Јордан Витанов
Јордан Витанов (Велес, 13 јануари 1958) — македонски театарски и филмски глумец и режисер.
Јордан Витанов | ||
![]() | ||
Роден | 13 јануари 1958 Велес, ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Погрешно време Јас сум од Титов Велес Проколнати На Балканот не се пие чај Македонски народни приказни Последниот Македонец | |
Занимање | глумец | |
Деца | Ненад Витанов |
Животопис Уреди
Витанов е роден на 13 јануари 1958 година во Велес[1]. Живее и работи во Велес, а по родителите води потекло од велешките села Грнчиште каде особено ја помогнал обновата на селската црква[2] и Горно Чичево. Дипломирал на отсекот за глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1986 година. Од 1987 год. е член на Народниот театар „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ во Велес[1], каде во два мандата (1999-2002 и од 2006-2017) е и директор на истиот[3]. Покрај во театарот, остварил улоги и во повеќе играни филмови и телевизиски серии.
Од многуте забележителни остварувања посебно треба да се истакнат улогите на Содо Арамијата во претставата ,,Крчма на патот за Јевропа,, од Жанина Мирчевска, во режија на Коле Ангеловски. За оваа улога Јордан Витанов ја добива наградата за најдобра машка улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е на награда за најдобра машка улога на Меѓународниот театарски фестивал ,,Боспорски Агони,, во Керч, Украина, за улогата на Филоктет во истоимената претстава, во режија на Мето Јовановски. Јордан Витанов е добитник и на Деветоноемвриска награда на градот Велес. Покрај на матичната сцена, остварува и повеќе ангажмани во други театарски куќи низ државата[4].
Филмографија Уреди
Година | Филм | Улога |
1986. | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1991. | Македонија може ТВ-филм | |
1993. | Еурека ТВ-серија | |
1994. | Пред дождот ТВ-филм | Полицаец |
1994. | Проколнати ТВ-филм | Војвода |
1995. | Заборавени ТВ-филм | Калуѓерот |
1998. | На Балканот не се пие чај ТВ-филм | |
2000. | Погрешно време ТВ-серија | Блаже |
2001. | Прашина ТВ-филм | |
2003. | Последниот фалцер ТВ-филм | Абдула |
2004. | Големата вода ТВ-филм | |
2005. | Крчма на патот кон Европа ТВ-филм | |
2006. | Мост ТВ-филм | Огнен |
2007. | Јас сум од Титов Велес ТВ-филм | |
2007. | Елегија за тебе ТВ-филм | Бане |
2007. | Цимери ТВ-серија | |
2010-2013. | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2013-2014. | Тврдокорни ТВ-серија | Јанаки |
2014. | До балчак ТВ-филм | Трговец |
2014-2015. | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2015. | Последниот Македонец ТВ-филм | Вангел |
2018. | Ругање со Христос ТВ-филм | Генерал |
2021-2023 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2022 | Куќен притвор ТВ-серија | Војник 1 |
2022-2023 | Бистра вода ТВ-серија | Академикот |
Награди и признанија Уреди
- Награда за најдобра машка улога на "Театарскиот фестивал" Војдан Чернодрински во Прилеп за улогата на "Содо" арамијата во претставата "Крчма на патот за Европа"
- Добитник на наградата за најдобра машка улога на "Меѓународниот театарски фестивал" "Боспорски Агони" во Керч Украина
- Награда "9-ноември" на градот Велес.
- Награда "Петре Прличко"
Наводи Уреди
- ↑ 1,0 1,1 Стефановски, Ристо (2009). Блаже Ристовски (уред.). Македонска енциклопедија. 1. Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-023-4.
- ↑ Според кажување на мештани. Забележали Марио Шаревски, Тони Ристовски, Ѕвонко Петровски на 8 декември 2015
- ↑ „Јордан Витанов - нов директор“. Вечер. 20 декември 2006. Посетено на 23 ноември 2009.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-04. Посетено на 2011-08-12.
Надворешни врски Уреди
- Јордан Витанов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
„Јордан Витанов“ на Ризницата ? |