Антонио Каладо
Антонио Каладо (португалски: Antônio Callado) (26 јануари 1917, Нитерои, Бразил - 28 јануари 1997, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател и новинар.
Животопис
уредиИако дипломирал право, Каладо никогаш не се занимавал со таа професија, туку се определил за новинарството. Заедно со бројни други бразилски интелектуалци, во 1960-тите, Каладо ѝ се спротивставил на воената диктатура, поради што во два наврати бил уапсен.[1]
Творештво
уредиКаладо дебитирал во бразилскиот книжевен живот во 1951 година, со неколку драми што биле позитивно оценети од критиката и коишто постигнале успех кај публиката. Неговиот најплоден период бил во текот на 1960-тите и во 1970-тите, кога ги објавил најдобрите романи, меѓу кои и „Години на водство“ и „Кваруп“. За своите дела, Каладо добил бројни награди во Бразил и во странство.[1]