Ордан Петлевски

(Пренасочено од Ордан Петлески)

Ордан Петлевски (Прилеп, 24 август 1930 - Загреб, 22 јануари 1997), македонски сликар. Една од клучните фигури на современата македонска и хрватска ликовна уметност.

По дипломирањето на Академијата за применета уметност во Загреб во 1955 година живеел во Хрватска. Бил еден од иницијаторите за основање на Музејот на современа уметност во Скопје во 1963 година.

Контекстуалните рамки на сликарството на Петлевски се движат од фантастиката и надреализмот до енформелот и сликарството на материја, типично со биоморфни облици на монохроматска позадина. Иако средишниот дел од творештвото на Петлевски се поврзува со енформелот, како доминантен правец во апстракцијата од 60-те години на XX век, кај Петлевски секогаш станува збор за уникатен јазик и за „превладување на енформелот“.[1] Негова ќерка е познатата хрватска писателка Сибила Петлевски.[2]

Наводи

уреди
  1. Ž. Koščević: Retrospektivna izložba Petlevski: 1930-1997, . Galerija Klovićevi dvori, Zagreb, 1999, стр.21
  2. „Не пуштам злото да помине преку мојата врата!“. Нова Македонија. 24 февруари 2011. Посетено на 2011-02-24.[мртва врска]

Надворешни врски

уреди