Влатко Грозданоски

Влатко Грозданоски (роден на 30 јануари 1983 во Скопје) — македонски поранешен фудбалер во периодот 1999 до 2017 година. Тој бил член на македонската фудбалска репрезентација.

Влатко Грозданоски
Грозданоски како играч на Персеполис во 2013 година
Лични податоци
Роден на 30 јануари 1983(1983-01-30)(41 г.)
Роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција Среден ред
Младинска кариера
1998–1999 Цементарница
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2003 Цементарница 59 (12)
2003–2004 Вардар 45 (5)
2004–2008 Омонија 71 (9)
2008–2009 Војводина 35 (7)
2009–2010 Лимасол 9 (1)
2010–2011 Дамаш Иранијан 20 (6)
2011–2012 Вардар 10 (1)
2012 Лјаонинг 25 (3)
2013 Персеполис 10 (2)
2013–2017 Вардар 61 (6)
Репрезентација
1999–2000 Македонија под 18 години 2 (0)
2000 Македонија под 19 години 3 (1)
2000–2002 Македонија под 21 година 14 (2)
2001–2011 Македонија 50 (4)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 септември 2013
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 октомври 2011

Клупска кариера уреди

Влатко својата кариера ја започнал во 1999 година играјќи за Цементарница од Скопје. Неговиот прв натпревар за Цементарница во Првата македонска лига го одиграл на 25 март 2000 година кога имал само 17 години. За Цементарница играл во финалето на Купот на Македонија 2001/02 против Победа од Прилеп. Тој бил во екипата на Цементарница 55 до декември 2002, а потоа потпишал за Вардар каде останал 1,5 година. Со Вардар го освоил првенството на Македонија во сезоната 2002/03. За сезоната 2001/02 ја добил Наградата за најдобар млад играч во Македонската прва лига. Во август 2004 потпишал двегодишен договор со најтрофејниот кипарски фудбалски клуб Омонија од Никозија. Со кипарскиот клуб Омонија го освоил Купот на Кипар и Суперкупот во 2005 годна. Влатко бил награден за најдобар млад странски играч во Кипарската прва дивизија за сезоната 2006/07. Во Омонија, Влатко се задржал 3,5 години во кои на 71 натпревар постигнал 9 голови. Во јануари 2008 година, потпишал двегодишен договор за фудбалскиот клуб Војводина. Во првите 6 месеци имал добар настап со постигнување на 6 гола во 13 натпревари. Во Војводина се задржуал 2 години. Во јануари 2010 година потпишал 1,5 годишен договор со кипарскиот фудбалски клуб АЕЛ Лимасол. За АЕЛ дебитирал на 1 март 2010 година на натпреварот против Неа Саламина. Во сезоната 2010/11, тој бил играч на ирански Дамаш Иранијан.[1] Во сезоната 2011/12 се вратил во македонското фудбалско првенство и потпишал едногодишен договор со Вардар со кого ја освоил Првата лига. Во 2012 година, Грозданоски потпишал договор со кинескиот клуб Лјаонинг. Во јануари 2013 година, Грозданоски потпишал за ирански Персеполис.[2]

Репрезентација уреди

За репрезентацијата заиграл уште од 18 години. Тоа било против Оман на 30 декември 2001 година. Првиот гол го дал против Турција во квалификациониот натпревар за Европското првенство 2004 на 12 октомври 2002. Потоа постигнал уште еден гол против Турција во уште еден квалификациски натпревар за истото Европско првенство 2004 на 11 јуни 2003 година, против Естонија во пријателски натпревар на 11 јуни 2004 година и против Луксембург на 20 август 2008 година. Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во октомври 2011 година за време на Квалификациите за Европското првенство 2012 против Словачка.[3] Вкупно за репрезентацијата има одиграно 50 натпревари и има постигнато 4 гола.[4]

Репрезентативни голови уреди

# Датум Место на одржување Противник Резултат по голот Краен резултат Натпреварување
1. 12 октомври 2002 Градски стадион, Скопје, Македонија   Турција 1 – 0 1–2 Квалификации за Европско првенство 2004
2. 11 јуни 2003 Стадион БЈК Инону, Истанбул, Турција   Турција 0 – 1 3–2 Квалификации за Европско првенство 2004
3. 11 јуни 2004 Арена A. Ле Кок, Талин, Естонија   Естонија 2 – 4 2–4 Пријателски натпревар
4. 20 август 2008 Стадион „Жози Бартел“, Луксембург, Луксембург   Луксембург 0 – 2 1–4 Пријателски натпревар

Достигнување и награди уреди

Екипни уреди

Цементарница
Вардар
Омонија
Војводина
Персеполис
Вардар АД

Поединечни уреди

Наводи уреди

  1. „Grozdanoski: Iranian second league is better than Macedonian first league“. Persianleague.com. 12 ноември 2010. Архивирано од изворникот 2016-03-04. Посетено на 10 мај 2023.
  2. „Persepolis signs Macedonian Vlatko Grozdanosk“. Persianleague.com. 21 јануари 2013. Архивирано од изворникот 2016-03-03. Посетено на 10 мај 2023.
  3. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 10 мај 2023.
  4. „Profile at MacedonianFootball.com (in English)“.

Надворешни врски уреди