претседателот Маркос. Во 1986, Акино се соочила на претседателските избори со претседателот Маркос, на кои Маркос објавил победа. Но поради гласините за изборни неправилности, со мирот по Жолтата револуција, Акино била назначена за претседател.
Наводи
уреди- ↑ Aquino, Corazon. „Corazon Aquino Speaks to Fulbrighters“ Washington, D.C. (1996-10-11). Прегледано на 2008-04-15. </noinclude>
Надворешни врски
уредиВикиизвор има оригинални дела од или за: Корасон Акино |
„Корасон Акино“ на Ризницата ? |
- Official website of Corazon Aquino – maintained by the Benigno S. Aquino, Jr. Foundation
- President Cory's historic speech before the U.S. Congress
- Malacañang Museum Official Biography Архивирано на 23 јануари 2009 г.
- Prayers for Tita Cory[мртва врска]
- Prayers - prayforcory.com Архивирано на 18 декември 2014 г.
- NYTimes obituary