Хаити или Аити (француски: Haïti, хаитски креолски: Ayiti), официјално Република Хаити (République d'Haïti, Repiblik Ayiti) — независна држава на Карпските Острови. Заедно со Доминиканската Република, Хаити го зазема островот Хиспаниола, односно Хаити го зазема западниот, додека Доминиканската Република источниот. Имети „Аити“ или земја на високи планини била земја на староседелскиот народ Таинци и тоа име потекнува од нив, термин кој го користеле за западниот дел на островот. Највисока точка на островот е Пик ла Сел со 2680 метри надморска височина. Вкупната површина на Хаити е 27.750 км2 со главен град Порт о Пренс.

Република Хаити
République d'Haïti
Repiblik Ayiti
Знаме Грб
Гесло,,L'Union Fait La Force"  (француски)

,,Сила преку единство"
Химна,,La Dessalinienne
Местоположба на Хаити
Главен градПорт о Пренс
18°32′N 72°20′W / 18.533° СГШ; 72.333° ЗГД / 18.533; -72.333
Најголем град главниот град
Службен јазик хаитски креолски, француски
Народности  95.0% црнци, 5% мулати и бели[1]
Демоним Хаиќани

(Хаиќанец/Хаиќанка)

Уредување Парламентарна република Под Анархија
 •  Претседател нема
 •  Премиер нема
Создавање
 •  како Сан Демоник 1697 
 •  Независност од Франција
1 јануари 1804 
 •  Анархија од 7 Јули 2021 
Површина
 •  Вкупна 27,751 км2 (140-та)
 •  Вода (%) 0.7
Население
 •  проценка за 2024 г. 12,876,000 
 •  Густина 361.5 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен $21.4 милијарди 
 •  По жител $1,667 
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $12.2 Милијарди 
 •  По жител $923 
Џиниев коеф. (2012)41.1[2]
среден
ИЧР (2024) 0.496[3]
низок
Валута гурди (HTG)
Часовен појас (UTC-5)
Се вози на десно
НДД .ht
Повик. бр. 509

Историјата, географската положба и етнолингвистичката местоположба на Хаити е уникатна за неколку работи. Хаити е првата независна држава во Латинска Америка, прва независна пост-колонијална држава во мнозинско црно население во светот и единствена држава која својата независност ја стекнала преку успешна буна на робови. Иако има многу добри односи со останатите шпанско-говорни држави, Хаити е единствената независна држава во Карипското Море каде се зборува францускиот и една од двете држави во Америка каде францускиот е службен јазик, покрај Канада.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Аити.

Аити се наоѓа во Средна Америка, на источниот дел од островот Хиспаниола. Хаити е трета најголема држаба во Карипското Море, веднаш зад Куба и Доминиканска Република. Исто така, Хаити го има вториот најдолг брег во Карибите, веднаш зад Куба. Западно од Хаити се наоѓа Куба, додека на исток граничи со Доминиканска Република.

Вкупната површина на Хаити е 27,751 км2, нешто малку поголема од Македонија. Вкупното население на Хаити изнесува 9.035.536 жители и главен град е Порт о Пренс.

Политички систем

уреди

Хаити е полупретседателска република со повеќепартиски систем. На чело на државата се наоѓа претседателот кој е избран на претседателски избори. Премиерот на Хаити е шеф на владата и е назначен од претседателот. Извршната власт е во рацете на претседателот и премиерот т.е. владата. Законодавната власт во Хаити е во рацете на владата и дводомниот парламент на Аити.

Стопанство

уреди
 
Хаитска населба.

Според сите економски мерења, Хаити е најсиромашната држава во Америка. Номиналниот БНП во 2007 бил 7.018 милијарди долари со БНП по глава на жител од 790 долари.

Хаити е и една од најсиромашните држави и најслабо развиени во светот. Според сите статистики, Хаити е зад останати слабо развиени држави уште од 1980-те години. Според Индексот на човековиот развој, Хаити е 149 држава од вкупно 182. Околу 80% од населението живее во сиромаштија. Повеќето од Хаиќаните живеат со 2 долари на ден.

Административна поделба

уреди

Хаити е поделен на департмани. Во државата има 10 департмани. Подолу следува список на департманите со главните градови.

 
Департмани на Хаити.
  1. Артибонит (Гонаив)
  2. Централен (Инше)
  3. Гранданс (Жереми)
  4. Нип (Мирагоан)
  5. Северен (Кап Аитјен)
  6. Североисточен (Форт Либерте)
  7. Северозапдаден (Порт де Пе)
  8. Западен (Порт о Пренс)
  9. Југоисточен (Жакмел)
  10. Јужен (Ле Кај)

Департманите понатаму се поделени на 41 округ и 133 општини кои се второстепена и третостепена административна поделба.

Население, јазик и религија

уреди
 
Хаитски пејач.
 
Катедралата во Порт о Пренс.

Население

уреди

Иако просечната густина на население на Хаити е околу 360 луѓе на километар квадратен, населението е воглавно сконцентрирано во урбаните населби, крајбрежните градови и во долините. Според ООН во 2008 година, Хаити имало 9,8 милиони луѓе[4] каде половина од населението се под 20 години.[5] Првиот формален попис во државата се одржал во 1950 година кога населението броело 3,1 милиони жители.[6] Хаити има наголем природен пораст во западната полутопка.[7]

90–95% од Хаиќаните сè до африканско потекло, додека останатите 5 - 10 % се мешани. Мал процент на бели луѓе се со, воглавно, арапско[8] германско, француско, полско, шпанско и еврејско потекло.[9][10]

Јазици

уреди

Еден од двата службени јазици е францускиот, кој воедно е и прв јазик кој се зборува, пишува и се користи во администрацијата. Овој јазик се зборува од сите образовани Хаиќани и се користи во бизнис секторот. Вториот службен јазик е хаитскиот креолски јазик кој е скоро стандардизиран[11]. Овој јазик се зборува од сите луѓе во Хаити и е креолски јазик заснован на францускиот со африканско влијание. Овој креолски јазик е сличен со луизијанскиот крелски јазик. Исто така се зборува и шпанскиот јазик, иако не е службен.

Религија

уреди

Хаити е христијанска земја, каде католицизмот е застапен со околу 80%. Протестантите сочинуваат околу 16% од населението. Хаитски вуду е уникатна религија за земјата која се практикува од голем дел од населението, но не се познати точни бројки.

  • Христијани - 8,681,310
  • Без Религија - 1,058,940
  • Народна Религија - 219,780
  • Други - 29,970
Верници во Хаити
Христијани
  
86,90 %
Без Религија
  
10,60 %
Народна Религија
  
2,20 %
Други
  
0,30 %

Култура

уреди
 
Хаитски тап тап автобус.

Хаити има долга историја и како резултат на тоа има богата култура. Хаитската култура е мешавина на елементи од француската, африканската, таинската и делови од шпанската култура. Во општествениот живот на Хаити најдоминанти се европската и африканската култура. Во светот хаитската култура е позната по уметноста и специфичниот сил на сликање и скулптура.

Музиката во Хаити е под силно влијание на европската, но и од африканската традиционална музика. За време на колонизацијата, француските музички елементи биле доминантни, но се забележува и влијание од шпанската поради близината на околните шпански говорни држави.

Хаити како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Хаити“ (Haiti) — песна на групата Arcade Fire од 2004 година.[12]
  • „Хаити“ (Haiti) — песна на британската музичка група Кабаре Волтер (Cabaret Voltaire) од 1983 година.[13]

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Земјотресот во Хаити
Влада
Историја
Кино
Општо
Новинарство

Наводи

уреди
  1. „CIA – The World Factbook – Haiti“. US Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2016-01-31. Посетено на 2010-01-13.
  2. „Gini Index“. The World Bank. Посетено на 21 November 2015.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
  4. "Country profile: Haiti". BBC News. 10 ноември 2008.
  5. "New Haiti Census Shows Drastic Lack of Jobs, Education, Maternal Health Services Архивирано на 14 мај 2013 г.". United Nations Population Fund (UNFPA).
  6. "Haiti - Population". Library of Congress Country Studies.
  7. "Reaching Out to a Devastated Haiti". The New York Times. 14 јануари 2010.
  8. "The Upper Class". Library of Congress Country Studies.
  9. Joshua Project. „Aimaq, Firozkohi of Afghanistan Ethnic People Profile“. Joshua Project. Посетено на 2010-01-14.
  10. „The Virtual Jewish History Tour: Haiti“. Jewishvirtuallibrary.org. Посетено на 2010-01-14.
  11. „creolenationallanguageofhaiti“. Indiana.edu. Архивирано од изворникот на 2015-07-13. Посетено на 2010-01-14.
  12. YouTube, The Arcade Fire - Haiti (Lyrics On Screen) (пристапено на 21.12.2016)
  13. Discogs, Cabaret Voltaire – The Crackdown (пристапено на 17.4.2022)